Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    @FreeMind и мојата се задавува, закашлува од плунката и одмљ нагон за повраќање.
     
    На derjus и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. Viki tonci

    Viki tonci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2018
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Не, не правевме к.с., немало потреба. Имавме правено првиот месец ок беше. Да имало барем 3/4 месеци период од една до др.контрола на к.сл. а и за вакцина немале важност параметрите на к.сл.( кажано од два педијатри)
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.669
    Пол:
    Женски
    Нашиот педијатар ми даде упат за к.сл рече прво тоа па на вакцина.
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.074
    Допаѓања:
    72.413
    Пол:
    Женски
    Надвор можеш да ја шеташ колку сакаш на ова време. Да се пикаш по молови е греота на времево. Кај другарка оди слободно, нормално ако се сите таму здрави. Ќе се чувствуваш релаксирано, ќе напраиш муабет,ќе се олабавиш, слободно оди.
    Ние правевме кс, па вакцина. Мојата матична не прифаќа другчие.
    Немавме никаква реакција, ако ти е утеха.
     
    На monik55, happygirl и Ljubica87 им се допаѓа ова.
  5. CatL4dy

    CatL4dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    И нас обавезно ни бараат кс пред вакцина, исто ако ви е за утеха и шестовалентна и петовалентна ги поминавме без реакција.
     
    На monik55 и happygirl им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.040
    Пол:
    Женски
    Токму така. За вакцина немаат важност параметрите на крвна слика.
    Другите педијатри каснат со медицината.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Синчето мое ја прими во рака. Не се секирај. Мене ми рекоа дека до годинка практикуваат во бут, а после годинка во раче што значи може да се прими и на двата начина
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Viki tonci

    Viki tonci Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2018
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    804
    Пол:
    Женски
    Многу ти фала што пиша, мислев да го пратам мм да праша зошто го боцкаа во раче. Значи не сме единствени.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Затоа сме тука, да споделиме за да нема грижи;)
     
  10. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    А мора ли дента кога е запишано за вакцина да се носи или може и подоцна и ако може треба ли да им се каже?
    И од таму ли те советуваат што да даваш ако има тт?
    И ние треба да ја примиме таа на 2,5 м што е и мене ми е многу страв како ќе поминеме.
    За топломер да прашам каков користите, имам и обичен и дигитален, ми покажуваат различно за 0,2, не знам кој е точен, се сомневам во исправноста на дигиталниот, дали да купувам и трет?
     
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Нас во јс ни рекоа датумот запишан најрано може да го носиме за наредна вакцина, а наше е да одлучиме кога.
    И за температурата не советуваа, ама може и да си прашаш што те интересира.

    За топломериве незнам што да кажам. Јас со дигитален мерев и различно покажуваше на чело и на слепоочница. Потоа прочитавме во упатството дека пишува дека при мерење треба да се движи од чело кон слепоочница и така добивме температура иста како со обичен топломер.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nalla

    Nalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2018
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Мајки имаме 7ипол недели. Многу е мирно и весело бебе, буквално не памтам дали некогаш заплакал, кога имаме грчеви кенка по малце и испушта гасови, знае да се вцрвени и грчи и тоа било најстрашно до сега. Денес цело сабајле си гугаше и се смееше, наеднаш во еден момент почна да модрее од вриштење, 20 мин без престан, едвај ја фати градата па заспа. По 1 час почна во спиење да плаче премногу болно, пак без престан, до заоѓање.
    Сигурна сум дека нешто го боли, можно ли е дури сега вака болни грчеви да го фатија? И кога потплакува, некако е од нервоза-глад/пелена/неспиење.. ова сега е страшно, прегласно и болно, се пробав не престанува, не знам како да му помогнам, прв пат е вака...
     
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.381
    Допаѓања:
    24.989
    Пол:
    Женски
    Ако се грчеви ќе ги витка и ножињата ќе се стега, дали се покака, можи и за какање да плачи така. Друго види раслечи го да не му е случајно газето црвено (еднаш 2 сати плачеше од потпрено газе моето, се додека не го слеков вриштеше мнооогу). Сега брзо ноктето на палчето на ножето му беше влезено в месо и затоа плачеше многу...
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.827
    Допаѓања:
    145.515
    Безконтактен на Микролајф. Го имаше пофалено Мариз, па го земав. Сега е бебе може и ќе успееш да измериш под пазуви, ама кога се поголеми, мрдат, скиснати со Т, тешко е .
    А со овој мери за три секунди.
     
  15. derjus

    derjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2018
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    недела полниме два месеци кога треба да ја примаме вакцината? и дали треба крвна слика ?
     
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.196
    Допаѓања:
    40.567
    Пол:
    Женски
    Синко ја прими многу подоцна ама од оправдани причини. Во секој случај кс ни бараа во диспанзер задолжително и таму го прегледаа.
     
    На derjus му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.545
    Допаѓања:
    38.809
    Пол:
    Женски
    Нема врска што нема точно два месеци да е. Мојот ја прими на пет.
    Јас правев крвна слика пред секоја вакцина.
     
    На derjus му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Шеќерно

    Шеќерно Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мајки моето синче (3 месец) имаше осип на лицето бевме на лекар и докторот ни кажа дека е детска егзема дека било нормално за повеќето бебиња им се појавувало и дека за некое време кај некои ја снемувало и ни кажа само да ставаме крема сабалје и вечер.Купивме крема и за среќа за 2 дена црвенилото го снема кое веќе траеше веќе 2 недели но еве после неколку дена пак се врати.:(;( Дали некој се сретнал со ова и дали трае долго бидејки читам на интернет може и до 2-3 годинки да ја има ве молам за совет што да правам
     
  19. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    @Шеќерно каков осип, на кои делови од лицето? И кај син ми пред некој ден се појавија како ситни брумчиња, бубулички па се мислам да не е и кај нас таков осип.
     
  20. Шеќерно

    Шеќерно Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    @bella.s Најпрво се појави на едниот образ и потоа малце и на другиот со црвенило и кожата му беше по сува. Но сега со кремата не е сува ја хидратира но црвенилото пак се појави