Ау!!! Врескање цел ден, спана е само една партија од 3часа. Не сака да цица, не сака шише. Само ржи цело време. Убав скок не фати. Зарем кога ќе помине ќе поминат сите симптоми нервозни?
Мислам дека нема потреба, ама ти си знаеш најдобро за твоето бебче На моето кога му е затнато носето му ставам по некоја капка физиолошки, Синомарин или Изомар, зависи што имам дома, и после 5мин влечам со аспираторот па ќе излезе некое млечно мрсулче и после си дише убаво.
здраво мајкии...имаме 1м и 1недела и пиеме пробиотик Рекол уште од првата недела..нема никаков резултат..на почеток многу повраќаше ..сега нонстоп и се гади откако ќе ги испие капките...гасови има а коликите ги смируваме со бекутан чајче.. колку месеци треба да го пие пробиотикот? дали може да го прекинам на своја рака или да чекам преглед во ремедика?
Јас не давам никаков пробиотик во консултација со педијатар. Нас порано можеби пробиотици ни давале па еве пораснавме и што ни фали. Ова со пробиотициве според мене е огромна фарса од фармацевтската индустрија за перење пари. Сум за давање кога има вистинска потреба со антибиотик и при дијареа се друго е излишно. Мојава конкретно е нов човек откако прекинав се. Едино провенот и помогна кога имаше запек. Друго се само штета и правеше. Коликите се период кој мора да помине кај секое дете додека се развие дигистивниит систем и се колонилизира со микрофлора која си ја има во мајчиното млеко. И во АД формулите има пробиотици на пример хипп комбиотикот и ова со давање плус капки за мене е одвишок. Види и пробај како ќе биде бебе без, ако му е подобро слободно прекини.
Истото го мислам и јас. Му давав Биогаја до пред 1 недела и многу немаше 7-8 пати во денот ај си реков да видам дали од нив, сега помалку кака 5-6 пати во денот (само на доење сме) и полесно кака, не се мачи многу. Сега само на сабајле му давам Саб симплекс и тие ќе му ги прекинам. 3 месеци и 5 дена е. Скок не има фатено само на цицка е ми ги разрани брадавиците. Ноќе спие само по 2 сати последниве 2 ноќи... почна да си ги гледа дечињата, мн е интересен
Јас не ги ни дадов тие бугарските а ги имам дома. Имав мн лошо искуство со епсумисанот, а нели со иста активна состојка симентикон се. Можеби само така се погоди но моето бебе најужасните грчеви ги имаше додека и ги давав тие капки. Туку да прашам дали после скоковите децата си се враќаат на старо со спиењето? Досега никогаш сме немале мака со спиење на вечер си врзуваше по 4-5 часа и јас ја будев за цицање, а сега се буди на половина час цуцка 2 пати и презаспива, но штом се обидам да ја прелегнам се буди и се така во круг. Инаку во 4 скок сме кој трае 5 недели. Жива не наспана сум. Уште 20 дена имаме. Се плашам да не и остане ова навика.
Моето па од Колиеф имаше мноогу грчеви ептен од ко му дадов цел се виткаше. Овие бугарските и еспумисан му одговараат. Е па и ние сме во тој скок од 14 ипол до 19 и пол недела што трае. ќе издржиме јаки сме ние жените.
https://www.bellybelly.com.au/baby/4-month-old-baby-6-changes/ Еве може линков ќе ти помогне, околу четвртиот месец се јавува 4 month sleep regression и да ќе се врати на старо бебуш,немој да се грижиш. Сакав да те прашам за провенот после колку ќесички се регулираше столицата кај вас и дали одат 1 ќесичка на ден?
Е па да мојава дека порано се роди 2 недели, нас подоцна ни почна скокот. Кои промени ги имаш забележано во однесување како прогрес во овој скок? Мојава почна да се смее на глас, тропалките ги тресе горе долу, па ги фрла, почна активно да брбори нешто како ба-ба, помалку грчи што и беше пракса до пред некој ден, се сврте неколку пати од меше на грб( и треба уште вежбање за ова- малку е тромавка) се исправа во седачка позиција кога и подавам раце (и со ова малку закаснавме ама тоа му го припишувам на тоа што се роди малце порано.)
Фала ти, ние мака мачиме со какањето. Инаку странава е австралиска,една членка тука ја имаше постирано.Јас се регистрирав и секоја недела ми стигнува имејл за карактеристики на таа недела и плус има уште многу други корисни работи.Ја препорачувам.