Мојата што денски дремки има истерано во корпата, ехеее, најискористен дел од количката ми е После кога порасна и купивме монтажно креветче, кое веќе и стана игрална. Многу брзо растат
Мајки со што им го мачкате лицето на бебето. Ние сме 11 дена и од вчера му излегоа 5,6 ситни брумчиња на двете обравчиња . Од што може да се ?
Е вака има логика со у надоле да ја свртиш перницата. Вака ми изгледа фина идеја која може да се примени. Јас и ставам само позади грб перница за да ја држам на страна и со секое кемкање ја превртувам на грб на лево и десно. На грб главата ја држи право нагоре и лесно може да се задави, затоа најчесто странично ја оставам кога спијам. Ова кемкањето и протегнувањето и кај вас ли го прават гласно или само мојата го прави тоа за да не држи на штрек?
И моево исто така е гласно кога кемка , но скоро секогаш си заспива повторно . Среќа уште не плаче , само кога го бањаме
Ама СИДС не е поврзано со тоа дали спие во гнездо и со нешто околу него. Ако побарате на гугл ќе видите дека причините за настапување на овој синдром се се уште непознати но се поврзани со делот на мозокот кој го контролира дишењето.
Моето бебче спие на вакво душече.Го ставам внатре во креветчето и на него си спие. Си има од страна што да го држи,а главчето му е слободно. И во болница и патронажната кога дојде,кажаа дека е најдобро така благо поткренато да спие,и секако на страна за да не се угуши. И моето во спиење,пред да се разбуди испушта такви звуци. Ептен е гласен.
И јас навратив тука да прашам околу спиењето, ја ставав на страна да спие бидејќи често знаеше да врати, менував страна на лева па на десна. Последниве денови приметив дека кога е будна и лежи на грб се превиткува на нејзина лева страна како буквата с. На ортопед сме за две недели а дотогаш мислам ќе полудам, си правам филмови дека и се искривил рбетот. Сега спие на грб ама главчето го врти на една или друга страна па ме интересира дали е тоа нормално? Како го држат главчето вашите бебуши кога спијат на грб, инаку на 9ти прави 3 месеци?
Не знам на детево што му е!! Дали се грчеви или нешто друго, кој знае, ама загрижена сум. Ај шо е кенкав, сака во раце, не спие многу преку ден, ок разбирам, 12 недела-скок. Одеднаш се растегнува цел, ги шири рацете, зацрвенува во фацата, и не плачи, вика ммм. Како некој шок да доживува (така јас го гледам сето тоа.) Вечерва не можеше да се смири, се тутка во мене, спие в пиен во мене, душичка. До сега немал грчеви, барем не до толку изразити. Некоја од вас да ми каже дали му се случува нешто слично на вашите малечки!?
Нема гајле од спиење на страна,рбетот нема да се искриви, но ако спие само на една страна може да се сплеска главчето но велиш ја вратиш така да добро е. Мојава има доста испакната глава од позади и да сака да спие на тил не може, и од ко е родена спие на грб со главата свртена на страна,еве вака нормално е не плаши се, сега само не ја оставај на стомак да спие,друго се што пиша е ок. Луѓе не си играјте играчки ни гнезда ни перници ви требаат, нај добро е да се повиваат до кај 3/4 месеци и не мора цело тело доволно е од под мишки на долу со рацете извадени, ако се повиени не мора ни со кебенце да се покриваат.
И јас баш тоа загледав сеа. Во табелата покажува дека од 14ипол почнува друг, а во листата со скокови го покажува како - недела 19 А облачето пак стои на недела 17 Е ајде де сеа....
Ете јас ја имам апликацијата, ама да не бевте вие немаше да знам дека е третиот скок во прашање, пошто јас заборавам да ја отворам апликацијата кај мене на тел таков е кенкав, плаче, вчера цел ден како што е опишано, а веке повекето од вештините од трет скок ги прави. @happygirl баш вчера шетавме, облечен во боди, зиврички, нагоре една блуска и тренерчиња покриен со кебенце. И јас се чудев како да го облечам дека беше топло
Мајки, бебето ми е 2 месеци, на вратот забележав дека има подвижно топче, како жлездичка, ама ептен шета кога ќе го допрам, го забележав може пред месец, ја фаќам не ја боли. Дали сте имале вакво искуство...При консултација со доктор ми рече штом се движи не е страшно, но сакам да слѕшнам и ваши искуства...Може така и е родена, не ја бев загледала толку во вратот...
@ane.bella и мојата има ваков облик на главче и исто вака спие, сега веќе прекина да повраќа па да ја оставам на грб само со рачињата почна многу да мрда и притоа си се штрекнува во сон, се мислам дали да ја повивам барем за навечер..