Па не го пишале колку гледам, да тоа е. Нема некаде со пенкало бројчиња пишано во формат 9-10 или 9/10 или сл? Обично за 1 и 5 минута запишуваат само, моево прематурче па беше 7/8 имаше пишано. Едит: не му го мисли тоа, бебе веќе ти пораснало.
Баш поради сите вируси периодов дома не примав гости освен најблиската фамилија. И затоа го шетам само надвор на воздух. Досега сите што го видоа во количката само му оставаа пари на ќебенцето (таков е адетот тука), никој не го бакна ниту го допре. Баш напротив, сите се свесни дека е многу мал, и не треба да му се доближуваат. Ако веќе некој на улица сака да го допре, ќе му кажам дека не може. Од каде да знам дали е со чисти раце и што носи во себе. Ич не се замарам со менталитетот на народот, гледам само да му е удобно и убаво на бебо, а он ужива кога е надвор
Некој ден откако наполни два месеци го ставив. Он во се си седи,во количка,во транспортер во релаксаторот,во креветче си спие навечер ама јас на пола ноќ го зимам кај мене да си бидам помирна за да не кенка. Е денес му купи тетка му подлога како на пијано да ги лупа нозете ама не ја сака слабо вриштеше. А може и што е кенкав цел ден.
Ние не сме жени... ние сме ЖЕНИШТА!! Ние сме по храбри, по издржливи, по цврсти од нашите мажи. Ние сме семоќни, за самите себе, за нашите мали, за нашиот дом... Жени, кралици... Радувајте се и гушкајте ги бебките. Некои од нас прв пат се мајки (priceless), некои втор, трет... Чувството на љубов, нешто што не може со пари да се купи. Ширете љубов, насмевки. Среќен празник храбри жени, ценете се, сакајте се. Вие сте едни и единствени, ни една не е како Вас! @LoveHope, душава моја цица и од десната града, ама ја преферира левата. Посебно кога сака да заспие. Не знам зошто не ја сака деснава, ама буткаме некако. Протестира, го смирувам па ја фаќа градата. Иначе јас на бебо му го купив Боба ранецот. Ергономски е, и положбата на ножињата не е како на кенгурот. Многу е добар! Поскап е, ама е здрав за бебо, и уште од 1 месец го ставав во него. И така...
Бевме кај др. Зорица Китрозовска во косна, може не е тоа во прашање немој да се грижиш предвреме ама за мирна глава направете преглед, може и матичниот да ви направи преглед па ако има потреба ќе одите и на физијатар, дај боже да нема. Затоа споделив тука искоство, јас да прочитав ваков пост и порано ќе ја однесев. Започнавме од денес со вежби се надевам дека се ќе среди.
Од каде го купи ранецот и колку пари? Сакам да го видам каков ако сакаш линк, слика нешто да ми пратиш
Од www.bebesling.mk, 7 700 Марамите се ептен јаки, ама не толку практични зошто се само за почеток. Ранецот е до 20 кг.
Кога вашите бебиња примија трета вакцина? Всушност прва и втора се веднаш по раѓање, хепатит и бсж, така? Ме интересира следната која е и на колку месеци ги однесовте на вакцина?
Третата е на 2 месеци, според календар на имунизација. Шестовалентна е. Јас не сум ја пуштила сеуште. Др ни рече дека таа вакцина е најдобро да се пушти на 3.5 или 4 месеци, и кога бебе има над 5.5 кг. Во Италија, Словенија, Америка оваа ја пуштаат на 3 месеци. Исто не ми се ризикуваше во сезона на морбили и вируси да пуштам вакцина. Всушност, ако се прашувам јас воопшто не би му пуштала, ама ете мора.
Шестовалентната е таа, се става на 2 месеци. Во диспанзер ни рекоа треба да има над 4кг бебето. Моето тогаш беше 4770гр и го боцнаа. Педијатарот ни нагласи дека доколку е здраво бебето не би требало да одложуваме и да доцниме со вакцините, туку да си ги тераме како што се по календар. Веќе на 3.5 месеци има друга вакцина која треба да ја прими, петовалентна итн.
Доколку не ја сака десната , можеш само со лева да доиш. Моето прво синче така правеше од десна цица од лева слабо , и ми се изгуби млекото во лева града и до година дена го доев само со една. Не се секирај доволно млеко ке имаш за бебко и со една града да доиш
Zdravo majki, Dali znae nekoja dali mozam da pijam uvin caj i caj od kantarion dodeka dojam? Bebeto mi e 2 meseci, i samo na doenje e. Dali toa ima vlijanie kaj bebeto i mlekoto? imam kamcinja na bubrezite i imam bolki zaroa prasuvam ne mi po aga brusnica pijam so denovi ama ne pominuva bolkata.
Мене многу ми е страв од вакцинирање, секакви муабети и искуства се изнаслушав. Мене Др ми рече да одам во диспанзер и таму да прашам, ама додека да одам подобро тука да прашам. Бебето има 2 месеци и околу 4 ипол кила, таа и помала се роди 2,6кг, па сакам да зајакне добро пред да ја вакцинирам.
Ние ја примивме на 2 месеци и 10 дена бебето имаше 7600 г. Немаше никаков проблем, следната се става 42 дена по првата, јас сум ЗА вакцинирање и здравје ќе му ги ставам со ред сте вакцини. Ќе размислам за ранецот, мн е убав ама скапичок е
Мајки дали е нормално новороденче од 20 дена по цел ден да е будно ? 2,3 часа преку ден ако заспие ,ама и тоа е поретко. Ке заспие додека цица , го дигам да ждригне и во креветчето се буди . Од друга страна пак цела ноќ спие. Стане само еднаш двапати за цицање
Ќе полудам... Цела недела дете денски нема сон, како програмиран е, спие 30 минути се разбудува, цица 3-4 минути се трга, плачи без врска... Вака ок е со пелени, мочка, кака, нормално, ама загрижена сум. Од кога почнува тој скок во 3 месец!? Ние сме 3 и 3 дена. Скок ли е во прашање? Како влијаеше тој скок кај вашите деца? Колку време траеше, кига почна?