Не можам да се сетам од каде го знам ова, ама мислам дека на мајчино млеко бебе не може да се прејаде или пррмногу да внесува. Не ме држи за збор, ама колку и да има качено на тежина, нека е живо и здраво, мислам дека не треба да се грижиш за малото. За твое психичко здравје би требало да се зголемат саатите меѓу доења. Мислам дека се препородив првиот пат кога спиеше 5 саата без станување. Сега сме на 11 саата ноќно спиење со само едно цицање. И на 2 часа да цица тоа се 12 подои во 1 ден. Толку имаше и моето првиот месец. Баш си гледав статистика во апликацијата што ја имам. 10-13 пати дневно цицала првите 3 недели. И јас мислев дека кратко цица. На педијатар ја мереа, па цицаше 3 минути и пак ја мереа. За само три минути исцица две третини од грамажата што сметаат дека треба да ја внесе на еден подој. Може имаш многу млеко и јако бебе, па набрзинка завршува работа. Според се што читав, моето бебе цицаше пречесто на возраста. На 8 недели вели дека слободно може да помине 4-5 часа помеѓу цицање а таа тогаш цицаше на секој саат. И почнав да редуцирам. Кога ќе заплаче, прво вежби со ноџињата, пеење, шетање, думкање, мењаме положби и соби, на тераса, се што ќе ми текнеше правев. Цицање на крај. И место на саат, јадела на саат и 20 минути, малку по малку зголемував. Имам книга по која се раководам, да не ја форсирам за возраста. Моментално цица на 3 саата. Вие на 4 месеца би требало да цицате на 4 саата. Ако еднаш не се најаде убаво, на наредното јадење ке внесе повеќе па следно ќе издржи повеќе. И така тераш додека не стасаш до 4те саати. Напорно е, ама јас успев за помалку од недела дена.
Супер за вас, но секој си го знае бебето, ама моево уште од првиот ден не може да издржи ни минута гладна.Кога плаче за јадење тоа е како да ја колат, вришти и се нервира.А ако ја ставам така плачлива уште толку се одерува па не сака да цица, па се молиме, па се смируваме со се и сешто и пак плаче и не сака да фати. Неколку пати во третиот месец заспиваше вака растревожена и нецицана по 5 часа и од тогаш реков како сака она,така ќе цица.Секоја чест за тебе и сите што успеваат, но секое бебе е различно
Денес сабајлево приметив дека малата многу кашла како да се дави, носот и е затнат и кива често а и на градите како нешто да врие... мерев температура 37 засега не мрда. Термин ми дадоа во среда.
Стави камилица да врие во едно тенџере и седи во таа соба како инхалација ќе и дојде на малата. Смееш само капки за нос и солен раствор за нос. Капки за нос: https://www.docmorris.de/otriven-00...MIn_e0odeu4QIVohbTCh3qBgMxEAQYAiABEgJBmPD_BwE
А солените капки откако ќе ги отворите ги користите ли само 3 дена како што пишува или може и повеќе? Да знам дали да ги фрлам, до вчера беа 3 дена.
Јас на почеток ги фрлав по само 1 ден. Така ми кажаа во породилиштето. Потоа на здраво бебе докторката ми кажа дека на некој семинар произведителот рекол дека миже и по недела дена да се користат само да се на ладно и сега ги користам подолго. Крај краева солена вода е што може да се расипе.
Солени капки јас дома и правев има туторијали на јутјуб сол и превриена вода и секогаш ќе си имаш фриш. Ја вакцинирав денес од се. Шестовалентната плус за пнеумококи/стрептококи и рота вирус тој е за дијареа. Ќе видиме до вечер дали ќе крене температура добив само чепчиња. Вака убаво ги поднесе боцкањата на бутчињата, стегна силно вилици.
Девојки, бебињата на возраст од 4,5 и 6 месеци по колку треба да напредуваат месечно? Која е минималната грамажа?
Мојава намали. Околу 500 г ми стави овој месец. Ова дома мерена со јас со бебе и јас без бебе. Утре ќе ја носам на мерење кај матичната. Мислам дека околу 400 г минимално, ама пак ќе видам мислење од педијатар. Таман да прашам и за дохрана.
Не се расипува него изветрува. Коа ќе отвориш пробал лизни и пробај пак по три дена ☺️ И затоа е рокот. После тоа нема ефект. Како обична водичка е
Мајки ние прв пат имаме мака со какање, од саботата од ручек со сега не се има покакно малото, до сега се какаше во денот по 4-6 пати, знам дека ако е само на мајчино млеко можи до 10 дена да не се кака ама кај нас наеднаш од толку, да не се кака ич ми е чудно, прди само и му мириса. Биогаја му давам секој ден, дајте некој предлог, совет.
Исто сме. Педијатарот рече нема гајле. Заради мојата мака со столицата пиев компот од сливи, само болни грчеви имавме и двете, ништо друго. После јадев варена пченица и не протера двете следниот ден. Ама после тоа пак не какаше цела недела. Утре планирам пак да јадам, кенкава е денес и веќе жал ми е. Пробај така, од еднаш не можам да речам дека сигурно помага, ама штета нема.
neka se zivi i zdravi ne gi sporeduvajte sepak najdobro si go poznavate deteto sekoe prikazna za sebe. Nekogas ke kaci plus nekogas minis I 100 gr. se grama znaci nakacuva. Za napredokot na bebeto mnogu e vazna pocetna tezina, majcino ili ad, ishrana, geni. Ednostavno uzivajte vo majcinstvoto.
Да, го знам сето ова Карак, и не го споредувам моето со други. Само информативно сакам да знам која грамажа е минимална која треба да ја достигне во овие три месеци. Бидејќи првите три месеци најмногу качуваат нели, ама 600гр е минимумот. Е сега ме интересира за следните три?
А монодозите ги фрлате после 12 саати од отварање? Јас да. И најчесто ги отварам за да му ставам само еднаш и толку.