Даа, таму и ми го препорачаа, за мозолчиња на лицето ама не бев сигурна дали е добро или да пробаме со нешто друго. Фала ти на одговорот
Јас користев, ми го препорачаа во Систина кога се породив. Само не за лицето, немаше мојата на лице, туку на едното бутче на ноџето. Прскав со спрејот и триев со газа (ни грубо, ни нежно, така ми рекоа), малку да се потстиснат мозолчињата да излезе белото. И поминаа за 2-3 дена. Убав дезинфициенс е Октенисепт, и за папоче може да се користи. Инаку, и при операции го користат исто
Мајки едно прашање, вие што се борите со теменца кај бебе, на моево дел му се исчистија, дел сега гледам како рапави жолти корупчиња му е баш на темето, сега гледам дека има како влажно на главчето на тој дел, внимавам кога чешлам ама не знам од што може да е, дали е нормално или да носам бебе на доктор
Имам апарат за мерење на влажност нема покажано нешто дека фали. Али ќе ставам сега Камилица да испарува за секој случај. Од педијатар ми се капките 7 дена се користат. Ми оди мозокот дека е од млекото. Се појавува од кога ќе се најаде и како млаз да и доаѓа во нос. Кога ќе ја кренам во раце како да и се опушта носето. И не секогаш после подој.
Ти крчка ли? Им се враќа млекце назад и најчесто од тоа е крчењето. И јас на почеток додек хрчеше имав чувство дека е затнат. А не беше. Се среди само од себе околу третиот месец.
Да крчка. Ако е секрет е скроз поинаков звук ова му е како да има течност која врие на некоја точка и оди горе доле. Сигурна сум дека е млекото, али не знам како да и помогнам. Да ја држам само исправена?
И моето уште хрчи на моменти. Особено навечер после подој кога го легнувам во креветчето. Ставав Изомар монодози, и пробав да влечам со пумпица ама ништо не излегува, а он продолжува да хрчи. Некогаш се мачи да заспие од тоа. До кога ќе биде вака? 2+ е бебо. Се заборавам да ја прашам Др кога одиме на советувалиште.
Ние така секогаш си седиме ноќе по Да да слична ситуација, последниве 2 ноќи точно на 1 сат станува, па цица и цело време во круг истото до 7 сабајле и станувам и јас не се издржува повеќе. Е сега моево изгледа спасот го наоѓа на града, нон стоп е на града, цица и потоа само ја држи в уста како цуцла, а цуцла и шише не прифати никако, ако му ја тргнам градата плачи и пак ја бара. Исто на два пати се случи да се разбуди со пиштење силно и дури и зајде од плачење....си велам ќе помини за некој ден оти не се издржува...
Ние сме 2 месеца,бебка кака само еднаш во денот веќе неколку дена,се напиња по цел ден ама само еднаш кака обично навечер ама само еднаш,гледам дека тоа и претставува мака,плаче се грчи се црвенее во лиценцето а не иде...иначе само на адаптирано сме преку ден и навечер ако цицне два пати...Ајде хелп да и давам нешто за какање или нормално е така да е сега ?
Да, држи ја подолго. Мојот некогаш и неколку пати ждригаше и пак ќе бљуцне. Си консултирала сигурно до сега педијатар. Претпоставувам со тек на време ќе се среди.
Здраво женски, како сте? Што им облекувате на бебињата под оние блузи како боди што се закопчуваат долу? Друго боди? Некако не ми иде два пара копчиња да има меѓу нозе... И од кога се обидуваат да се свртат од грб на меше? Моево последните неколку дена вака прави ко на сликата, и тоа само на левата страна, како да се мачи да се сврти на страна. Главчето уште не си го држи само инаку. 2 месеци и 10 дена е.
Јас тие ги користам како боди и ако е ладно над нив облакам блуза ако не нишш само по тоа и пантолончиња. И мојава до толку се врти и исто само на лева страна а 3 м и 10 дена е. Малку ме загрижува зошто не се врти целосно се уште. За главчево одамна го чува сама. Уште откако се роди го креваше и го чуваше по неколку секунди и со тек на време без да приметам постепено стана целосно стабилна. Така да не му се плаши супер си е бебка.
Јас му облекувам два пара боди, едно како боди, друго како блуза, ама по дома е во главно во шпихозни. Моево не сум го приметила да се врти, а главчето добро го држи. Битно многу се смее и гука и многу сака да му збориш, сега на тоа сме фокусирани. Инаку за црванилото на обравчето маж ми купи крема од Скендер и намачкавме синока и до сабајле се смири, сега не знам чудно ми е на природна база толку брзо да смирува кремата...
И моето по дома е во шпикозни скоро цело време. Ама доби поклон таква блуза со пантолони, па затоа прашувам Инаку и бебо се смее многу повеќе периодов, и многу сака да го муабетиме со мм, се возбудува ептен Главчето на моменти си го исправа сам, ама претежно му е потпрено на нас додека го држиме исправен. Го ставам и на меше понекогаш, ама не си ја крева главата нешто особено. До полн 3ти треба веќе да си ја држи сам нели? И уште нешто, и моето има црвенило на образите, како сува кожа, рапава. Некогаш повеќе се вцрвува, некогаш не се познава освен на допир. Го мачкам со Јекодерм, и Био Клин млеко за тело, наизменично, ама уште му стои... Да пробам и јас со маста на Скендер ако не? Само во Скопје ли ја има?
Кое е вашето мислење за цуцли лажалки? Мојот бебуш ја прифати од прва ама ми е жал да му давам да влече на празно а имаме потреба и тоа како. Само сака на гради да е, така заспива а штом го ставам во кревет се буди и пак бара да цица. Се плашам да не створи навика да спие со неа во уста.
https://www.google.com/search?q=uri...d=chrome-mobile&ie=UTF-8#imgrc=S7sM4H1vcYxKuM: aj probaj so kremava nie koristevme etizol i bas ni bese rapavo I Sega e mazno super