На најдалечниот штекер имам една мини ламбичка од 5цм, колку да си го најдам детето кога ќе заплаче, зашто неам светлина од надвор.
Тахикардии чим го видов, многу језиво изгледа Туку Биогаја нема во ниту еден Зегин и ми рекоа сега во дежурнава дека уште некое време нема да ги има. Во Еурофарм се јавив-не држеле Биогаја. Чаре? Да не случајно знаете каде има, или пак квалитетна замена за истите?
Језиво е да, посебно ако нема косичка бебето е ептен изразено, но е сосема нормално така да не се секирај. Биогаја знам имаше на времето во Ани Фарм во Капитол мол, сестра ми од таму ми земаше.
Во темница, дур беше ептем мало оставав мала лампичка, ама почна да и смета. И јас воопшто неможам да спијам ако има во соба некое светло или тв уклучен
Гледам синко ми е плачлив овие неколку дена, погледнав на слика од апликацијата, најверојатно го фатил скокот од 11,5-12,5 недела. Овие 3 дена преку ден многу малку преспива и тоа само во раце, ако го оставам веднаш се буди, а и навечер потешко го успивам. Откако ќе го ставам во креветче почне да ги пафта нервозно рацете и почне да плаче и се буди. Поврзано ли е ваквото однесување со скокот или нешто го заболи па затоа така мрда и почне да плаче?
Ние сме 8ма недела и буквално исто како што опишуваш е со спиењето последнава недела. ( ни’ завршува вториот скок иначе ) Се надевам дека е со скокот поврзано затоа што воопшто не преспива преку ден, а пред тоа убави денски дремки имаше, а и да заспие тоа е само во раце, чим го оставам на кревет, па дури и во количка, е живец. Едвај чекам да заврши, се надевам ќе си се врати на старото мирно спиење.
Тераме 7ма недела.. Преку ден не преспива ич. Таман ќе заспие за 10тинс минути се буди и само е кенкава, цело време сака да јаде. Де од града, де ќе измолзам ама на 15тина минути јдење и млеко салам не се создава. Како се справувате со ваква ситуација за јадење? Овие скоковите аман веќе, бебе само плачи, неможиш ништо да и угодиш не сака ич да спие. Како што пишаљ погоре во раце дремка во креветче се буди. Ако е вака се мислам да вметнам и ад, на 15мин цицање не и тече како што си сака и се нњрвира а од шише ќе и измолзам си шмука госпожата. Од кога почнавте со давање на чајче, какво, по колку, секој ден?
И кај мене скоро 8ма недела око не затвори вчера преку ден. Ма не нишкање, шетање надвор, внатре на глава застани бебе не спие.
Истото го поминавме и мислам дека не е гладно, скок е во прашање, не давај АД ќе помине за ден два. Само на града беше 2 дена цели, ич не спиеше ни дење ни ноќе... чајче пробав од 3 недели но моето бебе не пија чај, еве скоро 4 месеци е не сака чај, не сака шише, не сака цуцла ништо, само цице јас се навикнав веќе, тоа е...
Девојки да ве прашам за голема молитва се зема точно на 40 ден? Што се прави доколку мајката сеуште не е исчистена? Кај вас дали е со закажување во црквата и колку се плака?
Лаки фала ти многу на одговорот. Овие скоковите многу наблизу, нормално, бебе си расте ама ту мач е... Не давам ад, ама на града и шише (молзено) цело време не остава простор за ново млекце да се направи.