Исто се однесува и мојот, се смеам се понаша баш заби како да ке му никнат, ама јас сето ова го препишав на скокот во развој
Пишав малку поназад и мене така ми личи, значи на 10.03 прави 3 месеци, така ми велат бабиве ама ете кај сите исто е на таа возраст, сиг е скок.
Дали знаете тобрекс капките колку имаат рок на траење, по отворање? Ги купив и отворив пред 1 мес., ама пак му се направи инфекција. Во фрижидер ги чувам, не знам дали да му ставам од истите или да купам нови
Ако првиот пат не ви помогнал тобрексот можно е да имате некоја бактерија најубаво брис да си направите
Здраво девојки Дали некоја од вас ја користела кремава за пеленска регија на натура сиберика и како сте задоволни од нејзе ☺️?
Започнува оралната фаза, кога преку устата спознава. Плус скок во развој, па има промени во однесување. Колку ќе трае - точно не знам, индивидуално е. Три недели од отворање траат, 21 ден. Да не има затнато солзно каналче? Пребришувај ги очите со превриена млака вода и стерилна газа/тупфер, од крајот на окото према носето и масирај го делот кон коренот на носето.
Генерацијо денес скокот е најизразен плачи цел ден, се пробав и пак исто Ја викнав мајками напомош, не се издржува..
Мајки јас сум нова мајка веќе една недела прво дете ми е до сега не сум имала искуство со мали бебиња мислам помали од 40 дена и малце ми страв се уште го немам пресоблечено ниту памперс сменето неможам сама да го наместам за цицање мн ми е страв. Уствари у болница го земав у раце сама го местев ама од кога дојдовме дома мн работи се сменија. Си дојдов болна со тем 38 и ја и сопругот и двајцата болни и бебето остана доле кај свекрвами она го чува таму спие само за цицање го носи. Ве молам за помош како сама да го наместам некоја позиција да најдам и некако кога има некој со мене неможам да го допрам од страв што ми викаат пази главчето пази носето рачето итн а и свекрвами освен она кога го држи у друг нема доверба
Ако не ти дошла патронажна сестра сеуште, јави се побарај да дојде. Уште подобро да збориш со некоја педијатриска сестра, тие што се кај нобородените од болница, да ти објаснат како се мести бебе за цицање, па и да ти покажат. Во болница тоа го прават. И собери малце храброст, земи си го детето од свекрвата. Секоја мајка си е најдобра мајка за своето дете. Нема баба му да го расте. Ајде си била болна, ама штом си подобра почни да се учиш. И мене ми е прво дете, па си гледав видеа, читав статии. Кога се роди на двете баби им реков дека како јас мислам да правам така ќе правам, да не ми се мешаат. Мора да си и малце лош иначе на глава ќе ти се качат. Што и да мислиш дека не знаеш да правиш, има туторијал на јутуб. И бебињата се пожилави од што мислиме. Нормално е да се плашиш, ама ќе видиш дека не е толку страшно. И како расте се полесно е. Со лесно.
Денеска дојде паѕронажна сестра ама ненадејно дојода и ја прашав се ама од кога заминаа ми текна за доењето за да ми покаже за местење ама веќе беше касно... гледав на јутуб објаснувања а во болница го зимав сама за доење неколку пати и сестрите викаа добро било
Зошто тогаш велиш дека не можеш убаво да го наместиш бебето? Само нека сака да цица, ќе се адаптирате и двајцата. И за се останато исто, држење, бањање, пресоблакање, користи го секој момент, зошто времето брзо проаѓа, ќе ти биде криво што не си го имала тоа искуство. Нема тука страв, ако нешто не му чини на бебето одма ќе почне да вика, не се секирај Јас за бањање само го оставав на бабите првата недела зошто ме болеше раната и не можев сама да стојам а не и бебето да го држам, после 8миот ден сама го бањав, и сега со една рака ја држам малата и под чешма ја мијам како сестрите во болница. Со време се ослободуваш. Сега е месец ипол, со една рака ја држам а со другата кучето го шетам
Браво за тебе хаха и мене ми е криво што така испадна ама исто и раната многу ме болеше првите денови од кога дојдов дома и болна со температура се се собра и сето тоа викање пази вака пази воа ме исплашија у болница сама си бев и никој не ми викаше ништо си правев како што можам јас се шетавме и низ соба со малиот а сега дома ништо.а за цицање не сака да цица мрзлив е само кога е многу гладен и ако е убаво стврдната градата тогаш цицка инаку го мрзи заспива на града и не сака да влече и моравме да му дадеме дохрана по препорака на педијатар ама мј рекоа никако да не се откажувам од цицањето. Млеко има вака кога ќе притиснам тече бело ама се уште не е толку силно само да истекува
Земи си го детето од свекрва ти, ќе научиш. Ниедна мајка не се родила учена, сите сме се учеле како со новороденче, секојдневната пракса си го прави своето. Стави маска и ти и сопругот, ако уште сте болни, и само храбро. Штом во болница си го местела и си цицало, значи знаеш. Сама ќе најдеш поза што ви одговара со бебуш и ќе си цица. На почеток и онака само цица и спие, немој да се плашиш, ќе научиш и пелена да смениш и се'. Во ред е да ти покаже свекрва ти како да го држиш, да помогне при бањање и сл, ама како тоа нема доверба во друг да го држи? Па ти си му мајка Пресечи одма коментари од типот немој вака, немој така. Внимавај само на главчето, за друго не се секирај. Ти сама ќе знаеш како треба, ќе стекнеш сигурност со тек на време, за еден месец од сега ќе ти биде смешно за што се' си се плашела - и тоа е нормален тек на работите. Земи си го бебуш, не ги пропуштај првите денови кога се учите еден на друг
Jas neemamnic strav si go bankam.od prvata nedela go presoblekam seee mu oravam setam na pesacenje eve 2 meseci sme u vi bolnica go presoblekav 3 den oti bev so carski ama ne se otkazav mn sakav da i pra ne se olasem i sega nesakam da ja dam na nikoj pelena da i smeni nz mi idi nekako cudno ja sakam da si vodam griza