Stafilokokna bakterija imase prviot pat piese 7 dena amoksiklav vtoriot pat 10 dena I stavavme mikrobakt I nizita sprej I utre ke bidat gotovi rez od bris I se nadevam oti veke ovoj pat ke bidat uredni rez
Научивме да ждригаме (да не се подречиме). Колку е итра. Ја ставам на града не сака да цица, отворена уста, плаче вреска не сака да цица. Се одмолзив од шише пие. Когљ спие е со цуцла и само кенка цело време. 5та недела сме веќе, да не е првиот скок? Доколку е, колку да очекувам да трае?
Кај секого различно, но максимум недела. Ние првиот не го осетивме, ама со вториов еве втор ден нерви губам, а две недели трае
дали после скокот се смирува бебето денеска ни е последен ден од првиот скок абе вришти не сака да спие само плачи има многу грчеви :/
И се смирува. Но, ако има грчеви тоа не е поврзано со скокот, мешето го мачи. Легнувајте го на вас, меше на меше, редовно капки и ноџињата како за возење точак кревајте ги. И топла бања исто многу ни’ помогна нас. Погледнете ја темата ‘Грчеви кај бебињата’ , се надевам ќе најдете други корисни совети и побрзо ќе помине.
Вака се скоковите, сметајќи според due date. На пример, 5та недела од терминот за породување е првиот скок и трае една недела. Па 8ма недела од термин е вториот скок и трае две недели итн.
Само вода не. Денес дента пиеше млеко, па после неполн час ѝ дадов водичка, па ми поврати повеќе водено, но со примеси од млеко
Во вреќа спие моето,вечерва му се пере и го облеков во пижами и одозгора поларни шпихозни. Не го покривам бидејки го бутка ќебето и си го гушка.
Нас вреќичката ни е релативно танка, па затоа ја покривам и со лесно мало јорганче над вреќичката до половината на бебето. Со ќебе ми е страв да не се покрие врз глава бидејќи си има таков обичај кога ја покривам преку ден, а и мн ми се откриваше кога ја покривав така. Ама да напоменам дека на вечер не ја грееме спалната и знае некогаш да се симне т и до 16/7. Мн е важно да се земе во предвид и колку загревате, пред да одлучиш дали дополнително ќе покриваш бебе над вреќичка и секако колку е дебела истата.
Здраво мамички. Бебето ми е 2 месеци , пред нешто повеќе од месец забележав на вратот топче кое е подвижно. Кога ја допирам не реагира, значи не ја боли...Некоја жлездичка е знам, ама на мисла ми е...Утре ја носам на контрола, ама сакам и ваши мислења..
И мене пред некој ден ми поврати вода ама не многу,ама јас и давам да пие чајче и вода по препорака на педијатар 2,3 голтки вода после секое пиење млекце и чај по 50мл еднаш во денот,па мислам и дојде премногу дека пиеше млекце и одма и дадов водичка и затоа бљуцна Ти даваш вода чај или само на млеко е? Бебињата го повраќаат тоа што им е одвишок А за ова со неделите моево бебе ништо не праи според тоа,еве 12та недела е ама не праи ништо што ми личи на скок го праеше тоа понапред, а баш на апликацијата има громче во 12та недела,а бебка ми е најмила од било кога