Одамна му поминаа грчевите, не верувам дека беше такво нешто. Дури и кога ги имаше нив, не плачеше вака долго и со ист интензитет. 4 месеци ќе полни сега во среда инаку.
Моево бебе кога наполни месец престана да кака секој ден. Сега се кака 1-2 пати неделно. Прди нон стоп, значи работат цревата. Бебиња на доење може да не какаат и до 2 недели, нормално е. Пробиотик давав Биогаја додека имаше грчеви, до кај 2 месеца, заедно со вода со ким и чај Бекутан, веќе не давам ништо.
До кога ќе ја даваш бигајата? Јас купив сега уште една доза и мислам да ја завршам и толку. Освен ако некој нема поинакво искуство со подолго користење да ни сподели.
Кај мене е два месеци и осум дена само на доење и кака исто како првиот месец. Секоја пелена е какана.
И тоа е нормално. Огромни варијации се нормални за бебе кое е ексклузивно на доење. Мислам дека и до мене може да е, и јас еднаш до два пати неделно одам во вц, од секојпат така било. Зборев и со педијатарот на темава, се додека каканото е со нормална боја и конзистенција (значи детето нема запек) во ред е и поретко да кака.
Да не го болело нешто? Кај мене и се завратила етикетата и ја боцкала назад се уби од плачење. Исто и чорапите доле знаат да стегаат и за тоа плаче. Прво проверувам да не е гладна, па вадам пелена и проверувам да не има нешто неисчистено, па ноктите на нозете да не и прави нешто проблем, етикета, чорапи, проверувам со допир уши, температура и стомак. И ако нема ништо ставам цуцла и ја фрлам од тераса.
Се проверив и јас синоќа колку што можев. Надворешно немаше ништо да му смета. Затоа се загриживме со мм да не му е нешто па да го носиме на лекар. Откако заспа во 22ч стана после во 03 да цица и сабајле во 6ипол. Уште спие сега. Не знам што му беше синоќа, како ѓаволот да беше влезен во него, ушите уште ме болат од вриштењето мислам. Цела зграда ја крена.
Штом сте провериле сѐ видете како ќе биде денеска. Ако пак плаче носете на лекар. Може да се воспалени ушиња во прашање, тие многу болат а ние немаме како да бидеме сигурни дека е од нив. Пак ќе кажам, јас не се потпирам на скокови, веднаш барам причинител.
Бебево мое има 4 мес и некој ден. Пред неколку дена ги извади доле кецовите помина релативно лесно не ни приметив дека вади заби. Денес пак рацете во уста и вришти, нацицан прецицан, му ја давам глодалката ке ја гриза и наеднаш пак почнува да вришти. Можно ли е уште заби да вади? Очигледно е дека го заболува нешто го стискам кај ушите нема некоја реакција дека го болат уши.
Мајки до кога дававте пробиотик? Од кога почнав да пијам чај од ким малата ми е многу посмирена и грчевите како да се намалија.
Ако не и ги исечам, очите ќе си ги ископа. Постојано е со гребнатини по лицето, нас сите не гребе кога ја држиш во раце. Куче имам преку 3 години, не ме има изгребано колку детево во помалку од 3 месеца. И ги сечам 1-2 пати неделно
Генерацијо јас да не се подречам уште го немам осетено скокот. Провери го зад ушињата, јас дека имаше себороичен дерматит на главата го бањав со главата на назад и пазев да не му влезе вода во ушите, ама позади не знам зошто не ми текна да го проверам, кога свекрва ми го виде му се направиле како ранички што не сум го миела и бришела убаво, вака не се гледа, треба убаво да му го свиткаш ушето за да се види. Инаку моето кога плачеше така јако помагаше само да го ставам во релаксатор тие обичните, не од оние лулашките, овој има рачки и така лулање или шетање низ дома само тоа го смируваше. Со лесно нека е
И моево за некој ден прави четири месеци, јас па мислев рано е за заби а ми се гледа долу како да има нешто на повидок ајде кога треба нека никнат
Се шалам. Да не некој сериозно разбере. Толку брзо им растат на почеток што мислам дека до годинка до земја ќе му беа. Пробав еднаш додека спиеше го извадив од памет , сега само буден. Кога беше мал ќе го легнев и крцкам, сега во столчето седнат му ги сечам.
Леле Дуфке ме изначуде среќа ти го причитав постов Ако не му ги исечам еднаш неделни мислам како на орел ќе му бидат.