Моето има 3 мес и 1 недела,тешко е 7400,на адаптирана формула сме,прдијатарот препорачува да пробуваме вкусови на сокче по малку,мислам дека е рано,некое искуство?
Лелелелелел незнам како ќе ме разбереш ама кои се тие педијатри што форсираат прво сок кај дете????Се знае со што се почнува а се знае и кога.Греота е три месеци со шеќери свашта да се рани дете.Јас не сум форсирала сок и фала богу и не го сака.Секој нормален педијатар ќе ти каже дека е подобро детето да го вкуси свежо овошјето наместо да се цедат сокови зошто тогаш се губат витамините.
Многу е рано. За сокче по мене ич потреба нема. За вкусови 5+. Штом напредува добро, нема зошто да брзаш со храна.
Исто и јас 2 пати неделно додека спие, многу се греби ако не се сечени. Го продожив пробиотикот, направив пауза 1 недела и се мачеше за какање, 4 месеци е, за грчеви не давам, нема. Минатата недела прв пат не се покака скоро 4 дена (екслузивно доење) се мачеше секој ден, но си предеше, потоа се покака и пак 2 дена ништо и после тоа пак си почна секој ден по 3 пати да кака. Биогајата секој ден на сабајле му ја давам. Дури и сакав јаболче да му дадам, домашна каша, но се покака и продолживме со цицање. Што мислите за кашички кога ќе почнувате да му давате? @Dina911 @happygirl @monik55
Генерацијо, јас мислам дека е рано уште за дохрана. Сепак се зависи и од бебето, како напредува, дали го има уште рефлексот со јазикот за отфрлање на храната итн. Јас планирам да почнам со вкусови здравје после полни 5 месеци, па ќе видам како ќе биде. Моево е само на доење до сега, нема пробано ниту чај, ниту вода. @Dina911 знам на кое место мислиш позади ушињата, и јас на почеток заборавав да го мијам таму. Ама нема ништо. Еве од сабајле е како и секој друг ден, де гуга, де е кенкав, де се смее и вика. Ако имал некоја болка синоќа, веројатно ќе плачеше и сега нели? Ќе го видам вечерва како ќе заспие, ама страв ми е да се стемни искрено
уште се мачиме со грчеви особено среде ноќ дур да се искака плчи неколку саати планирам барем до 3 месец ако се намалат грчевите сега некако се најинтезивни кај нас др ката од систина ми рече уште овој месец ако има грчеви ако нема може прекинам со биогаја
Ваква само купив ама никогаш не ја употребив. Земи, пробај. Си пробала ли да храниш со занимавки, нешто да му го одвлечува вниманието? Или друга структура на кашата, течна, густа, со парчиња, само пасирано. Тешко е со нејадач. Ти требаат челични нерви . Период е некој, ќе мине. Издржи, нуди храна почесто по малку.
Пробав со куп играчки да и го одвлечам вниманието играме додека ја хранам но не отвара уста. Пуштам на таблет цртани да се загледа но и тоа не успева,се загледува но не отвара уста. Ја смеам за да ја отвори устата и така успевам по некоја лажичка да и бутнам набрзина или и давам цуцла кога ќе ја види отвара уста и тоа ми успеваше до скоро но сега не. Штом ја види лажичката ја запечатува устата. Цуцлата и е постојано во уста и ја влече па реков да пробам со ваква да ставам кашички внатре. Имам купено околу 8-9 глодалки и ниту една не користи. Ова е околу 500 ден па реков да прашам да не ја купам за џабе.
Ова е цуцка , јас мрежичка имав Нуби од Зегин околу 200-300ден. Можеш да пробаш. Инаку за отварање уста не отвара ни мојот. Го хранам со затворена. Чекам да се занесе во цртани, песни , оти ако не е задоволен и занесен мава раце. Му давам и во раце да работи нешто, да е занесен. Да вади, претура. Период е само стисни заби да го поминете.
Мене совет од педијатар ми е дека до полни 6 месеци било најдобро да е на ексклузивно доење. Сега за сега е ок со цицањево пу пу. Така да ке почекам за вкусови. Ете вчера го мерев јас, 6.600 е, уште 4 дена полни 4 месеци, роден е 3.620
Генерацијо,совет од педијатар уште не сме добиле ќе одиме на контрола наредна недела,но по мое мислам да почнам кога ќе наполниме 6 месеци или малце порано на 5 ипол.
Многу муабет сте си направиле,ве исчитав сите . Во поголемиот дел се пронајдов. Не знам дали сме во скок или не, мислев дека нема да пратам тоа ама сега морам да знам од што сме олку лоши деновиве. 15 недела од денес сме а веќе десетина дена сме сменети на полошо. Со цицање е ок освен што сака да си поигрува со градата, фати пушти. Додека цица е како на струја да е ставен мрда и раце и нозе, а кога е на заспивање посебно навечер цело време ја врти главата лево десно и тоа баш силно. Пробувам да му ставам пеленка да неможе да ја врти ама се нервира. Ова малку ме плаши
@monik55 @Dina911 @happygirl И јас така мислам после 5+ или 6 месеци за кашички, домашни планирам Е сега има малку притисок тетки, баби, а дедо ми мој посебно, вели: -Давај му да јади, давај му вода, него му се јади сега, а тој машала 8700 е а јас му велам: -Јади бе дедо на 2 саати си цица тој ми вели: -Да бе зато се дебелеј од млекото. хаха абе лудило. Иначе го имам пробано за вода не сака ја плука, а чај од кое роден до сега 200мл дали има испиено и толку не се.
Истото беше тој период така правеше фати пушти на цице, додуша уште прави така, си игра, и многу ја вртеше главата лево десно пред заспивање , па не сум заприметила сега дека те прочитав ми текна дека во последно време не го прави тоа
Машала машала вие бааги големки сте супер си е детето штом си цица не се замарај. Јас нит вода нит чај имам дадено до сега, само цица
Ја однесов малата на остеопат да и проверат симетрија на глава и врат да и опуштат. Вежбите кои и ги направи за испуштање гасови ( за грчевите и ако икала често) и опуштање на врат не сакате да ги видите. И требало да плаче ги полнела градите. Станав од стол и му реков да ми го врати детето. Она кутра црвена плаче на цел глас. Не можам да ја смирам никако од 15 часот, заспива и на пет минути се буди со плач. Не сака ни да цица нервозно прета со раце и нозе. Битно симетрична е во главата. Тешко нас вечерва.
Mamicki kako vi spijat bebinjata? Mojata cel den spie ama bukvalno i sabajle do 6 sme budni, nekoe care?