Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Ноелле и мојата вчера три пати повраќаше(прв пат толку). Инаку после секое јадење ја чекам да ждригне, без ждригнување не ја спуштам, зошто почнува да ика. За грчеви нема некое правило до кога траат, кај некои и вели 5месеци се присутни(не дај Боже). Јас престанав да давам
    Еспумисан, некако ми се виде дека долг период сме со нив, па затоа од вчера не давам, сега може чајче Бекутан доколку имаме потреба.

    КиТ Јас не ја бањам секој ден, ете вчера не ја бањав. Посебно ако е заспана, затоплена не ја соблкувам да ја ладам за бањање. Колку и да ја топлам собата, се некако ладно ми стои. Само обавезно секој ден и го мијам газето.
    А еве и еден линк http://www.ringeraja.mk/statija/decata- ... _1925.html кој ме предомисли за бањањето секој ден. Мене некако од старт не ми беше логично тоа, но ајде на почеток секој ден бањање, така требало. Од кога и се затна носето престанав со такви бабини и свекрвини деветини |(
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    летото го капев прик вечер е ако беше заспан како што велиш ти и јас не го капев а сега почнав да го капам на сабајле до кај 12 или 1 обавезно е искапен па си преспива. и така си имам земено некој ред а иначе за свекрвините деветини ме иснасмеја ама мене ми е некако поубо ако е искапен.незнам зошто и јас бев на почеток против секој ден капење ама сега некако ми влезе во навика :D :D
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.711
    Пол:
    Женски
    Kit јас моето секој ден си го бањам од причина што ужива во вода ..планираме и да ја запишеме на курс за бебешко пливање
    а пред бањање собата ја затоплувам ,да и е пријатно кога е расоблечена
    шампони , купки многу не користиме .. повеќе е бистра вода :)
    Сега кога ке залади може и нема секој ден , ама секој втор ден сигурно ке ја бањам .
    Меу грчевите викаат дека прастануваат во 3 месец .
    после 3 месец кај нас се стабилизира мешето и немавме повеќе грчеви :whew:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    здраво.моето синче има 2 и пол месеци.откако прими вакцини некако се разлоши.неки да спие дење.денес се искинав од нерви.спие само по 10 мин,и се распиштува и крајот неможам да му го најдам.а и кога станва бара да цица,до сега не праеше проблем,а сега на секој сат сака да цица,дали е можно дами е слабо млекото,и дали смејам да му давам прихрана,сигурно не е се најадува.кажете помош.поззз
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ако мислиш дека бебето ти е гладно ич не чекај купи си ад млеко и пробај го
    можи и само сака да си игра со тебе а можи и да е гладно ама дури не пробаш нема да знаеш
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Може да ми кажете хитно колку мл адаптирано млеко има давате на вешите бебиња и како го правите? Денес бебе се откорна од плачење а јас поим немам колку и како да му дадам. Инаку нан 1 купив
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.711
    Пол:
    Женски
    NoellePage ти пишува на самата кутија , колку се дозира
    на 90 мл вода се ставаат 3 лажички Ке ставиш вода да се згрее и ке го направиш млекото , ке пробаш да не е премногу топло
    .. ама плачењето да не му е од грчеви :(
    ако си цица убаво , не би требало да плаче од глад , може друго го мачи :|
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Грчеви и тоа имаме. Ама и многу ми повраќа кога цица и раце гризи се лигави бара града а веќе цицал и јас не можам да постигнам толку брзо млеко да имам и морам да пробам со адаптирано. Водата од кога ќе зоврие да подистине и тогаш млекото така?
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Да ноелле да зоврие водата и малку да подистине , да биде млака поубаво се раствара така млекото иако на кутијата пишува да биде ладна..
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Утре сме на педијатар и ќе го замолам да ми препорача некои капки за грчеви дека чај се отепав од барање и не најдов. Се надевам ќе успеема малкуцка да се смириме, греотка е да плаче
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Јас млекото го ставам директно во топла, зовриена вода :?: Не ми прави проблем до сега.

