Можеби ќе избегам од темата, преместете ако треба.. Како се справувате со стравовите? Бебето ми е 2ипол месеци и многу се нервирам што за било која промена веднаш помислѕвам на многу лоши работи...Дали ви се случува вака?
За бебето ли се плашиш? Донекаде нормално е,како велат што ти мисли мајка недај боже. Ее колку пати сум гледала дали дишат. Но, позитивно само, опушти се малку, нема потреба да се оптоваруваш толку. Бебе ќе менува, ќе расте, ако така правиме за се кај ни е крајот.
Тоа е мајка. Еве јас имам бебе 7ипол месеци. Некогаш мозокот ми забегува, па по црла вечер праам филмови и не спијам. Ама со тек на време добиваш самодоверба, влагаш во бубањ и живееш така. Ако ги живееме стравовите од сега... каде ќе не однесе тоа? Јас верувам дека мајка ми и ден денес се плаши за мене на ист начин иако сум крава од 30 години. Пробувај да ги избегнеш мислите,зошто нигде не водат. Уживај со бебето, зошто веќе никогаш нема да биде волку мало. Како растат и грижите растат, ама не смееме да дозволиме да не победат. Пиши за било што тука, сите истото сме го прошле или го проаѓаме. Таква ни е улогата. Улога мајка. Најубава и најстрашна.
Кога и да ми се јави причина за нервоза, се потсетувам дека детето ми чувствува се’ и му ја пренесувам секоја емоција. Не сакам апсолутно ниту една негативна да е тоа, се карам сама себе и си ги насочувам мислите на убави нешта. А поубаво нешто од овој период сега има ли Твоето бебе ја заслужува најсреќната и исполнета мама на светот, биди тоа за него. Храбро си ја поминала цела бременост, породување и првите недели и се е супер, сега само растете и уживате во новите предизвици. Ни’ идат пролет и прошетки, гушни бебче и шири му убава енергија
Јас на почетокот мислам дека не спиев од што се грижев премногу за се околу бебо, и ептен ме заморуваше тоа мислење. После некако добив поголема самодоверба сама во себе, и улогите со мм ни се сменија, сега тој паничи, јас го смирувам. Не дека сега помалку се грижам и плашам, ама се навикнав дека имам нова улога во животот. Морам да кажам и дека многу ми помага темава и искуствата од тука, иако виртуелна, поддршката ја имаме Затоа фала ви на сите, знам дека некогаш претерувам со прашања Така и за промените во расположението и однесувањето кај бебо, скокови или не, подруго е кога ќе прочитам дека некој веќе минал низ истото и знае да ме утеши дека ќе заврши тешкиот период. Плус тоа читам дека кај бебиња на иста возраст во исто време исто им се случува, значи има нешто И така, тоа сакав само да кажам
Ви благодарам многу на сите. Претерувам и јас со прашања, но навистина е полесно кога со тебе ќе сподели искуство мајка која веќе минала или минува низ ист период...После ја носам на контрола и се молам се да биде добро. Многу се обидувам да не мислам лошо, но некогаш едноставно мислите сами ми надоаѓаат и плачам, се нервирам со сама себе... Да ни се живи и здрави само, друго не е важно
И јас го имам стравот. Додека е во креветче проверувам дали дише. Кога е во количка исто. Кога спие подолго без да се разбуди - исто. Кога се засркнуваше од почеток, страв ми беше да ја ранам, се тресев додека пиеше млеко. Ама и паничар сум по природа ... Инаку, колку често ги штетате вашите малечки? Ние од двор и од кај мајка ми, никаде не сме отишле, од страв од морбилите и грип, а дома веќе полудувам ни доаѓаат често посети, така што не сум и вака најбезбедна. Решив деновиве да прошетамепрошетам до кај другарка, па си барам утеха и поддршка во одлукава
Ако се плашиш за бебето тоа е ок, нормално е без гајле . И јас сум иста. Ако спие повеќе време од вообичаено веднаш ми е страв да не му е нешто лошо, ако плаче исто го помислувам. И ред други работи.
