Јас имам такво што се затоплува со семки од гројзе е мислам и е многу практично, слично на ова, поубаво ми е од термофорчето.
Денес примавме бсж вакцина, ни кажаа само да не се бањаме.. Бебе цел ден е поспано, температура е 35 два пати мерам.. Има ли простор за паника?
Убави совети ти дале членките, ќе си го земеш бебето со тебе и за спијање и за се, тоа ја сака твојата мајчинска топлина и љубов. И мене мн ми помагаа бабите со капење со се, ме болеше раната...но преслекување и се др правев јас. Мораш да се ослободиш, твоја душа е.
Знаааачи ќе пукнам...И падна цуцлата на тепих и незнаејќи и ја ставија пак во уста...Може ли нешто да и биде?
Мајки пред некое време се жалев за доењето, дека беба моја само во раце цица, а и вришти , ќе голтне некоја голтка и се врти на страна и почнува да плаче... Уште сме вака, имаше период малку се смири, во смисол повеќе време цицаше, се разбира шетајки ама се гледаше дека убаво влече, сега пак исто.. има ли крај на ова којзнае. Шишето никако не го прифативме и се уште тераме само на доење. Од следниот месец на 5+ здравје ако одобри педијатар ќе почнеме и со пробување на вкусови. Какво - такво доењето за 2 недели качила 500гр. тоа ме охрабри, бидејки минатиот месец без некој ден имаше качено 550гр. Фала ви на подршката која овде ми ја дадовте, мнооогу ми значи и ме охрабрува да продолжам.
Јас цуцлите еднаш дневно ги вријам, а во текот на денот само ја лижам цуцлата пред да и ја дадам. И да стоела на маса и да паднала на тепих, така си ја дезинфицирам. Имав читано дека така детето има поголема заштита од алергии на тој начин. Како што внесува микроорганизми од кожата при цицањето од мајката, исто може и од усната празнина, секако тоа е дел од нормалната флора на сите луѓе што со време треба да ја развие.
Јас во ова баш и не сум сигурна бидејќи нашата усна празнина е полна со бактерии плус може стрептокока да се пренесува во семејството ако има од еден на друг. Антисептик јазик имаат само животните. Патем детето не треба да биде во стаклено ѕвоно, бидејќи мора да се навикне на околината од прашина, влакна и мириси.
Не е нешто што би препорачала на други да го прават, не сум доволно информирана за да речам дека дефинитивно има бенефити. Ама сепак е нешто што сум решила дека ќе го правам, па ќе кажам како сме прошле. Во секој случај, немав намера да давам само стерилни цуцли на бебето, мора малку да е во контакт со се што има околу неа.
на бебево 3 мес сега приметив на палецот на ногата му влегло ноктето во кожата и црвено му е. Сте имале вакво нешто? Да пробам да му го извадам ноктето или да одам на доктор
Мамички Имам две прашања: 1. Апликацијата The wonder weeks ја има само да се плати за да се симне или има и бесплатна? 2. Може ли бебе од 2 месеци да спие до мене,а главата да му е на мојата рака? Онака како го дојам да си го ставам да спие до мене и раката да му остане под главчето или сепак не? Според мене мислам дека не, ама ај сепак да прашам.
Си јадела зајачко месо во бременоста И внука ми спиеше така додека беше помала,веќе не. Мислам дека околу 3-4 год почна да спие со затворени очи,со неколку исклучоци. Не знам зошто е така, ова според бабини деветини, во кои јас не верувам.
@lackygirl @happygirl стигна играчката преубава е, на син ми многу му се бендиса, се радува, ептен е квалитетна поубава е дури и од на сликата во живо, и плус сега е 700 ден
На сум јадела, а ми се јадеше... И уште ми се јади Можеби спие така зошто и мм Така спие, ама па не би требало баш тоа наследно да е