Другарице ти реков јас дека јас и ти ќе станеме бфф Трудничките хормони не ни пријаа ама затоа мајчинските Се покривам со тетра ептен зашто и татко ми 90% надвор е со мене па така попријатно се чуствувам. На сите бабите им помагаат нас Деде
И нас ни помага деде. Јас веќе отрпнав пред него. На секое иди да ми помага, а мојава 24/7 е прикачена на мене и плус прета мрда и нема шанса цело време да се покривам. Сигурно ми помага и бабичка од рајот
Ви се радува од горе верувај Кај мене баба нее способна да го чува и да му помага ама доволно мие што е тука. Али ваква љубов внук дедо не сум видела
И јас сум поборник за јавно доење, дојам каде ќе стасам и без марами Во кафа , кафич, во парк, пред свекор ми, пред татко ми... Имам познанички што ме прекоруваат зошто сум доела на јавно место, и истите не се излезени од дома зошто бебето цицало
Нека седат дома со години таман да им дојде паметот при лудачка хистерија добиена од дома седење Јас не знам дали на некој гола града при доење му е секси и дали е тоа нешто срамно. Мене одувек ми било чин на хранење на бебе и толку никако поинаку не може да се гледа на чинот. Не знам дали има маж кој ја гледа градата во моментот како града бидејќи самиот чин вриска на мајчинство во нивниот мозок една посебна света фиуга.
Моево се исфрли по лице и ми рече дека е атопичен дерматит , баш прашав дали треба да исфрлам од исхраната нешто бидејќи дојам , ми рече не ништо не треба да исфрлам . Да незнаеш веќе на кого да веруваш
И јас бев преплашена кога сефте излегував со бебе, цела прашалници во глава. Ама со тек на време се опуштив и доев и уште ја дојам на јавно место, покриена со марама или тетра. И во ресторан сум ја доела, и во трговдки и во парк. На гости кога ќе се погодевме ќе ги замолев ако можит во некоја соба да одам.
Можеби би доела во кафана, во парк или било каде, секако нели не е истакната целата града, а не верувам и дека некој би гледал од страна. Но, пред блиски машки, брат/ татко/свекор/девер/зет/ другари на мм ми е незгодно и мислам дека не би доела. Подржувам доење на јавно место,ама јас не сум баш опуштена.
Кај мене има врска храната. Кога му излезе на почеток на лицето, пазев на храната и ок му беше, после малку се опуштив и пак јадев и јајца и млеко и миндали, лешници и наеднаш му се влоши. Сега со кремата од скендер за три дена му помина, јас внимавам на храната и ке пробувам полека едно по едно да тестирам што му смета
Бебето ми бљуцка нешто ко вода, а вода не сум и дала. Пие АД и цица, повеќе е на Ад, што може да е? Дури во петок сме на лекар...
Да знаеш мене еднаш како лом ме направиа на фб на таа групата за доење,прашав дали доите надвор и дека јас сум ЗА да се дои надвор,и 300 приватни пораки ми изнапишаа како сум била лудача да вадам цицка,маж ми како ми дозволувал такво нешто бла бла...не вратив на никој само се чудев на македонштинава За жал си доев само 2 месеца,сега сме 3 да доев сегде ќе си цицаше,незнам како може да е срамота да јаде бебе...уште се смееме за некои пораки со мм
До толку сум опуштена и детето си го ставам на прво место, што пред секој дојам. И на гости кога одам, и дома кога се другарите на мм. Нема ништо срамно, не се стегај, тоа е нормално, постои од секогаш и ќе постои. Сите сме цицале некогаш! Добро кажа @FreeMind, нема ништо секси и ти воошто не правиш нешто за да го привлечиш машкиот пол. Едноставно дете си бара да јаде...
Ако некој во тој чин на доење гледа нешто сексистичко тогаш проблемот е во неговата глава и треба тој да се срами. Јас не го доам секаде поради непријатност од страна на позициска поставеност, галама....сакам бебе да си ужива и јас да сум пријатно наместена, затоа и не би во кафани, кафичи и гледам да истемпирам време. Во парк, да
Доев скоро 9м , никогаш на јавни места или пред некој др освен мм и мајка ми , едноставно неможам да се опуштам и за мене лично е неудобно тоа . Не осудувам др ни пак мене некој да ме осудува сакам , тоа е ствар и Избор на една мајка . И не не излудев од дома седење ,ни пак бев затворена и не трчав по улици , едноставно темпирав време и организирав потреби , паралелно со неа да и е угодено се . Се измолзував по потреба кога знаев дека може да посака и си носев , среќа може имав и што она си беше ко темпирана со цицањето , и се смирувала и со цуцла при лесни плачки. Не значи дека ако не доиш јавно дома заклучени седат , се може да се прилагоде .
Јас можам само да кажам блазе вас кои доите, млекото е секогаш со вас и на идеална температура и можете да му дадете на детето да јаде било кога и било каде да побара. Ние сме на ад и кога излагам некаде цела кујна со мене ја носам: шише, термос со топла вода, превриена ладна вода ако треба да се разлади водата од термосот, ад млеко. Па дете вришти додека да го спремиш и да погодиш идеална температура и еден куп други глупости.
Женски користи ли нечиво бебуле еко пелени? Размислувам да ги пробам, ме мисли само дали е голема обврска со перењето цело време. Како сте задоволни?
Мамички, по колку време спијат вашите бебиња што се 2-3 месеци? Моево некогаш знае да биде будно и по 7 часа, а некои денови едвај по 1,5 часа е будно и пак сака да спие...Нормално ли е?
моево бебе е два месеци некој ден само спие некој ден ич не спие денски навечер обавезно е буден од 2 до 5 сабајле изгледа нормално е
Не сум користела, баш од таа причина. А ги гледав на Али, ефтини се, се мислев да си порачам за летово.