Од понеделник треба да одиме за прва вакцина, но многу има заболени од грип, па си велам да почекаме недела две дури се смири малку ситуација, фала Богу нема морбили до сега во моето градче, но сепак се заплашив Сакав да прашам дали сте правеле крвна слика за првата вакцина? Нас матичната ни рече дека не треба
Ние не правевме кс, досега два пати го носев на вакцина. А зошто вие дури сега за првата ќе го носите? БСГ нели се прима во рок од еден месец по раѓање? Нас во диспанзер ни рекоа кога ќе одиме за следна вакцина, да однесеме кс поради систематски преглед на бебето што ќе му прават. Да прашам нешто, од што може да биде слузава каката на бебо? Синоќа имаше помалку, сега гледам повеќе, како шлајм се развлекуваше. Му хрчи уште носето, ама кога влечам со пумпица вадам само бели, млечни мрсули по еден/два дневно. Уште кива 5/6 пати дневно, ама си мислам нормално е? Не му тече носето инаку, нема секрет. Баш ме загрижи сега каката... Некоја со искуство?
Бсг уште на болница му ставија кога се роди, сега на 2 месеци треба Дтп ако не грешам со имево на вакцинава. И моето кива секој ден по 5-6 пати сигурно исто има такви мрсули.
Аха, епа таман сте тогаш Ме збуни дека на моево БсГ не ја ставија во болница, па таа ја сметам за прва вакцина. Ние вчера ја ставивме шестовалентната, ДТПР со уште некои други, досега нема реакција, се надевам со лесно ќе помине
И нас за првата (дтпр) ни рече матичната не треба, ама кога отидовме да ја вакцинираме бебка, докторката побара. Тогаш рече, за понатамошните вакцини нема да треба, ама за првата мора. Па ја боцнаа таму, за 5 мин имавме резултати и си прими вакцина. Мада јас пред секоја вакцина си правам кс, помирна сум така. Инаку, во Идадија се вакцинираме, ако ти игра улога @happygirl тоа е од плунката што ја голта. Нормално е, не се плаши. Имаше и кај мојава така кога беше мала, па прашав тогаш педијатар и ова ми го кажа Штом не му тече носе и си е ок, не е шлајм, нема од каде.
И звонев сега на педијатарот, ми рече да земам пробиотик Линекс капки, и да дадам цело шишенце, дека и онака е добро да прима пробиотик. Си мислам да не му се измрзнати цревата па затоа ова сега? Обично кака по 2/3 пати на ден, а од викендот навака се случи два дена да кака по 5/6 пати, ама немаше слуз тогаш. Вчера кога се искака 2 пати, му замириса прв пат, инаку нема мирис. Да ставам топло на мешето, термофор? И да давам пробиотик?
@happygirl јас до година давав пробиотик, секој ден, по совет на педијатар. Биогаја давав јас, ама дај му, нема штета од тоа секако, само корист. Нема врска какањето мислам, бебето е мало, а малите често какаат. Мојата беше и си остана какачка И ден денес на скоро 13 месеци кака по 3 пати дневно. Пробиотикот ќе ја среди столицата секако. За слузот, од плунка е, не се грижи, не е болен бебуш Стави и термофор ако мислиш дека ќе му дојде добро од тоа
И ние требаше да ја примиме неделава таа шестовалентна вакцина, првата на 2 месеци, ама искрено ја откажав. Доктор педијатар, пријател на свекрва ми, ми рече да почекам, да наполни 4 месеци па да ја прими. Него, сакав да прашам, има некоја мајка што вакцинирала до сега во Грција?
Majka moj predlog e krvna slika da napravite sekako. Moeto nemase nisto ama na krvna slika mu pojavi slabo zelezo. Doktorkata odbi da go vakcinira so zelezo ispod 10. Taka da ja popravivme krvnata slika pa za 3 nedeli ja primi. Inaku mu ja docnev sekako.
Мамички искуства за чајот на Бекутан од анасон, по колку мл давате, колку пати на ден и на која возраст на бебче? Штетно ли е доколку се премине дневната доза или истата се подели на неколку пати, и нормално ли е беба после чајчето одма да заспива?
Jas davam dva pati na den, ama ne sekoj den, po 50ml. Tri meseci sme. Mnogu saka cajce. Normalno e da zaspiva, se zasituva.
По колку чајче ставаш на 50 мл, прописно пола лажица или? Само тоа ја спасува од грчевите, 19 дена сме стари..
Јас така го правев ма почеток пола лаж во 50мл, сега по 1 лажиче во 100мл, но моето не го сака и како што ги правам така го турам, 2 месеци сме.
Жени најдобронанерно.. Не давајте Бекутан ствара завис. А и преполн е со шеќери. На дргарка ми синчето 1 и пол, не можи да живее без чајот. Вода не пие, ама Бекутан пие. Исто комшикта ми кажа за неколку случаеви дека бебињата се зависни од чајот, она во апрека работи, и родителите и кажувале. Сменете го со друг.