И на моето синче лицето му беше многу црвено и многу суво кога ќе го исфрлеше но со кремата која што ја земавме Eubos (германска бидејќи сме во герм.) Која е за сува бебешка кожа за два дена кожата му стана нежна и црвенилото го снема но еве сега пак се врати не е толку колку првиот пат но пак има А што ви кажа докторот од што се појавува тоа? И колку има наполнето твојата ќеркичка?
И моето имаше црвенило и ситни брунчиња. Заштитниот крем на Бекутан со цинк оксид и помогна. За брзо време и се обнови кожата
исто веќе 3 дена вришти од 5 поручек до 10 само плачи не сака нисшто само да цица и повраќа многу плачи дур да се искака изгледа сега се нсјинтезивни а гас вадиме само од уста ич не прда за да се олесни користам биогаја колиеф и инфакалм
Мајки кои доите јадете ли зелена салата, краставица и дали јадете свеж кромид и праз? Баш ми се јаде се, ама првите две работи не јадам за да не му смени боја на измет на бебе, а вторите за да не му мириса млекцето? Така ли е или грешам?
Колку има бебуш? Сум јадела се освен зелка и грав. Инаку од кромид и лук ми надоаѓаше млеко и викаат дека децата после кромид многу го сакале млекото. А јас мислам лично и дека претеруваме малце. Сите бебиња порано цицале по 3 години и нашите сигурно не пазеле дали јаделе нешто за гасови или бојата на гомцето. Ако има бебе поише од 5м веќе се можеш нормално да јадеш, до 5м грчевите се интензивни.
Ти благодарам мила за брзиот одговор. Синко има 2,5 м и има сеуште ептен грчеви. И јас знам многу примери каде мајките се си јаделе, бебињата си биле супер, а ја пазам на све, а бебчо пак има грчеви. Ај ќе почекам уште малку.
И синко имаше многу грчеви, ама ептен многу и некаде кај 5м се накркав гравче и дете пишеше како лудо, после еден месец веќе јадев нормално и ништо не му беше. Ама за марула, краставица, кромид и лук, мислам дека не е проблем. Особено за кромид и лук, мене ми викаа јади кромид полесно ќе фати да цица, вероатно кога се лачи млекото поинаку мириса и им е повкусно. Мојот не фати да цица никогаш ама млекото си го пиеше.
Јас не јадам никаков зеленчук, освен морков и компир. Од овошје само јаболко, круша и банана. Се останато го тргнав на страна да видам дали има врска со грчеви. Факт е дека нема, еве го бебе полно грчеви. Бабицата рече дека грчеви/колики има само во Европа, во Африка нема. Исто и проблем со голтање има само во Нов Зеланд и Австралија. Се тоа зависи од степен на развој на народите и со што се замараат. Ете ние сме до развој колики и тука се забетониравме. Кај да е во следни генерации ќе ги надминат и ќе им текне нешто друго.
Моето ретко се шлака до грб кога кака, и тогаш секако го мијам на чешма Инаку ми бркаат работа туферите. Јас после 2 месеци почнав буквално се да јадам, и не му смета ништо досега. Ама бебо и немаше така јаки грчеви како што ве читам вас. Важно не си кратам веќе од ништо, освен алкохол што не пијам веќе скоро година
Од сам почеток пијам чај од анасон, па не му помага за грчевите. За млеко помага, надоаѓа многу, дури прска само од гради и бебуш се дави, ама за грчеви не.
Буквално се конзумирам освен газирано. Немам приметено дека нешто му смета. Се плашев од благото и кафето ама почнав по малку, не можев да издржам и ок сме.. Мислам дека се е навика од сам старт, ама тоа е моја теорија, можно е да грешам и секое бебе да има различна толеранција кон разна храна..
@FreeMind уште малку и ќе се спасиме, после 2ипол мес ќе ги снема верувам. После ќе почнат заби и така се во круг, додека не дипломира