Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам баш дека е исфрлен.Во Германија и Америка каде имам мајки пријателки они користат широк повој или со две памперс или со една платнена пелена. Се знае дека колкчињата не треба да бидат споени блиску мора да се во т.н. жабја положба. Ортопед нас уште одма не советуваше иако сме машко бебе тоа нема врска машко женско.За правилен развој до година се препорачува чисто како превенција.Но јас се одлучив за платнени еко пелени и тие се баш ортопедски направени за здрав раст и развој на колкчињата.
     
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Јас сум во Германија никаков ортопед не советува такво нешто. Тоа мајките твои сами си го измислуваат.
     
    На mimiiiii и happygirl им се допаѓа ова.
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Ги гледав тие, интересни се. А памперс не користите, само еко користите и ја перите?
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Женски
    И јас му ставам ракавици, премногу се драска, сечени нокти, турпирани и пак се драска :(
     
    На Dina911 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Не може да го измислуваат,нема зошто :D Едноставно некои ортопеди(повеќето) препорачуваат некои пак не што знам и кај нас исто е вака како што читам. Тоа дека останало од времето нас кога не повивале така останало,но превентивно јас секогаш сум за епа сега ништо не губиш и тоа е мој став од секое искуство и статии што сум ги слушнала и прочитала ;)
     
  6. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Не користиме, пеленките си имаат апсорбирач и топ се, до сега еднаш не ми пропуштиле и супер е кожичката на бебчо мој.Ги перам на два дена во машина супер се перат никакви флеки не сум имала до сега. Вечер пуштам машина а сабајле се суви, не е мачно
     
    На Корнелија му/ѝ се допаѓа ова.
  7. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Cekaj... ne treba od kjosot na okceto ( od kaj noseto ) , pa prema nadvor ?
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    24.990
    Пол:
    Женски
    Не обратно од крајот на окото кон носето. И со исто газиче не се бришат двете очиња туку со различно (секое око посебно газиче).
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Ама тоа не е точно за овде :) Нема такво нешто повеќето ортопеди.
    Освен ако нема индикации за такво нешто. Иначе никако, само пелена.

    Ти ако сакаш слободно, твое бебе твои правила. Ортопедски нема врска повојов.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Братучетка ми е во Америка обично со неа уште од бременоста се конслутирам за многу работи ми се допаѓа тој систем таму.
    Сега ја прашав за широк повој ми вика оди бегај тука тоа го нема никој не препорачува.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2017
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Широк повој не се прави таму како кај нас со тетра и шветска,има пелени со лепенки и со нитни.Другарки две мои од Чикаго поради превенција од дисплазија мислам се викаше, применуваат широк повој но,не како кај нас со огромни тетра да не може бебето да се движи. @FreeMind другар во Берлин користи по препорака на педијатар пелени што благо ги шират здравите колкчиња на бебето, не како кај нас што сеуште прават. Јас на почеток правев исто по препорака на мојот педијатар и ортопед уште од самиот старт.Прво со две памперс,па после тоа земав платнени пелени и сега само таква пелена ставам. Тоа е тоа не измислувам јас туку кажувам како на мене ми е кажано и пренесено
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Ваму во Битола препорачуваат. Прво кога ме испуштаа педијатарката ми рче ехото на колкови е уредно, ама до наредна контрола да носи широк повој. Јас цела прашалници и велам нешш не е во ред затоа. Не не ми вика супер е ама сите бебиња мора да носат до 3 м, а после тоа ако има индикација. Кога и кажав дека никаде не се става повеќе, таа ми рече да ама Македонија има најголем број на случаи на исчашен колк. Ај си реков стара докторка стара школа, но и на зддраво бебе ми рекоа да ставам иако докторките беа мн млади. Дека нема штета само корист. Ставав повремено до 2 ипол месеци, на првиот преглед се беше супер и ми рекоа дека не треба повеќе. Имаше постари бебчиња на кои им рече да продолжат уште да носат.
    Јас бев најголем противник ама кога неколку доктори ќе ти речат ставај.. ќе си ставаш.
     
    На Sparkles27 и happygirl им се допаѓа ова.
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Другаркава не најде ни превод како да го каже таму.
    Вика ќе се чудат ако земам да објаснувам.
    Јас сметам, дека доколку има некаков проблем, тоа не се решава со широк повој. Не дај Боже, ама си има ортопедски помагала за такви дијагнози.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.060
    Допаѓања:
    26.058
    Пол:
    Женски
    Исто и јас мислам, никаква пелена нема да помогне. Не дај Боже да има проблеми.
    Тоа дека во Мк има најголем број на исчашени колкови е тотална небулоза, си го пренесуваат старите доктори на помладите само. Баш го слушав ортопедот Антоније, за кој сметам дека е многу стручен, го кажуваше истото за широкиот повој. И јас имам пријателки во Германија, Австрија и Америка, баш ги прашував, се чудеа, на нив ништо не им кажуваат ортопедите за широк повој, ни со тетра ни со два памперси. На Балканот останало тоа застарено мислење.
    Ама секоја мајка си знае како да си прави за своето бебче. Ова е само мое мислење :)
     
    На Gaga.sk, Sexybaby86, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.198
    Допаѓања:
    15.258
    Пол:
    Женски
    Реалоста е дека нема штета, ама па нема ни некоја корист. Ако има проблем бебето, нема да се реши со парче материјал.
    А на новородено од едвај 3 кила да му ставиш 2 тетра и една шведска пелена, и одоздола памперс, па поише пелени него дете ќе имаш во раце. Малата и онака се буни и клоца на секое пресоблакање, да си додавам плус работа бидејки "така останало од памтивек" немам намера. Мислам дека вежбите што се прават се далеку поефективни во правилниот развој на колковите од широкиот повој.
     
    На Sexybaby86, TeddyGrey, Elena ena и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Пишав и пред некој ден не добив одговор има 3 ипол месеци и сама се исправа вака во седечка положба кога ја држам. Да ја оставам или?
     

    Прикачени фајлови:

  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Јас тргам од таа логика дека кога би го наполнила газето на малото со пелени тој дел од телото би бил највисок и би спиело во крива линија ( бидејќи бебе спие само на душек). Повеќе мислам дека штета прават ( да го искриват бебето во развој ) од колку да добие нешто за колкови. И ако има нешто не се прави со пелени.
    Али стара школа со стари информации тоа е.
     
    На happygirl и Elena ena им се допаѓа ова.
  18. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Се става ептен ниско перниче за да се израмни. Јас ставав само 1 тетра и не по цел ден.
     
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Пак добиваш влабнатина на најлошите точки половина, рбетен столб и врат.
     
  20. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Скроз израмнуваш со перничката. Да нема ич вдлабнатини. Исто како да лежи на рамно.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.