Во сите мислења во последните 2 страни се пронаоѓам. И ние сме во скок, бебе само на цицка сака, плачи за ништо, не спие... @snegce Стравови имам и јас, некогаш мн грди мисли ми идат ама пробувам одма да ги терам, иначе сум поопуштена за разлика од мм е многу поплашлив не го остава од вид ако го чува и дури и не го бакнува да не му се направело нешто, додека па сите др баби, тетки го бакнуваат и јас неможам да ги запрам, мило му е на сите, ќе се налутат ако му речам, па ете и ништо не му е од ко го мачкам со Еуцерин Ние сега во април ќе ја примаме втората од ДиТеПер вакцина мсм дека е петовалентна, со првата поминавме супер, во бутче му ја ставија. @Viki tonci @Nalla јас сеуште ги пијам витамините 3 месеци после пораѓај и планирам дури дојам да ги пијам, па еве и косата не ми паѓа сеуште можеби од нив И на крај сакам да пишам дека мноогу ми помага форумов, посебно темава, со сите мајки што ни се врсници бебињата си разменуваме искуства и совети си делиме, пред да прочитам овде појма немав што се тоа скокови и да не знаев ќе ми беше мн потешко ќе мислев дека нешто го боли или дека е гладно а кога му кажувам на постарите скок е ова и толку трај (мајка, баба, свекрва) си велат оваа мрдната е од дома седење
Мајки денеска керка ми ставајки ја во столчето за седење не забележав дека ја мушнала раката од страна и јас за да го пуштам повеке и го претиснав прстето и од кај ноктето и тецеше лрв дали треба со ндшто да интервенирам. Значи има како пресњчено на прстето
Да, за бебето се плашам...Порано овие стравови ги имав за мене, сега наеднаш почнав за бебето да се грижам..Еве има една како жлездичка на врат и јас веднаш 1000 филмови во глава. Сакам да сум малку похрабра и попозитивна. Многу се нервирам
Ние ја ставивме денес првата( т.е. третата) и не боцнаа во раче. Зошто кај вас во бутче, сега ми е мисла тоа. Сега спие , мирен е, ќе видиме како ќе биде. Ставивме лепенка и по потреба чепче ни рекоа ефералган( дај боже да не ни треба) За стравови @snegce не си сама. И со второ дете е исто. Затоа викаат што мисли мајка да не даде господ.
Шестовалентната ја ставивте денес? И моево во бутчето го боцнаа тогаш. Ми рекоа освен БСЖ, другите сите вакцини до годинка се ставаат во бутче.
Да, шестовалентната. Како може да е различно? Сега стварно ми е мака, да не ни згрешија нешто. Има некој што ја примиле во раче?
Ние се спремаме следна недела за шестовалетната,не да се плашам страв у коски имам ама мора да ја ставиме. @Viki tonci Прво крвна слика правевте?
Не би требало да е проблем, сигурно не боцкаат прв пат сестрите таму А кај моево баш и во картонот за имунизација запишаа во која нога го боцнаа, за следен пат да боцнар во другата. Мене па ми беше чудно оти во нога го боцкаат Јас ќе го носам на крај на март за петовалентната, се надевам лесно и убаво ќе помине бебо. Тогаш ќе му правам и прва крвна слика. Од диспанзер ми рекоа на 3,6 и 9 месеци да носам кс, како систематски преглед ќе му правеле, покрај вакцинирањето.
Кај нас прво во левото бутче така ги ставале секогаш тука за да памтеле, сега во десното следната петовалентна која треба на 02.04 да ја ставиме (42 дена после првата ДиТеПер 6валентна). Иначе ние направивме крвна слика на мое барање, Јас сакав, а немало потреба, за следнава незнам дали треба, ќе прашаме.
Имаш знаци на анксиозност, зборни си со психолог. Мораш да ја надминеш состојбата пред тебе се годините заедно со детето. Јас цела бременост се водев под паролата “што сака нека биде”, а сега продолжив со “само позитива”. Кога ќе се фатам како станувам на прсти дали дише веднаш си зборнувам со себе “олабај жено!”. Се задавуваат ли вашите од плунка? Не знам дали оти е бебе или генетски е. Јас оти до ден денес се давам.