    Инаку ние сега се вративме од лекар. Нели затнато ни е носето, па денес при повраќање повраќаше лиги, па мрсулите ни се зелени.... итн.
    Ја наслушаа и го прегледаа грлото, чиста е демек, но за секој случај да одиме да земеме брисеви од нос и грло, а до тогаш Герамицин капки 3х1, но мене некако не ми се даваат антибиотици за џабе, па прво ќе чекам да добиеме резултати па да видиме што ќе се прави.
    Најново е што тежиме 3300гр. :inlove:
     
    На NoellePage и MacenceEna им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.711
    Пол:
    Женски
    Браво Меу супер напредува малата :) како што знам само на доење сте само , ако е така супер
    и да си продолжите така :clap:
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Aj да не звучам како некоја свекрИва, ама зошто одма се откажувате од доењето и купувате ад.мл.ек :?: ....и моето бебе имаше период кога само висеше на града, на секои 15-30 мин. бараше да цица... и јас мислев дека не можам да постигнам да имам млеко, ама не купив ад., туку цуцла ;) . Бебето си имаше мака со грчевите и со градата се залажуваше и само тогаш не плачеше, цуце не сакаше да фати, ама упорна бев, му ја туткав и туткав и на крај си ја прифати....и еве уште само цицаме.
    Некогаш подојот ни е на 2-3 саати, а некогаш на еден час, некогаш на половина час, се` зависи колку е гладен или пак само е жеден, па ќе цицне малку и ќе се засити.
    Инаку за грчевите, јас му давав капки Еспумисан, му ги ублажуваа грчевите и му помагаа да се олесни (искака). Исто имало и некои colief капки, потоа сируп colicbaby, и nurseharvey мислам беше...прашај во аптека, ќе ти кажат.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве го сега стана за доење, добри 3 саати спиеше, таман да има бааги млекце за него. Инаку Лолита да знам, упорност треба ама не можам да претерувам со упорноста оти како што имав пишано на десната града не рагада, цело парче ми фали и не можам да го оставам да си игра, дека неколку пати го оставив и кога поврати после поврати и крв од раната дека само си играше со градата. А за лажалка да спас ни е таа, ама денес т.е вчера не сакаше в уста да ја стави и нон стоп ја плукаше и зајдуваше. Па дури сабајлево ќе се консултирам за капки за грчеви, сношти не спаси топло млекце. Можеби и дека бев под стрес од претходен настан од поручекта па се до 1 по полноќ немав ама капка млеко. Среќа за брзо се ослободив од негативна енергија и си заспавме со буцево, па еве млекце дојде и најаден го легнав. Фалави ви за сите добронамерни совети.
    Тука Лолита малку знае да нервира што тераат се природно да помине. Како на пример без апсолутно никакви олеснувачи за болка се породив, и тоа сама си фатив нозе под мишка си напнав 4-5 пати и малиот само го извадоа тие и тоа кога главата сама му излезе,а во меѓу време само гледаа до каде е излезен. Ок, убав тој дел и грижа и се, ама па некогаш знае да иритира. Ме оставија сама со бебе 3 дена, па имаше некои рутински проверки секој ден по 1 или 2 пати, а за доење само ми викаа дои и тоа. Да не беше една служителка да дојде и малку од малку да ми покаже кој знае уште колку ќе се мачев и маст среќа ми даде инаку рагадиве не знам кога ќе заздравеа. Се перку тел беше само да прашаш. А за грчевите масажи ќе речат и да ждригнува, им прочитав на страната на клиника. Ама па затоа ве имам вас ука да дадете и споделите искуства.
    Се надевам педијатарот како што е срце од човек ќе се смилува некое чајче или капки да ни даде.
    Инаку МеУ БРАВО за твојата малечка, само нека си расти и напредува, да е здрава, жива и многу среќна
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    40.711
    Пол:
    Женски
    ах драга не се секирајј многу ... ;) тешко е кога нема кој да ти покаже убаво и да обрне внимание .
    Мојата патронажна сестра и воедно бабица којја ме породи ич не се потруди да ми покаже , нит го избања бебето нит ништо . Среќа имав многу помош почетокот од мајками
    Кажав еднаш кај новороденчиња , после 18ч се јавува некоја вознемиреност , грчеви ги мачат
    Кај нас а чукне часовникот 18ч почнуваше детето да плаче , ништо не го смирува...
    јас се мислев гладна е и стално на града и нејке и нејке да цица ,па триста мисли дали имам немам млеко
    па се мислев да и дадам и јас ад млеко
    Ама поминуваше и тоа ке се смиреше , ке заспиеше и после пак ке се разбуди за цицање ,ке си цица и ке заспиеше како ништо дане било
    Јас се изначитав многу , многу за тоа ама верувај многу нешта не помагаат , пр можеш чајче да му дадеш, да му правиш вежби со ноџињата, топла пелена на мешето , или пак капки и ке помине
    до 3 месец ке се стабилизира
     
