Мојава е 38 недела родена и уште на интензивна кога ми ја донесоа си ја подигна главата за да ме види. Од како и падна папучето ја оставав и вака. Само со надзор секако и кратко.
Не ги ставам на перниче ни поголемиот ни помалиот и не планирам ортопедот рече дур детето не побара само нема потреба од перница
Јас ставам навлака од перниче, така во болницата ставаа, ем практично е ако поврати да не мењам цело чаршаве, тргам само навлаката.
Мене заради жолтица ми рекоа да ја будам на 2 саата за цицање и тоа го правев преку ден, ноќеска ја оставав да спие и спиеше по 3-4-5 часа, кога како. Па кило ипол качи првиот месец. На другар малата од прв ден им спиеше по 6-7 саата, исто не можеа да ја разбудат за доење. Ако не напредува мораш да се мачиш, ама ако добро расте остај го бебето нека спие. Некои луѓе плачат за бебе што спие цели 5 саата. И моето бебе си ја дига главата вака од првиот ден кога доксовме од болница. Кратко, и после и паѓа. Ако детето само може и има сила нема зошто да не му дозволуваш. Истото е за седење и лазење понатаму. Нема врска возраста, битно е детето да може само да го прави тоа а не со сила.
И моето синче го држеше главчето уште на болница, одамна му е стабилно, сам си го врти кај сака, на меше го чувам кога има грчеви ама не долго. Исто тетра ставам секаде кај што ќе го легнам и за доење на раката обавезно тетра имам. Сакав да кажам, денес прв пат го извадов надвор со количката и многу плачеше 200 метра ако поминав само, не сака да лежи сака в раце, како ќе го научам незнам, ама морам пукнав дома, 3 месеци сум затворена.
Бебко мој не ја сака десната града Не дека не цица од неа, цица кога мора, ама не ја сака ич. Го ставам на таа страна вришти, го ставам на лева отвара уста. Шо ќе да е!?
@Spidy за жолтица никој ништо ми нема спомнато, ваљда се е во ред, а напреднат е дури и повеќе од очекуваното, се трудам да го будам ама џабе ,небива. За недела дена ќе тркнеме пак до педијатарот и ако пак е напреднат не го будам ќе го чекам сам да бара..
Истиот проблем го имаме со левата града. Ќе ја ставам, уста отвара не сака да затвори и само се треска и вреска. Јас почнав на секој подој на таа града прво да ја ставам а после на десната. Десната и тече како шише и ужива на неа, ама мама ја зеза. Кога е гладна директ на лева ја ставам. Гладно е бебето и повеќе ќе влече, ќе ти отвори повеќе канали и ке го засака и тоа цице. Пробај вака.
Јас дома ја ставам за сигурност кога работам нешто во количка ( куфер за бебиња) и знае така и да преспие. Надвор ја изнесувам од дента кога не пуштија од болница по 30 мин на почеток сега веќе и саат време секој ден. Пробај постепено со минутажа од дома. Пет минути денес во количка утре шест и зголемувај. Надвор на воздух веднаш би требало да заспие стави му цицла ќе плаче некој метар и ќе заспие ( ако сака цуцла ). Јас така пробувам со релаксаторот денес стигнавме до цели десет минути
Ова со оставање шест седум саати за новороденче е многу ризичен потег. Може да дехидрира и цацко ќе биде крив потоа. Многу коцкање луѓе не е добро. На другар другар му ако успеало да преживее со 7 саати како новороденче, на некој ќе му дехидрира. Медицината би требало да се прати повеќе немојте да си играте со вакви муабети. Будење редовно на три саати макс четири за новородено бебе. Потоа од кога ќе стави кг ќе може да спие и по шест саати без будење.
Здраво мајки, бебето ми е 6 месеци и веке некој период го има оваа на лактите и на двете рачиња, што може да е
Пробај да го држиш во иста положба како што е легнат за левата града ( главчето лево нозете десно ) и така наместен стави го на десна. Многу пати успева. И биди внимателна, јас од истата мака си направив почетен мастит. Кога нема да ја сака барем одмолзувај ја, ама во секој случај биди упорна додека да свикне, за да не се намали или недај боже секне млекото од десната града
Не викам дека за секој исто важи. Секое бебе своја приказна. Ама ако добро напредува, нормално цица, се е во ред, тогаш зошто да му реметиш сон. Може си е спанко. И јас не сум за тоа "ако на комшиката делува, и за мене истото ќе важи", ама кога ќерката ја носам на мерење и качува и повеќе од доволно, значи нема потреба со сила да ја будам. Очигледно внесува доволно преку ден, па тој прерипан подој ноќе не и менува ништо. И она наспана, и јас.