А црвенилото на лицето може да е од млеко или од млечни производи? Дека на моево му се појавија пред 2-3 недели, ништо не ставам освен СОС спреј на Биодерма. Млеко конзумирам од сам старт. Чудно е кога спие како воопшто да нема ништо. Матичната пак ништо специјално не ни даде, рече само од себе ке помине. Вчера на фб случајно ми излезе пост во мајки и деца многу пишуваа дека им поминало од кремата од Скендер, а и од други слушав за неа, ама ете мене страв ми е да ја земам и да ја ставам
Има црвенило и црвенило. Следи ситуација, ако се влошува, може да ја земеш кремата, ама подобро кожен лекар да го види. Иначе кремот од Скендер помогна кај моево само првиот пат, наредните пати кога се појавуваше не беше воопшто ефикасен.
Мора да види дерматолог, па да каже од што е црвенилото, може да е и од плунка, заби, топлина, нервоза. Дерматит е како суво црвено, како лишаи, види на нет. Нас сеуште ни помага Скендер за дерматитот, не изгубил од дејство, но не ни мачкам често бидејќи нема потреба, горе-долу го ставив под контрола.
Тоа е, видов на интернет. Сеуште ни е блага фаза да не подречам од тоа што читав. Ке пробам да сменам и храна да видам дали ке му помогне.
Пишав и погоре мислам, на моето му помогнаа Нистатин капки, на 8 саати мислам дека се даваат. И не, не ставам широк повој
@Dina911, @lackygirl како се вашите бебиња периодов? Ги фати ли вториот скок? Моево цела недела е кенкаво, нерасположено. Неколку вечери по ред не можеме никако да го смириме со мм од плачење, сега вриштеше 2 саати без престан. И послабо цица, 2-3 минути и почнува да вреска. Не знам дали е гладен, го ставам на секој саат на града ама не цица како претходно. Додуша не ни знам веќе дали имаше нормален, мирен подој ова мое бебе. Од старт тешко ни оди со доењето. Сите велат утеха бараат во градата, а мене ми се чини дека моево бега од неа цело време. Се е со молење, со тегнење, со борење. И пелените не ги мочка како претходно, полупразни му ги менувам. Немоќна сум, не знам што правам погрешно. Градите ми се спласнати преку ден, ама мислам дека имам млеко, само тој не влече, не цица. Сега едвај измолзив со рачна пумпа 50мл, ќе му ги дадам од шише, белки ќе ги испие. На почетокот молзев и по 120мл, сега едноставно толку само успеав. Дали тоа значи дека ми е намалено млекото? Не знам што да правам веќе, очајна сум
Јас ги давав кога моево имаше 1 недела, веднаш му се направи соор уште в болница. Давав по препорака на 2 педијатри и патронажната.
@happygirl јас ја имам апликацијата и по неа периодов е за скок. Јас моево да не го подречам сега за сега е добар. Си цица, не плаче многу, синока прва вечер така почесто се будеше, ама заспиваше. Многу се смее, гука, интересен е сега сите сме околу него. Посакувам побрзо да ви заврши овој период
Kolkavi se vasite malecki? Koga e vtoriot skok?I moevo place poveke navecer pa vikam pokraj grcevite da ne mu e i skok vo razvoj
Fala ti, znaci tocna mi bila pretpostavkata, 9 nedeli e sto znaci i grcevi i skok mu e zatoa epten placko denovive, ajde samo brzo neka pomine
Носето комплетно и се затнува од нигде никаде два пати на ден. Толку тешко диши како течност да крева нагоре надоле. Нема ништо за вадење не е секрет. И ставам капки за нос. И и се отнува. Ама не може вечно капки. Како да го решам проблемот?
Апликацијата за скокови, и обележаните скокови се за бебе родено баш на терминот. За порано/покасно родените се поместуваат неделите.
Во апликацијата пишува да се внесе терминот, без разлика кога се родило бебето и по тоа се водат скоковите. Има убаво објаснето зошто е така.
Женски дали некој користел Октанисепт за мозолчиња на бебче, имало ли резултат и дали знаете колку чини во аптека? Фала ви
Во систина користат Октанисепт спреј за чистење на папочето. Се мислев да го земам тогаш, ама околу 300-350 ден. е, па викам алкохол ми е поисплатливо. Не знам дали прашуваш за спреј и дали воопшто ти помогнав.
Да не ви е сув воздухот дома? Јас пред спиење на моето еден период му шприцав физиолошки и не се затнуваше. Капките не се решение. Нив 5 дена максимум можеш да ги користиш. Консултирај педијатар најдобро .