И мене ме интересира тоа, бидејќи моето по 6-7 пати кака во денот и нормално е течно како би знаеле дека се работи за пролив?
@Grungie не верувам дека некој мирис и смета.. пробувам и полузаспана ама не сака да цица, заспива. @Sexybaby86 Овој проблем го споделувам веќе со 3 педијатри и никој не ме сфаќа сериозно, демек има и плачки бебиња и толку. Искрено незнам што да правам, толку многу се насекирав што само таму ми се мислите. Се молзам, нудам... денес купив 2 различни шишиња од тоа што го имав и пак е исто. Незнам кој би можел да е проблемот, ја гледам во уста се си е ок, незнам стварно зошто толку многу да плаче. Душа ми се кине што неможам да и помогнам.
Да не и има фатено белко на јазичето и внатре на жлебините и устенцата, знам дека јатрва ми ми кажуваше дека ќерка и од тоа не сакала да цица,кога и го исчистиле потоа нормално си цицала.
Јас земав линекс пробиотик ама матичната ми рече не се за бебе од два месеци и ми стојат така а фрлив упатство, дали случајно го чуваш и дали ти е тој пробиотик по препорака на доктор, да знам дали да и давам или не?
Педијатарот ни ги препорача уште од 15 дена но кас читав дека биогајаѕа биле најдобри и нив го користев,сега ги сменив по препорака од аптекарката.
Досега овој напредок е само од доење? Со исклучок на првиот месец што пиша и малку дохрана дека си комбинирала. Што е разликата во однесувањето? Прво сфатив дека е од сега, а после дека е секогаш така мачно. Затоа што што и да сте имале во претходните месеци, без разлика колку плаче и колку е нервозна и дали спие или не, напредокот е одличен и ако била само на доење млекото не е проблем. Она што сега го доживувате е најверојатно скокот на 3 месеци. Ова однесување во скокот не би требало да трае повеќе. Полупразни пелени не е исто со суви. Колку подои имате сега и што е различно од претходниот месец... ? Форсирање на шише кај доено бебе - особено кај бебе што си има фат и е сѐ во ред, не е многу препорачливо. А и не ретко е неуспешно.
Devojki mi se namaluva mlekovo eve dva dena grdive mi se meki i nenmam kako sto imav mn mn beba od fcera ima gabicki belo i e jasiceto stavaame niststin kapki ama ao mlekovo nz sto e sovet
Како го чистиш? На Фб побарај ја Анастазија Терзиева Илиева, или Даница Ивановска Лепојевиќ. Двете се советнички за доење. Те молам разговарај со нив, мислам дека ќе ти помогнат.
Сода макце растварав во вода млака и топев газа, ставав на прст и дирекно на јазик нежно тријав. Нистатин прво ми кажа патронажната ама не ни помогна.
Јас првин со Боракс глицерин, па после со сода на газа, ама тоа не му помогна ич. На крај давав капки Нистатин и му помина од нив, по препорака на патронажната и педијатарот.
Уште од првиот месец не цица спокојно, кажав неколку пати, нашето доење не е нормално. Она се тегне, мава со раце со нозе, плаче, вришти , а јас ја клатам и шетам ко луда за да она на било кој начин внесе млеко пошо друг начин нема. Нема ништо поразлично од претходниот месец и тогаш беше иста, но не се издржува ваквото "доење"
Мојот е 4,5 ,веќе недела дена истово ми.го прави, мава по градите, се тегне, прета, плаче, нема ноќ.он да не е на цице, значи цела ноќ.дреме на цицка, јас мислам дека е скок но ќе видиме како ќе биде. Трпение мајка...
Мајка јака ти душа на упорноста ,алал да ти е колку и да ти е напорно , толку сила имаш и не се откажуваш , некоја членла ти спомна за со лажиче , мислам @eli25 ја читав мака мачеше со Ад да и прифате , и само така успеа , пробај и ти така ( може и си пробала веќе ,извини не сум прочитала ) ама и за тоа треба време , ќе почни да прифаќа неможи гладно да седе , а доењето полека нека прекине , тешка одлука е ама тебе и на неа ви треба и мир а ова само стрес ви носе ,а тука е и другото детенце потребна си му и на него сталожена ,издржи пробувај со Ад од утре свикнувај а некако ќе прифати мала е ќе го засака , верувај ајде уште еден месец ипол нека помине 4.5-5м ќе а почниш и со вкусови и ќе помине се ова, колку и да изгледа сега невозможно и нерешливо .