Мојава не идеше по 4 дена. Многу мака видовме. Најлошто беше што не испушташе скоро ни гасови. Среќа се среди. Многу интересна статија. Поштувам квалитетни веб страни, бидејќи најчесто интернетот е преплавен со безвредни инфо. Во се ја пронајдов. Ти благодарам мн.
Рачињата си ги гледа и ги пика во уста се почесто, се крева, се исправа, гледа повеќе во играчките му гуга, понекогаш му се пушта некој глас вика на сите ни се смеј, смеалче е, станува и се смее Не се превртува сеуште само странично се врти и нагоре се турка ко ќе лежи, а на меше не го имам легнато незнам што би направил, само ако има грчеви го легнуваме ама на нас кај некој в скут.
Моето од денеска влегува во 3 скок според табелата па ќе видиме како ќе поминеме. Ама овој трае една недела ко што гледам, ќе се издржи некако @lackygirl нашите се во ист ден родени ама можеби твоето е баш на терминот па затоа сте во 4 скок веќе? Моето исто ко на @milaaa991 2недели пред термин се роди, па веројатно затоа покасно ги има скоковите. Инаку, бебо мој доста лесно помина со грчевите, дали недела дена го држеа само, иако јас давав капки Инфакалм 5-6 недели, исто со симетикон беа. Кај него скоковите досега беа поизразени во лошо расположение Линекс пробиотик давав само едно шишенце, дека еднаш имаше лигава столица и толку. Кака по 1/2/3 пати на ден веќе месец дена, зависи кога како. Сега се почесто гуга, многу се смее, сака да го муабетиме, ги гледа тропкалките, ги следи со поглед. Пробува да се сврти од грб на меше ама уште неуспешно
И јас не давам ништо од ова. Мислам исто како тебе,само ако има потреба. Давам чајче повремено и кога е вознемирен почесто цицање и галење ни помага
Zdravo Ve molam za sovet Bebeto ima 3 nedeli Na doenje e no vo kombinacija so ad poradi to sto malku napreduvavme so kilaza Dva dena ne moze da Kaka , mese naduvano ... Kolku Dena e normalno da ne see iskaka so ogled na toa sto ne sme na ekslkuzivno doenje ? Dali da dadam.cajce ili nesto drugoto ??
Шо скок ќе беше овој!? Ние сме за некој ден 15 ненела, ама веќе 2 недели бебе е во скок... Значи него му почнал на 13 недела, место на 15. Ја имам апп, мојот е баш на денот од терминот роден, ама не ми се поклопува. Тоа ми кажува дека ништо не може точно да ти каже што и како со бебе. Секое бебе своја приказна. Душичка моја синоќа едвај заспа во 4 саат, еве го сега буден. Мојов гуга, се смее, рацете стандарт во уста, се лигави, ги фаќа играчките, ги спојува рачињата, сака цело внимание него да му го посветиме, сака многу да не допира на лицето... Овие две недели заприметив дека почна да ги крева ножињата, почна да се интересира ама баш буквално за се. Се врти на секој нов звук, на секое движење, цица па се трга разгледува околу. Вчера беше патронажната дојдена, рече на меше ставање обавезно, тоа е почетна фаза на лазење. Ми покажа и некој други вежби за вртење на грб, меше и странично. Јас исто, до сега не сум дала ама баш ништо за грчево. Се си има во млекото. Освен топло и љубов не му треба ништо. Тоа е се "лажи пари".
Во понеделник полниме 1 месец и веќе една недела како после доење синко бљуцнува по малку кога ке ждригне ,но не од млекото што цицал сега ,туку од постарото бидејќи мириса на кисело и е како засирено. Дали е ок тоа ?
Ок е, мојот блуцкаше се додека не почна да јаде цврста храна. Се додека не е ептен често и во млазови, не е страшно. Голем дел од бебињата го повраќаат вишокот млекце.
Ова за постаро млеко немам приметено. А за бљуцкањето се намали од кога прекинав да ја кревам да ждригне. Значи ја оставам да полежи или ќе си се успие така и не ја кревам воопшто. Така никад не ми вратила млеко. Чим ја кренам одма бљуцка и повраќа некогаш во млазеви.
Јас дојам ама не давам ад млеко, настојувам да цица. А за какање имам совет од доктор и бабицата добиено дека нормално е 10 до 14 дена да нема столица. Јас на мојава и давам капки за подуеност и грчеви, чај не пиеме од шише или подобро кажано воошто и го масираме стомачето 3-4 пати на ден со една маст tamany... Повеќе незнам, можеби некои поискусни ќе ти дадат совет.
Ох генерацијо, и кај нас е на повидок 3 скок, вришти два дена по ред, особено навечер, едвај го смируваме со мм. Се тешам дека една недела само трае овој, мислам дека следниот е пострашен, тој во 4 месец
Добро утро мајки. Бебуш е 3 месеци и до сега пиеше млеко од 120-150мл. Последнава недела се помалку. Некој оброк 90мл,некој 60. Дали е нормално? Некој искуства? Инаку не дојам,само со шишенце сме.
Кај нас се забите. Кутрото рацете си ги изеде веќе,а и нервозен преку ден ужасно. И многу послабо пие млеко.