И ние денес примивме една лажичка и две во бутче, мн е кенкав малиот и плаче не можам да го смирам мн жално плаче, дали го боли кај што го боцкаа или реакција е појма немам..до сега не ми плачел вака ств се исплашив
Исто две во бутче прими,ама среќа не плаче одма се смири,само малку поспан е... Нормално е така да реагира,проверувај темпратура да не качи и припази да не го стегаш многу кај што е боцкано
Да, му мерам, во газето се мери, така? Пазам мн ама го приметив и само што се тегне го боли..А колку време е критично за кревање темп?
Ги прими малата. Таа шествалентната, за пнеумокока ви ги вакцинирале и рота вирус. Кај мене качи температура вечерта 38.7, следниот ден 37.5 и само едно чепче искористив. Имаше кркорење на црева од рота вирусот тој е за дијареа. Друго не забележав. Ова се смета за најлесна вакцинална комбинација.
Во газето се мери температура. Отвори ги фластерите види го местото ако е црвено и потечено малку има реакција, стави му чепче исто ќе му ја смири болката. Ако само онака плаче исплашен е од боцкањето. Кај мене приплакува сеуште тоа најново после вакцината како да се гали, така неутешно плаче. Само гушкање.
Е тие се. Првите две за рота вирус кога ги прими немаше никаква реакција. Денес исто добро поминавме,е сега утре да видиме како ќе биде.
Завршивме во болница ние..го донесов зашто 3 и пол саати зајде од плачење никако не се смири, и го прегледаа сумњаа на реакција од ротата, нешто што можело на дебелото црево да се испреплети не ги ни разбрав убаво, па да го посматраат..Фала богу се смири со плачење, се надевам само да плачел пд болката од боцкањето
Паметно си направила, подобро во болница да го видат. Сигурно е болка на местото ќе ти се смири до денес. Ротата може да предизвика грчеви и дијареа зошто е единствена жива вакцина од овие 8 кој ги примил. И бидејќи е жива може веднаш да покаже симптоми кај некои бебиња како нус појава. Иако е тоа многу малку за да предизвика вистинска реакција. Тоа што ти објасниле преплет на дебело црево ич не го ставај на мисла.
Мајки, маж ми запнал да ја носиме утре малата да и ги дупнат ушињата. Бабиве исто така се согласни. Мене ми е шубе зошто бебка нема ни 2 месеца, само што наполни 40 дена. Сите викаат помало поубаво, ама зар волку мало? Совет и ваше искуство?
Немам дупнато ниту има намера да дупнувам уши на бебе/дете. Бабите што мислат, па уште и дали се сосласни, ич не ме тагира. Кога ќе пораснат доволно за сами да изразат желба ќе ги однесам. Оти они сакаат. Сега, оти јас, или некоја баба сакале, не.
Мајки какво спрејче/солени капки за носе да земам на малата месец ипол е, носето е затнато моментално го чистиме со аква марис, но со многу малку рок се пишува да се искористат за 3 дена од отварањето. Инаку и јас сум против ставање обетки на толку мали бебиња, покрај грчевите, забите, уште и болката од дупнувањето и фали.
И јас не планирам да и ги дупнам, иако сите старудии ме фордираа демек морало дупнати за да знает дека е женско. Ама ич не се замарам ко ќе пораснит ако има желба нека ги дупнит.
Исто е и со крштевањето, кога ќе порасне и ќе биде полнолетна ќе каже дали сака да е крстена или не. И така се прават исчекори напред кои се очекуваат од нашите генерации. Утре детето твое за нејзиното ќе направи уште два чекори и така се дефинира развојот на човештвото. Omnium gradium difficillmus est primus. Од сите чекори,најтежок е првиот.
Овесни снегулки знам дека смее читав тука дека некој користи, ама за трици и лен да прашам? Имам проблем со спор метаболизам ова ми помага ама дали е ок за бебе незнам.
Кој го поминал третиот скок да ми даде некоја утеха не се трпи ова веќе, цицање на секој час, спиење како “од нога” по едвај 15-20мин и тоа само во раце. Нервоза, кинкање, надрсзливост....Ко друго бебе да имам, да ми го сменил некој преку ноќ. Дали вистина има крај ова? Ако може да остане ваков....