Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.128
    Допаѓања:
    78.092
    Пол:
    Женски
    Мојава.. затоа немавме успешно доење :( Секој подој ми беше пекол, фати пушти фати пушти плачеше преташе врискаше заоѓаше... ние од втор месец со ад почнавме и иста песна и од шише беше, фати повлечи пушти плачи, како да не сакаше воопшто млеко. Си се мачев со доење до 5м и тогаш веќе се откажав... почна после и дохрана со каши (кои наспроти млекото ги обожаваше), па еве ја до ден денес не сака баш млеко, ама затоа кркач невиден е. Твојата знам одлично напредуваше така? Носи ја на мерење најдобро ке знаеш така... Истото скроз го преживував со тоа што и сама бев со двајцата цел ден... и се каам што не барав повеќе помош.
     
    На PeachGirl, Seduction и mal.ecka им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.070
    Пол:
    Женски
    Мене си ме читала :)
    Му ставав термофор на мешето, почнав да давам Линекс капки, и не се повтори досега лигавиот измет. Бидејќи нема мрсули, си мислев да не му се измрзнати цревата. А може да било и плунка, така ми кажаа и тука, и во аптека. Педијатарот рече ништо страшно не е.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Може да е плунка се лигави до земја. Вака весела си е и не ми личи настината. Со пумпица само по 2 мрсулчиња млечни вадам. Ај вечер и јас термофорче ќе и ставам и ќе почнам пак био гаја да и давам. :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.070
    Пол:
    Женски
    Исто и јас со мрсулчињата, само млечни ако извадам со пумпицата. Пробиотик било добро да се дава цело време, ама матичната ми рече не Био Гаја бидејќи содржела исто што и мајчиното млеко, и нема потреба два пати истото да го прима бебо (од кое едното е вештачко-капките).
    Ако сте на доење, подобро земи друг пробиотик. Тоа беше нејзиниот совет.
     
  5. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Затоа и ги прекинав. Немаше никаков бенефит од нив. Почнав едно време провен да давам ама матичната ми рече само био гаја или никакви. На крај престанав да давам само да не трујам дете со вештачки хемикалии и ете така дома ми стојат и двата пробиотици.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Бебе мое е подобро откако давам Линекс капки.
     
    На Sexybaby86, Milaаа991 и happygirl им се допаѓа ова.
  7. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Еве не нас вакцинирани со втора вакцина, се надевам ке ја поминеме без плачки и температура. Позз мамички
     
    На Milaаа991, Ѕвездички, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.609
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш тежини од родилна, до испуштање од болница, и педијатарските контроли. Пелени пиша дека сега се суви - дали се секогаш суви.
    Столица дали е редовна.
    Често барање за доење не секогаш е резултат на глад. Некогаш е резултат на скок, некогаш на корекција на количината. Дали додека цица слушаш дека голта. Дали добива вода, чај, АД...
     
  9. Ѕвездички

    Ѕвездички Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    2.896
    Пол:
    Женски
    Никако не успевам да ја свртам на страна да спие, веднаш се буди, плаче.. и пак е на грб. Како им ги вртите главите настрана? Моево си ја сплеска главата од позади ;(
    Има 8недели
    Дали некоја користела перниче како со отвор во средина, сум ги видела во лококроко, но не знам дали се корисни
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.204
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто се оптеретуваш. Бебе спие како што му е удобно, неможеш ти да го контролираш спиењето. Формата на главчето ќе си се среди со тек на време.
    Мојава на пример почна да спие на страна од 5 месеци, има нормална форма на главата.
     
    На duffi, karak, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    2.252
    Ќе се врти како што и е згодно, но има и перничиња за оваа намена кои спречуваат да се сплеска главчето.
     
  12. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    @mariz Исто исто.. само што мојата знам дека сака да јаде, и ја ставам цуцлата ја тегне со сета сила, ја ставам градата и почнува да пишти, прета, да се тегне.. потполно исто и со шишето дури и бетер. Нервозно ќе почица 2-3 пати и ќе почне да плаче како некој да ја коли..

