@FreeMind Подоцна прочитав дека не сте во Мк. Мислам дека сме блиску со неделите, а и ние на 8нед. исто отидовме на вакцина, ама не’ вратија, сме требале да причекаме уште малку, па ќе те прашав каде се вакциниравте Како поминавте по вакцинирањето??
@happygirl пиша дека го вакцинирала малиот скоро, а он е еден месец пред нашиве. Крена температура првата вечер до 38.7 со чепче во газе се симна за 15 мин. Вчера беше околу 37.5 цел ден, а од вечерва и нема температура. Она што приметив е дека дете сака да се гали повеќе, исплашена е и расплакана. Плаче често овие два дена и само кај мене се смирува. И како наеднаш да го фиксираше вратот сега и е стабилен и ја држи главата.
На 2 месеци е 6валентната вакцина, а на 3.5 месеци 5валентна. Моето и двете ги прими според календарот. Еве вчера го боцнаа со втората. А зошто ве вратија вас? Ако бебето е здраво би требало да го вакцинираат.
Отидовме ден поспе 2месеци и ми рекоа дека требало да е ‘повеќе навлезен во 2ри месец’ , кај ни’ се брзало толку и да се вратиме за 10тина дена. А сакав да истерам и вакцина во исти ден со прегледот, за да не се враќаме пак по болници и плус да си го фатиме редот. Ама сега ќе чекам следен преглед за да го боцнат..
И моето требаше вчера да го боцнат со 2ра 5валентна, но не појдовме бидејќи јас имав ТТ два дена и незнаат од што ми рекоа да почекам, а дали му направивте крвна слика на бебето?
Мајки како ви спијат бебињата навечер? Моево заспива додека цица и во раце додека е не мрднува, штом го ставам во креветче мрда и со раци и со нозе и со глава, па еве две три ноки по ред го повивам преку раце со кебенце за да може да спие...
Да, крвна слика и црп. Резултатите беа во ред и го боцнаа. Моето секоја вечер пред да заспие плаче, вришти до заоѓање по саат време и после сам заспива во лулката со цуцла. Ништо не помага за плачењето, не сака да цица, ниту нишкање во раце, пеење приспивни песни, џабе. Веќе месец дена така прави, секоја вечер главата ми пука. Не знам што може да го мачи? Додека заспива исто се врти со главата нон стоп, прета со рацете. Тоа трае околу 10 минути отприлика и потоа мирно спие по 5/6 саати до будењето за да цица.
До третиот месец имаат рефлекс на плашење, мафтаат со рацете. Најдобро да биде повиено. Малата многу поубаво и подолго спиеше повиена. Поголемо од 3 месеца мислам дека не би требало да се повива, треба да научи само да си наоѓа удобна позиција за спиење.
Јас го повивам и не се отскриваше, но сега почна да ги ваѓа рачињата (уште малку 4 месеци), само го покривам цела ноќ иначе до мене спие на спална но покриено посебно со негово јорганче и ќебенце. Заспива на цицање и кога ќе го легнам врти со главата лево десно па застанува. И открив дека сака да е покриен на лице додека спие, му ставам тетра и си можи мисли дека до мене е и повеќе спие така, но еве и ноќеска на секој сат стануваше со плачење
Мајки денес цел ден ме треси цело тело, сега измерив 38 темп а други симптоми немам. Парацетамол знам дека може да се напијам. Но бидејќи имам температура смеам ли да доам? Вчера ми дојде.. Дали има врска тоа што од вчерс забележав дека млекото ми е намалено. Хелп.
бебево ми е два ипол месеци многу плачи денеска и рачето го става само на десно око прометив дека има нешто во окото др ката ми рече вештачки солзи да му дтавам дали ке му помине ?
Јас. Така така сум задоволна ама се на се 20 пати ако ја имам употребено кога бебе не сакало да цица на некоја града. Во секој случај подобро од на раце да пумпаш или молзиш. Крајна оценка- колку пари толку музика.
Ви завидувам! Мојата само знае на града да вреска и да не цица а од шише ќе се измолзам пие. А кога е полна градата тогаш ок, шмукаме. Преку ден кога е будна цело време не дозволува ниту 2часа да поминат а да не јаде, и од градата не и тече многу млеко и плаче се треска.
Си научило детето дека така полесно е и си тера. Кај мене од прв ден се залепи на града со силен шмук. Затоа со цуцла имаме проблем не сака. И исто вриска насекаде ако и ставиш цуцла наместо цицка.