Со лажиче му давам бидејќи шише не сака никакво, пробав со 3 различни и се откажав, пробувам ко ќе ика му давам водичка но ја плука цела, пробав и со блага вода и така ја нејќи.
@JoyJoy @PrettyG јас сабајле кога го извадив од фрижидер дека ставено во стаклено шише го ставив само под млаз топла вода од чешма и го оставив тука на собна температура 22-23 степени беше еден час, не му го дадов го ставив во кујна на поладничко 18-19 степени и сега земав да пробам на рака уште ладно ми личи млекото дека не беше класично подгревање. Ке видам ако сака одма да го испие ако не со тешко срце ке го фрлам
Зошто му даваш вода и чај? Овде велат никако додека само се дои. Вода и чај доаѓа со дохраната заедно. Јас и давам бигаја и кака речиси на секои два/три часа кога и ја преслекувам. Редовно и мокри. Бевме на у3 контрола денес и речиси едно кг покачила од раѓање сега е 4.800. Педијатарот рече дека нормалната граница ја поминала, но не е страшно. Следен месец вакцини. За газето ми дадоа нови две масти се сомнева дека е габа па ќе пробаме. Грчевите во полн ек, утре месец дена ќе прави. До кога држи најсилната фаза на грчеви?
Мојот педијатар рече дека 800г е линијата месечно. Толку треба да крева месечно. На едно кг плус рече дека ја поминала границата. И од оваа замислена линија има доле и горе. Мислам дека под 600г е малку и над 1 кг е многу со овие бројки играат. За помалку веројатно дохрана се воведува, а за повеќе знам мојата внука напредуваше по 1.5 кг месечно и не беше во ред бидејќи се оптоваруваат цревата и функциите. Препораките беше да се одложи доењето бидејќи она имаше силни грчеви 4 месеци и беше нон стоп на града како утеха.
Јас како што читав и слушав најјаките грчеви се околу 5-6та недела. А завршуваат најчесто 3ти месец. Ние од прв ден користиме Биогаја. Незнам дали имаат корист или бебе има супер метаболизам ама не ги прекинувам. Првите два месеци какаше 10-12 пати дневно. Третиот месец намали на 8-10. Сега во четвртиот 6-8 пати дневно. Немаме никакви маки со ова фала богу.
Од 4ипол недели почнува и првиот скок па затоа и грчевите изгледаат уште пострашно... Ајде ќе издржите. Битно знаеш дека има крај Еве што да очекуваш од скокот
Кај нас грчевите интензивни беа од 1-6 недели. После 6 недела намалија,сега го фаќаат еднаш во 2-3 дена. Не знам дали сами од себе се намалија или како резултат на тоа што прекинав да му давам капки/сирупи за грчеви. Му давам само пробиотик Ваја, бидејќи од капките ми се чини дека повеќе се грчеше. Најстрашна беше 5 недела.
Јас па сум замислила дека не напредува убаво моево бебе. А по кило месечно става. Дали зошто скоро една пријателка се породи, и бебето исто како внука ти по 1 и 500 ставаше, и сум си ставила во глава дека толку треба
Сакав да му давам чај за грчевите но ете тој не сака не го пие. И за вода пробав дали ќе сака но и неа ја плука, доколку сакаше ќе му давав по 2-3 лаж во денот. Само на доење е и напредува по 1ипол месечно, многу - малку незнам како ви кажувал доктор, колку е нормално, но незнам која мајка ќе го остави бебето од 1 или 2 месеци гладно да плачи, тука неможиш диета да правиш, не гледајте само по книги што треба и како малку слушате си инстинкт...
Од 4часот сабајле е будна око не сака да затвори. Вриште, пишти, сака цицка па неќе. Сака цуцла па плука. Вришти до вриштење, грчеви, гасови. Ќе си скренам ќе си умрум! Без спање и она и јас.
Мајки мислење ве молам. Малата е скоро два месеци. Последниве неколку дена има течна столица ама не многу пати туку еднаш во денот или во двата дена. 3 пати. Други симптоми нема, и бојата си е во ред, златно жолтеникава. Досега се нема случено ова ама досега дававме и ад а последниве денови е само на доење. Дали можеби тоа е причината?
Нормално е доенче да има течна столица. И мене мн пати ме мачело ова особено кога во 1 час ќе ми се искакаше неколку пати, ама никогаш не било пролив.
Тие што ја користат апликацијата wonder weeks, дали скокот во развој ви се поклопил со датумот што го дава апкикацијата?
Кај мене точно иде, скоро до ден. Дури и fussy периодот околу 30та недела се поклопи. Родено 1 ден после термин.
Ние имаме 33 дена и секоја столица до денес ни била течна. Немаш место за грижи сосема е нормално, дијареа се смета дека имаат доколку во еден час какаат повеќе од 4-5 пати. Се до тогаш со жолтеникавс боја е најнормално
Мајки малата моја за 2 дена полни 4 месеци а фонтанелата и е речиси пред затварање. Матичната рече следниот месец да ја носам да ја гледа на ехо да не е затворена. Има некој вакво искуство? Ептен се наплашив. Рече преку ден да и давам само по една капка Пливит.
Да прашам, до кога треба/не треба да се затвори фонтанелата? Педијатарот само на првиот преглед ми ја спомна, дека му е пошироко отворена и толку.