Како ги одвикнувате од спиење на цицка? Плаче да добие и воопшто не цица си игра и си задремува. Извади ја се буди и плаче.
исто и кај нас се појави ставам масло чешлам не поминува имало некоја пена шсмпон од мустела зс теменици ако не помине ке купам јас
Освен со думкање, кај нас ништо не помага... Неколку пати ми се деси сам да заспие во креветче, со пуштена тивка музика и галење. И мојов е таков, прв лигуш, само шо ќе ја допри цицката затвара очи, а претходно се мачи да заспие.
@lackygirl аууу значи да се спремам и психички и физички кај нас уште нема ништо, по апликација гледам ке почне за една недела
Малку по малку на муце да и ја триеш лажиш, можеби ќе ја фати сама со муцето. Ние имаме ново ланченце за цуцлата да не ни паѓа.
Еве мене на доктор ми рекоа дека атопичниот дерматит е уствари тип на алергија на храна. Ми забранија млеко, јајца, чоколадо, јаткасти плодови... ова се јавува после 2ри месец така да внимавај, мада не мора да значи дека се јавува кај сите. Позз
Речиси од сите купив, најмногу се задржа на нук па од нив ги земав од 0 до 2, од 0 до 6. После доење никако треба време да помине па да земе цуцла и тоа со фаца ќе повратам и трае една минута најмногу. Може подоцна ќе ја засака.
Џабе е, еве истото е и кај нас со 3 цуцли пробав и од сите се гади, сите ги плука и заспива само на цицка. А секој божји ден пробувам му ја давам и не ја засака.
Исто, што не купив. Уште авент остана, слушам искуства од мајки со иста мака дека само таа им ја сакаат па ќе си ја пробам среќата. Сабајле се нацицавме и така надежни излеговме на кафе, после 10мин му се приспа и почнаа плачките за цицка. Се пробавме, нема смирување. Оставивме полни кафиња со татко и правац дома. По секунда ипол на града-кома. И еве сега сфатив дека не сум кафе пиена денес
И ние се пробавме еднаш да се шетаме и одвај 300 метри направивме рикверц количката со плачење до дома и нормално цицање за да се смири
Јас купив три врсти цуцли, само авент ја сакаше. Исто и со шишиња, од трите само авент го сака. Сакав да ја учам на различни форми, да не се врзува за една само, ама ете на крај си покажа што преферира и отидов купив пак такви за наредна големина.
А оти не ги надоите надвор кај што сте? Со марама без проблем ќе може да го направите тоа, башка мали се вашите, полесно е кога се помали.
Јас дојам надвор во парк кај што има деца и возрасни. Покривам со тетра и си цица. И во кафич и кафана ако треба ќе дојам,кај што му се јаде ќе јаде. Дома за цицање да се враќам нема шанси,вадам града и си цица.
Другарице @monik55 ете уште една заедничка ствар. Јас дојам било каде и без тетра да се покривам. Мојата кога ќе врисне мора веднаш да се регулира со млеко, ама одма. Плус сум поборник за јавно доење кој го смета за недолично нека му смета за навек, моето дете ќе го хранам каде ќе посака и нема закон што може да ме натера да се кријам по смрдливи тоалети полни со бактерии. Од опрема за прикривање имам само прслук за да ми ја олесни манипулацијата со градата.