Јас немам корпа на количката и го шетам во транспортерот и баш вчера кога го шетав помислив дека да имам корпа нема шанси да сака да шета скрос легнат, вака му е подобро, ставам цуцла и обично заспива
Е сега ме уплаши со оваа. Моето цица во 21 час и до 2,3 по полноќ не се буди . Тогаш цица па во 5 сабајле пак стане. Инаку преку ден има околу 9 подои, плус 2 преку ноќ
Не може да му држи “влага” седум саати подојот преку ден. Има толку мал желудник кој треба да работи правилно со правилни подои, потоа млекото е вода за бебето и овозможува дишење на кожата и хидратација на организмот. Има многу медицински одговори во зошто новороденче цица на два/три саати редовно. Не е муабетот за спанко или за наш мир, за функционирање правилно е на еден толку мал систем кој се адаптира на се околу него. Ама на крајот секако си останува секој на својата одлука, ти си мајка и ти знаеш најдобро како со твоето бебе. Јас би да се внимава.
Ќе споделам искуство за бебе мое, уште од раѓање кога ја ставам на стомак држи глава(ама не ја спушта воопшто колку време и да стои на стомак толку и главчето како желче и само се врти лево десно), на два месеци се преврте од стомак на грб, подавам раце бебе се крева седнува како 6месечно. Понеделникот отидовме на педијатар земав јас да ја фалам бебка, кога доктор ми вели тоа не е за радување, ја испрегледа и забележа дека се витка на лева страна, спомна дека се сомнева на хипертонус, што денес ни го потврди и физијатар. Од утре почнуваме со вежби, за почеток месец дена па ќе видиме како ќе реагира бебе, докторот рече убаво што сте го заприметиле со време зошто многу родители ваквите симптоми ги дочекуваат со воодушевување и може да не обрнат внимание, па да настанат проблеми во подоцнежниот развој. Инаку многу сум стресена и се надевам дека ќе биде се во ред со малата. Исто физијатарот рече дека било последица најверојатно на останувањето на бебе во еден момент од породувањето без кислород и инфекцијата која ја имаше веднаш по раѓањето во неонаталниот период, а мене никој кога ме испишуваше не ми спомна дека тоа е ризик фактор од кој може да произлезат вакви последици..
Здраво, бебето ми е веќе полни 2 месеци и две недели. Цица и плус дохранувам со АД. Кога цица дохранувам уште 60 мл, а кога не цица пие по 90 мл. Вчера и денес ми намали во дохранување со АД, пие за 30 мл помалку. Што може да биде причината за тоа? Можноста дека јас имам повеќе млеко ја исклучувам бидејќи на града се задржува многу малку, а и дојките не ми се полнат ко порано. Дали можеби ќе се настинува или ја фаќа од вирусот? Искуства?
Здраво мајки. Препорачајте некоја добра крема за нега на бебешка кожа. Јас ја користам оваа на Хип,не е лоша ама би сменила ако има некој искуство со некоја подобра. Како да приметив малку црвенило на газето.
Павловичева на др Павлович. Ја немаше некое време па користев бекутан со невен ама сега пак се вратив на оваа и бебе нема мака никаква.
Леле прв пат слушам за ваква состојба, а по симптомице како мојава да ја опиша. 2 месеци има , главчето си го држи и на стомак кога ја ставам го крева како желка и рацете и се уште во тупаници. Исто кога и подавам раце се труди да се свитка за да седне, но уште не може . Се загрижив сега ептен. Знам дека си од Охрид, и јас сум , кај кој физијатар бевте да ја однесам , да не се мислам.
Во корпа го шетав легнат и заради тоа не ми стоеше нејќи да лежи, сака в раце, др проблем е што не фати цуцла неможев да го смирам никако во транспортерот не го бери со пелена а и ветар дуваше. Ексик и шетање и се @FreeMind фала за совет, но дома нема проблем преку ден спие во количката и откако ќе стани пак си поседува, но надвор нејќесе, ќе пробавме пак мора
Немам купено и мислам дека повеќе ќе сака во кенгури, но ми треба некој за повеќе кг бар до 15-18 оти веќе има 8 каков имаш???
Ваков,пишува до 9 ипол кила ама е ептен цврст. Види разгледај на Лотус мислам дека има за поголема килажа. Подлогата сега ни стигнала,бебе кузнае колку ке се радува
нема потреба од такви муабети дека ќе дехидрира бебето , многу мајки тука се првородки без искуства ќе се испаничат скрос , недај боже тоа не се случува така , ноќта си е за спање , ако бебето напредува убаво нема потреба од будење , нема ни да спие ако е гладно . Многу бебиња спијат ноќите и напредуваат и по кило месечно. Се прате самото бебе што му е потребно и се делува така .
Не е тоа апгарот мислам туку 1ва минута, 5та минута, 10та минута, знакчето ' значи минута, тогаш се мери. Провери уште еднаш што пишува под или до тие бројки. Еве убаво објаснување што значи: https://acibademsistina.mk/health/index.php/bremenost-novorodencinja/610-sto-e-apgrap-test.html
@Корнелија Корне како сте со цицање? Проба ли да ја ставаш на таа градс кога е гладна? Апдејт... Веќе два дена сме добри. Само на цицање сме, кога си спие по нејзин рсдпоред по 3часа ми иде млеко доволно за подој... Како аларм да има на 3часа за будење хахаха. После подој бљуцка, ждригнува после некое време али не повраќа како претходно. Може али помала количина, не како пред неколку дена кога пишував... Само, многу ми ја урочуваат колку да не сакаш да веруваш во некои работи, јбг.
Моето ужива кога го возам во корпата. Само што ќе излеземе на воздух се успива, без разлика колку спиел претходно дома Гледам секој ден додека е убаво времево да го шетам по саат време надвор, да се излуфтираме и двајцата Имам кенгур јас, ама слушав ортопед како објаснува дека не треба да ги ставаме бебињата толку мали во него поради тоа што уште не им се развиени јадрата на колкчињата, и не било добро така без подлога да им висат нозете. А не сум ни имала потреба да го искористам досега искрено. Ќе видиме за понатаму. Едвај чекам понеделник, ќе го носам бебо на педијатар да го измерат, да видиме како напреднал овој месец.
Едвај чекам да ја изнесам на шетање со количка. Мада што сега со сезоната на морбили и грип неможам да ја изнесам пошто сите да го бакнат, поплукаат. Аман од тој менталитет! А многу сака во транспортер да се вози во кола.