Мојов како програмиран, секое сабајле околу 6 се буди со плачење. Така веќе неколку денови. Додека не го кренам во раце и гушнам не се смирува. Имала некоја мајка слично искуство, и од што би можело да е. Иначе 16 недела сме, дали е можно да е од скок?
Нормално е, се исклучува човек понекогаш. ЈАс еднаш испаднав да пазарувам без дете и на среде пазарување се приметив како ја клатам количката за пазарување напред назад како кога количката на децава ја возам за да заспијат. Кузнее од страна како сум делувала.
Нашиот беше од 0+, јас од 1 месец почнав да го ставам. Види на релаксаторот од колку месеци смее да се става
Фала на сите за советите. Еве уште еден проблем испадна, од курето како гнојче бело му истече, јас се преплашив, сеуште не му е отворено, пробувам на капење но не може не се отвара, се јавив кај матичната и ми рече штом не е црвено немало гајле да го чистам со камилица. Прашав другарки што имаат машки деца и тие го имале истиот проблем. Можи и од тоа да плачи
Од вчера изгледа трет скок. А и заби во најава, сега татко му го виде. Неќе ни во креветче, ни во раце, ни релаксатор, ни надвор. Абе до ВЦ да не можам да отидам, пишти. Глава ме фркна.
Дали и вашите бебиња бараат цело време да сте до нив и до кога ќе трае ова? Мојава ни една секунда не седи сама. Со неа во раце јадам, одам во вц, чистам, вадам цвеќиња... Абе 1 секунда ако ја оставам плачи куќава ја крева. Од секогаш така. Не е скок да се надевам ќе помини. Не можам нишш да сработам. Кога сум сама и гладна седам некогаш. Натежнува веќе не се издржува. Во последно време и многу е гласна. Изгледа си ги тестира гласните жици. Па сама си пее пред спиење "ааааа" Комшиве ќе се одселат.
На апликацијава до кај година и пол отприлика. 10 скока се. Приврзана за мама. Јас па се љутам дека не плаче по мене. Сеедно и е кој ја држи, битно да ја игра. А околу гласот, мојава од таа фаза си остана гласна сеуште.
Од кога е родена е гласна али мислам дека со вториов скок достави децибили. Јас имам видено бебе да плаче абе мојава рика вика толку многу гласно што фонија во ушиве добив. Ова е ново од денес. Дали го тестира гласот не знам, а само што пишав сабајлево дека добро го минеме вториов чист преокрет поручеква. И на бањање почна да вика и на пресоблекување. Како да ја коли некој наеднаш. И во сон почна да плаче и да урла се освестува и продолжува да вика.
8 месеци, само кај мама сака Плаче ако ја оставам на секунда на кревет, ги шири рачињата и плаче додека не ја земам. Татко и ако ја земе-вришти по мене. Мајка ми,свекрва ми,сестра ми-со сите е иста песна. Мора кај мене во раце да биде, секундарно се смирува кога ќе ја земам. Ептен треба да е разиграна па да ја земе некој друг, и тоа строго ако е свртена со грб, да не види дека друг ја држи Колку месеци е? Мене од голема помош ми е дубакот, ја ставам во него и седи до мене додека напраам ручек, пуштам машини за алишта/садови,пеглам.. Така е на сигурно дека мама нема да избега
4 ипол м е мала е за во дубак, а релаксаторот не може да го смисли. Се заигрува во игрална, ама само ако сум до неа и ако ме гледа. Седи и кај мм ако ме гледа, но тој оди на работа и пак врти сучи само со мене е.
Леле не знам, и атопичен дерматит и ова на главчето што го има не можам да го гледам на главчето има како корузчиња и му тече како водичка, едвај чекам да помине. Уште не нема фатено скок, по апликација од следна недела вика, само живци и трпение
До кога се пазат ушињата од вода за да не се инфицираат? И дали само мојов прасец го фаќаат живци за цицка на саат ипол? Кога ќе прочитам дека на 3, 3 ипол саати си цицаат после втори месец, научна фантастика ми е тоа. Секој саат ипол, преку сила два, почнува да го фаќа нервоза за спиење или јадење и мора да е на града. Вчера прв пат го оставив со татко му на подолго (3часа) и тоа било со заоѓање, со помодрување со сите салтанати. Се прашувам како ќе биде кога ќе треба да почнам да го оставам кај моите на чување..
Ќе се дружиме тогаш од следна недела во скокот ние И кај мене вика за една недела, се спремам психички. Ама и многу долг овој 4от, 5 недели трае. Бебо почна да се смее на глас, многу ми е смешен До сега оди и кај други ама само кога е расположен. Кога е кенкав само кај мене или мм. Тој па ми вика од тебе најмногу се смее бебето, највеќе ти се радува. Што да прави кога по цел ден само мене ме гледа Бевме на ортопед прееска, супер се развива, одлични се колкчињата. Овој доктор ми се бендиса, се убаво ми објасни. Следна контрола на 7 месеци здравје. Ај да го лулам за да заспие побрзо во лулката. Се читаме
Nema mrsulcinja samo sto imase temperatura i sega sto kasla deneska go namackav gradicinja so mast sto e za 4 meseci cajce nikako nesaka da pie sekako probav najverojatno ke go opusti malku mastot sega vo cetvrtok sme pak za da ja primi vakcinata i pak ke go pregledaa fala ti sto mi odgovaras
Јас од прв ден и ги мијам и ушињата, не сум пазела на нив. После бањање ги сушам со тапкање со бањарка, па со чепкалки. За цицањево, не знам колкаво е бебето, но ако нема сеуште цврст оброк не може да очекуваш дека ќе издржи без цицање повеќе од 2 часа. Мојата до 5 и пол месец на секој саат/два цицаше, мислам дека само кога спиеше не цицаше Буквално цел ден висеше на цице. Млеко е.. колку сити може да ги држи? Јас тек сега со осум полни месеци ја оставам без проблем да ми ја причуваат, ќе ја залажат и со каша, и со некоја смока, пудинг.. Не брзај, нема вечно да трае.