@Seduction и на моето на 4м му беше скоро затворено. Ни ја намалија дозата на д3 и толку. Консултирај се со ортопед за ова. Немој со нашите матични и нивните луди дијагнози. Само од памет ќе те извадат.
Што има врска ако е порано затворено? Сеуште не сме биле на ортопед, за 2 недели имаме закажано, син ми на 6 ќе наполни 2 месеци. Уште кога се роди,немаше воопшто меко на главчето, значи ли тоа дека му е затворена фонтанелата? Сигурно да е страшно ќе ми кажеа веднаш во болница,исто и педијатарот го гледаше не ми кажа ништо.
И се појавија бебешки акни на лицето денес. Бабицата ми рече од Еуцарин атопи кремата да ја земам. Ваши искуства? Колку траат и од што се појавиле?
Мене ми кажаа еозин да поминувам. Ама не да мачкаш, туку земаш газичка, поминуваш на бубулчето (со благ притисок) и ја фрлаш газата. Битно да не минуваш повеќе со една газа, да не ги шириш.
Мајки на ептен мали бебиња (не полн месец) дали ги шетате бебињата и како ви се облечени. Мојата е 16 дена и последните 3 дена ја шетам и многу и годи но некако ми е страв да не ја измрзнам или препотам.
Се чисти сеуште бебе ништо страшно ќе помине од нашите хормони им се, мојата беше иста јас со лосион од органски невен на газа па еве сега скоро и се исчисти на речиси три месеци
И моето имаше акни, не беа пропратени со црвенило, ама си имаше брунчиња. Му се појавија после 40 дена и траеја околу 2 недели мислам. Првин им ставав еозин (црвена вода) со газа демек да ги исуши, ама после престанав. Сами од себе му се исчистија. Веројатно од моите хормони му беа. Додека сум тука да ве прашам, се лигават ли вашите бебиња? Бебо на 10ти ќе направи 3 месеци здравје, и од вчера навака почна нагло да се лигави. Со лигавче го држам веќе оти утоп се прави инаку. Моето не знае да си го цица палецот, ама многу ми е смешен кога си ја цуца/лиже раката како песница
Ние сме 3+ и малава постојано ги става рацете во уста. Дури и ми има повратено неколку пати од што палецот си го става многу длабоко. Причина, чаре? Исто и на лицето има мн црвенило, најмногу на онаа страна на која лежи, исто и на вратот кајшто ѝ се трие облеката. Докторката препорача белогент крем, имал некој искуство со ова?
@happygirl генерацијо веке два-три дена сме со лигарчиња, му ги менувам ги мокри на 15 минути и рацете да може двете ке ги стави во уста @FreeMind и моето имаше бубулички, ништо не ставај поминуваат сами од себе, се чисти бебето. Имаше на почеток во комбинација со ситни брунчиња, ми рекоа дека му е од претоплување и стварно намалив температура дома и помалку облекување и поминаа. Е сега му се покајави атопичен дерматит на образите и му ја земав целата колекција еуцерин атопик, два дена го мачкам на лицето има подобрување, позз
Мојава од два месеци веќе се прави утоп. Прво не знаеше да си го погоди палецот, сега се усоврши. Сега понекогаш и двете раце ги става и моите ми ги тегни за во усте, а и се што ќе дофати завршува во усте.
Значи овие моментално сами минат да не ја мачкам за џабе? Уште газето и жар црвено сменив памперс од денес лили ду да видам да не е од тоа.
Да бубуличките кај моето сами се повлекоа ништо не мачкав, само тој период внимавав да не го претоплувам. Инаку за пелени ги користам бебилов од ДМ во комбинација со оригинал павловичева и без влажни марамици и да не подречам супер е сега за сега. Позз
@happygirl изгледа нормално е лигавењето за периодов и цицањето на рачиња сега си ги откриваат, недела дена сме со лигавчиња, а рацете откако наполни два месеци во усте па циркуз е кога ќе го отвори рачето па ќе си пикне прсте несакајќи па прави фаци @FreeMind со мачкање само ќе ублажиш, само не ставај мрсни креми или еозин зошто ќе и ја суши кожата и ќе и се првути. Сами од себе ќе поминат, ќе се исчисти Овој го користам јас, многу пријатен лосион воопшто не е мрсен
Само знам дека пред 6 месеци не требало да за затвори, друго ништо не ми објаснија. Ќе треба да се консултирам со ортопед.