За нив и зборам. И јас така 1 или 2 пати турав и фрлав, но сега последно кога бев на здраво др ми рече дека може и подолго да стојат само на ладно и затворени. Но јас сега не ни и ставам секој ден.
Каде и колку време ви сгојат Вигантол капките отворени? Иначе на еден форум за мами прочитав дека после 4 месец треба по 150 гр неделно да качува, ама сепак, кој би одел прв на педијатар нека праша за секој случај, убаво е да се знае
Јас користев и сеуште му ставам кога има потреба. И јас сум го фрлила упатството,ама бидејќи секогаш прво читам што пишува, сигурно смее штом сум ставала. Секогаш кога ќе му излезат ситни бубулички му ги мачкам со јекодерм и ги снемува.
-Капките Вигантол од кога се користат? -Каков топломер користите? -Дали од вакцината на вториот месец што се прима качуваат малите температура, и што користите за симнување на истата?
Ние вигантол користиме од 2 и пол месеци кога ортопедот ни ги препорача( пред тоа примаше бебитол). Температура мериме со безконтактен топломер на микролајф и досега сум задоволна. Од вакцината и сега ревакцината во 4ти месец кај нас,фала богу, немаше никаква реакција,но имав чепчиња еферелган за секој случај.
Nie kapki vigantol koristime od 2,5meseci a toplomer digitalen koristime a posle vakcina daleron koristime mnogu ni pomaga
Мајки на девојчиња, како ја одржувате хигиената на гениталиите? Дали им ги отварате срамните усни, многу ми е страв да не ја повредам, плаче кога пробувам а гледам има како бело наталожено, сакав да го исчистам со газичка... 6 дена имаме инаку.
Јас да, отварав нежно и бришев со цел страв, и се собираше од павловичевата многу бело. Уште така правам.
Ама ова не е од крема, ја немам мачкано со ништо, ова се како наслаги од бело прање, ги приметив уште првиот пат кога ја бањав, не знам дали е нормално?
Мислам дека е нормално, исто како кај машките што се собира смегмата, има и кај девојчињата. Внимателно ќе ги раздвоиш усните и ќе ги измиеш, без многу триење, полека.
Не знам дали е нормално. Најдобро е да го чистиш тоа со памучни тупфери или чисти тетра пелени намокрени во млака вода или во чај од камилица. Ако ја миеш под туш голема е веројатноста да не ја ни измиеш асално. Со чисти раце нежно раздвој ги усните, и помини со памучно тупферче.