Од што може да му се затнува носето на бебо, само навечер? Температурата во спална е околу 20 степени, не се грееме навечер. Ставам Изомар и ќе се одзатне, нема мрсули за влечење. Ова последнава недела е така.
Исто сме и ние,најверојатно од промената на времево,во спална спиеме сите таму и е креветчето и малку е поладно иако ја покривам и со две ќебенца ама пак и се затнува еве веќе 3 дена Мојава има 3ипол месеца и решивме другата година да и ги дупнеме
Да не ви е сув воздухот штом само навечер и само во спална се случува тоа? Деновиве ќе врне, отварај прозор таму пред спиење малку да се качи влажноста на воздухот и види дали ќе има разлика.
Па навечер не го вклучуваме навлажнувачот дека не работи климата, ама ај од вечерва ќе го вклучиме да видам дали е до тоа. Не знам дали од топло или од ладно му се затнува. Доволно е покриен ми се чини. И ние сме 3цата во спална за спиење. Мене и на мм ни е топло деновиве додека спиеме, ама ние уште се покриваме со јорган, треба да ставам ќебе веќе и за нас.
Вклучи го неколку саати пред да си легнете, нека поработи па гаси. Ти препорачувам да си купиш за мерење на влажноста, имаш на алиекспрес поевтини.
И јас скоро прашував за ова. Моево е 2ипол месеца и решив да и ги дупнам. Не за празников, ама периодов ќе биде.
И мене би ми било шубе. Бар да имше 5-6 месеца да развие малце имунитет и побрзо да заздрави дупчето. А зошто мора баш на празникот Бабиве се немогучи. Јас ги откачив одамна да не ми наметнуваат никакви традиции. На големата ќерка ѝ ги дупнавме кога имаше 8 месеци, и знам дека беше февруари месец. На малата ѝ ги немаме уште дупнато а има веќе 10 месеци, касниме Планирам овој месец, важно Благоец го утињаме
Сабајлево се симнувам со малата и свекрва ми: сте се успале, гужва ќе ве фати за ушињата. Само и реков мала е, нема да одиме. И до сега на секое плачење само слушам "Плачеш баба зошто не те носат да ти стават обетчиња" ? И викам и мама плаче за нова кола ама ништо Проба и мм да го убеди да одиме ама вчера го подбрав него и он и рече дека е мала. И само рече ту мала, ќе и ги дупнеме до Велигден. На "смеа" кажав после мама на сите по уште едно дупче ќе ви направи ама во домашни услови Обично не сум лоша снаа ама некако се разлошив покрај малава
Јас сум жив пример за дете што си ги руши ушите откако само посака. Како бебе не ми ги рушиле поради х причини, не од современи сваќања. Јас се лутев на времето некако глупаво ми беше зошто само јас без обетки. Потоа на 13 години кога изразив желба ми ги дупнаа. Од денешна гледна точка и јас сакам така да постапам со мое дете. Но свесна сум и дека што поголемо дете поголеми и стравови и плачки ќе си имам. Годинава секако не и ги рушувам иако е 5 м. Догодина имам време да размислам дали да ја оставам до голема сама да си одлучува. Не слушам по ова прашање ни баби ни никој. Мое дете, моја одлука.
@S.J.Parker супер си направила! И јас никогаш не би дупнала уши на мое дете. Кога ќе порасне ако самото си има желба нека става обетки каде сака, вака да му нанесувам болка безпотребно не би во никој случај.
Мајки дали давате пробиотик на новороденче и капки некои? Еве веќе два дена неможе да се покака како да и помогнам на доење сме па потоа дохрана ако има потреба ??
Добро утро женски, како сте? Само да кажам дека синоќа ја имав најтешката ноќ до сега со бебо, 2 саати никако не се смируваше, вриштеше до заоѓање цело време. Ни сакаше да цица, ни да го нишкаме со мм, ништо буквално не помагаше. Не знам што му беше. Таман сакавме да го носиме на лекар, заспа конечно. Така од ич ништо заспа. Ако е вака овој 4 скок, а тек е на почеток, ќе полудам овој пат навистина.
А да не се грчеви? Колкаво е? Тие скокови не се идентични кај сите бебиња, затоа јас никогаш не сум ги пратела.