    @Kaetana Првиот месец и давав малку дохрана и напредна многу..
    Родена е 3350гр. не испишаа со 3140гр.
    На 1 месец и 4 дена 4680гр.
    На 2 месеци и 2 недели 6150гр.
    На 3 месеци и 11 дена 6700гр.

    Веќе повеќе од 1 недела кога и ја менам пелената ( на мин. 3-4 часа) и ја наоѓам на пола празна.
    Вода, чај , ад не пие пошто неможе ни да фати шише да пие, а сакам некогаш малку чајче да и понудам, барем 30мл да попие.
    Скок имавме и се манифестираше со тешко заспивање и презаспивање во ноќта, ова со јадењето е вака уште од први месец, само што тогаш полесно го прифаќаше шишето, а сега невозможна мисија.
    Неможам ни до лекар да отидам.. Се измолзав еднаш и излегов кога се вратив млекото си стоеше цело а она прегладнета.. мајка ми никако не успеала да ја нахрани :( Стварно не ми е јасно што се случува, зошто е ваква, има ли надеж да смени..
    Некогаш кога е полу заспана се слуша кога голта но брзо заспива, а се останато е цицање со плачки и незнам ни дали ни колку внесува.
     
  13. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.070
    Пол:
    Женски
    Моево е 2+, уште од почеток како го ставам на грб да спие/лежи и само си ја врти главата на десна страна. Скоро цело време е на таа страна, ретко на левата :)
    Дури и десното увце си го подвитка дека му е многу меко, што е нон стоп свртен на десно.
     
  14. Sandrin4

    Sandrin4 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.198
    Пол:
    Женски
    Пробај со white noise звуци на јутуб. Моево со то заспиваше, а за цицање менувај пози, пробај да бидеш смирена. Верувам дека ти е тешко и исцрпена си. Ако дозволува времето извади го бебе на воздух.
     
  15. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Се ми е пробано, и сите пози на доење и на тивко и на темно и white noise испробавно 100 пати најмалку.. значи нас со ништо не ни успева. Едноставно таква е , незнам што друго да кажам. Мислам дека никогаш нема да го прифати шишето.. барем да гледав колку давам...
     
  16. CatL4dy

    CatL4dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Во врска со заспивањето кај нас помага аспиратор:$(оној во кујна) , сите ми се чудат, ама дете се комира кога ќе го пуштам, да не беше тој не знам како ќе го успиев(пробај и со фен и правосмукалка). И јас очајна кога бев што све не пробав, аспираторот само долго да ме служи.. и убаво ти кажале, штом е времето поубаво изнеси го надвор, убаво ќе му дојде. Гушкајте се :hug:
     
  17. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    Немаме ние проблем со спиење, само со цицање. Секакви звуци сум пуштала не е ни до тоа.
    Инаку убавото време на сите ни годи, ама проблемот си стои.. сепак фала мајка.
     
    На CatL4dy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    2.252
    Да не и пречи некој мирис,стик ако користиш... Пробај заспиена да ја доиш па и да се разбуди... Читај советнички за доење,на пример на српскиот сајт superbeba можеби ќе најдеш некој совет
     
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    @Seduction мора консултација со стручно лице, сепак не е за занемарување што не цица бебе и полусуви пеленки има. Јас сум секогаш за доење, и ти, и сите мајки нели, но ако не бива, не може по секоја цена да форсираме, сепак најбитно е бебе да не е гладно. Мислам дека сега е клучно да се учи од шише полека да пие (давај твое измолзено млеко, вода, чајче). Ќе се бунтува, ама мора упорност, ќе се научи.
    Сепак, совет од педијатар, советник за доење е неопходен. Ти посакувам среќа :hug:
     
    На duffi и happygirl им се допаѓа ова.
  20. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Како знаете дека бебе доенче има пролив?