Добро само мојава ли нејќе да спие на спална? Колку пати сум пробала кога маж ми е трета смена, после доење да ја оставам до мене демек да ми биде полесно за наредно доење, не и не...се буди и почнува да кенка. Врати ја во креветче и раат. Исто така не научи ни да цица легната, ова највеќе ме измачи
Здраво мајки. Само сакав нешто да споделам. Бебуш мој никако не сакаше да спие во креветче,ни во колевка,никако,само во релаксаторот. Една познаничка ми рече да пробам перницата за доење околу него да му ја ставам,да осеќа како да му е тесно. И еве го,трета вечер по ред си спие по цела ноќ во креветчето. Пробајте,кај нас функционираше. Бебињата навикнати на потесно во стомак,не сакаат многу голем простор околу себе. Значи перницата околу него да осеќа дека не е широко и си спие без гајле. Вака отприлика,само јас не го ставам одозгора туку во средина на перницата и неа околу него.
Јас го правам истото само што имам купено гнездо. И преку ден во дневна и навечер во креетчето го стаавам и си спие. Уште малце нема да ја собира
Во ова може да пропадне,мене и во гнездото ми е став да го ставам да спие навечер. Најубаво само на душек и ништо околу него.
Здраво женски Да ве прашам,како ги облекувате малите на ова време за надвор во количка? Генерацијо @lackygirl, @Dina911, @monik55 ? Мој бебо не спие никако на спална, а искрено и не сакам. Од старт преку ден спие во дневна во големото креветче, а навечер во спална во лулката (ама веќе му станува мала). Спие врз мене само после подој ако го ставам демек да ждригне, и не ждрига дека е многу успиен ноќно време. За успивање некоја праша мислам, кај мене само заспива. Ќе му ја дадам цуцлата и по некое време е успиен. Е навечер има епизоди на плачки, вриштење ама за некое време му поминува и заспива во лулката.
Кога е вака времето му облакам боди на долги,блузицка на долги и одозгора дуксерче дебело сомдолни тренерчиња. Вчера беше самп по дебелки тренерки и мислам таман му беше по секако е покриен со кебенце. Се мислев да му купам јакничка ама некако ептен па малце ке ја носи а да купам поголема па ке плива. Вака пивеќе слоја таман е мислам. Моево ја пика главата во страничниците.
Значи делот кај главата е скроз слободен само телото,рацете нозете да осеќа дека има нешто до него. На кој му е страв не мора да пробува,и мене ми беше на почеток,ама гледам дека супер си спие. Пие млеко и одма продолжува. Претходно по цела ноќ во сите соби по пола саат спиевме,шетавме.
Jas vcera za nadvor nepolni 7 meseci dole trenerki hulahopki corapcinja, gore bodi so dolgi bluzicka i vetrovka tenka jakna ( imam od sinko uniseks) pa i ne mu se zamaram mnogu imam za sekoja sezona. Inaku ne bi kupuvala jakna konkretno za ova vreme i bidejki bevme vo dvor se drzevme vo race celo vreme.
До колку месеци има ризик? @SaNJaAaaAaa ако има нешто мекичко околу, наводно може главчето да го сврти и да остане без воздух, ама еве нашето перниче за спиење е помеко од оние што се само како навлака. Демек и тоа е ризично,требало скроз на рамно и тврдо да спие. Ако грешаш нека ме поправи некој.
Според Светска здравствена организација, до првата година од животот, а најголем е првите 6 месеци. Сепак, нашата докторка ме советуваше да не се плашам, само рече битно е да може слободно да претка и да се врти во креветчето (кога ќе почне да се врти), да нема перници никакви и плишани играчки наоколу. Мојата ја пикаше (и до ден денес ја пика) главата во оградичката, цела загњурува во неа и така спие уште од 3 месеци, па со тек на време се опуштив. Како тазе мајка на почетокот преплашена бев од сидс.
Сите сме, верувај... Јас дека го земав од инкубатор, му правев гнезденце од тетра, таа е лесна за буткање. Сега има само позади главчето ради бљуцкање и кај мешето да не се врти.
Јас и ставав мало ниско перниче, ама под душекот (така патронажната ми кажа), за кога бљуцка да не се задави. Па од перничето бебка лизгаше надолу во креветот, и ставав тетра умотана како ролна на средина на креветчето, ја врзував за решетките баш под газето да и дојде (ваљда ќе ме сфати некој ), и тоа спречуваше да се лизга. Е после 3 месеци тргнав и перниче и тетра, почна бебе да шета низ кревет и да се врти (ептен рано, уште од 3-4 месеци се сврте на меше, и почна на меше да спие). Па и тогаш бев преплашена од страв, тогаш ми беше врвот на стравот за сидс, дека сите деца толку мали си спијат на грпче, а мојава нејќеше за жива глава. Абе маки
Знам за што ми збориш Само што го зедовме од болница го најдовме под ќебе Уплав фатив. И тетра и се избутал, а човече мало со 2200 и 45цм. Е сега веќе е поголем (демек) па нема фора кај да се лизга во корпава.