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    сретнав па си реков да споделам може на некој ке му биде добредојде
    ПОСЛЕДНИ 2 ДЕНА! 02.11.2012 и 03.11.2012

    Тотална “ЛИКВИДАЦИЈА“ поради затворање на продавницата Енци Менци во Градски Трговски Центар!

    ПОПУСТ ОД 30% НА ЦЕЛИОТ ПРЕОСТАНАТ АСОРТИМАН!
    https://www.facebook.com/encimenci.com.mk?ref=stream
     
  17. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Кога сме кај попустиве да ве информирам дека на Колектива има ваучери за ортопед во ординација Орто+ по цена од 500 денари ,прочитав на рингераја добри искуства од докторот па ке видиме како ке се покаже ,јас на прва контрола го однесов малиот во Мајчин дом но некако не сум задоволна многу брзо за две минути не прегледаа и ништо не објаснуваат а да прашаш нешто нема ни време .
    Па така решена бев да одам на приватно следен пат па оваа понуда добро ми дојде .
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ајде од жалење да преминиме малку на фалење да не испадни дека мн се кудиме. Тешки сме 5100 и 58 цм и денес правиме точно 1 месец. За маката од сношти, го виде педијатарот и рече дека не се колики како што мм ме плашеше туку само малку гас што му е потешко да го исфрли и ни даде капки за да се олесни и едно вентилче за во газето за полесно да се испртка ако не помагаат вежби со ножињата. Не намислувам да продолжам со ад, дека иако ми снема млеко од 19 до 2 часот млеко, утрово градиве како камења ми беа фала Бога стрес никако не бил пожелен ако доиш. Така да само во хитни случаеви ќе стои мојата залиха на ад.
    МАченцеЕна, моето скоро 4 дена не беше капено и ми рекоа нема потреба а јас си велам како? ама дојде една докторка и ми рече симаат бебињата мрсен слој кога ќе се родат и тој ги штити од инфекции, па треба убаво да се упие во кожата за да е поотпорна, така да нема потреба веднаш од капење.
    Инаку секоја мајка најубаво си знае за своето дете.Како што рече педијатарот денес, само да си ги следите инстинктите најубаво мама знае за бебе, дека само мирисот нејзин и глас можат да го смират како никој друг и слушајте други умови ама правете како што мислите. Дека на сите мами по прв пат умови триста сите им делат и не паничат. Така сношти мене си дозволив да ме извадат од точка на баланс-да не е прејадено, те недојадено, да не му е ладно, што му е како му е...Затоа само себе слушајте се навистина најдобро мама знае.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Леле морам да прашам, што е ова??? :worried:hock:
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Еве вака изгледа Моира вентилчето. Наместо некои кои ставаат топломерче, ова е со таа намена. Се премачкува околу врвот со витаминска маст,па се става во газето и низ отворот од вентилчево излегува вишокот гас. Го добив на поклон од аптекарката, ама тек сега кога раскревав низ дома го најдов и нареден пат при болки кога ќе има бебе, ќе го пробам обавезно.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.