Леле што убаво во 8 штом ти заспива, моево најрано што има легнато навечер е 11 а сабајле поспива докај 9
Да, се смее на глас кога го забавувам Моево заспива од 9 до 10 навечер, и почна порано да станува наутро, до 8ипол е буден. А што убаво си спиеше до 10 После дремнува околу 11ч, па околу 15ч. А денес имаше 3 дремки, еве го само што стана. Можеби е до дождот
Мајки ај погледнете ги резултатите од кс на бебко, дали се добри идали може да го водам да прими вакцина? 3 месеци е, гледам железото дека е ниско, само на доење е и секој месец напредува по 1200 г
И моево тера трета дремка. Се буди, си игра, зема да цица и ми се успива така. До времево е изгледа. Има денови кога едвај 1до 2 дремки има преку цел ден.
Да се смее на глас (најмногу на свекрвами бидејќи не ја гледа многу од дома е излезена 12 саати, потоа дома ручек и кога ќе дојди да го види тој на глас и се смее) пушта и др гласови како Буу, Уууф, Аууу и така нешто интересен е многу, па и дека прво ни е уште поинтересен.
Мојава неколку дена испушта некој чуден звук како да снемува виздух. Не знам дали и е игра или нешто ја мачи. Еве сега цица и пак нешто си грчи и така прави. Весела е кога го прави тоа, но мене почнува да ме загрижува.
Значи мојот многу ретко ја гледа мојата,само недај боже да и се смее најмногу,ќе го карам Многу се смее и нашиот ама не шушта многу глас сега по малце почна ама затоа писка многу
Сите спијат, а ние сме сами е работава кај мене. Од вчера ми се смени бебето нема што не проверив се и е во ред и пак кога цица приплакува и мафта со нозе и раце. И вратот го витка под некој неправилен агол да цица. Ми оди умот оној глупакот вчера да не и направил нешто на вратот али кога ја држам во раце си се смее, си гуга си го врти сама. Стави ја да лежи се и е. Да е грч ќе се витка, она само мафта со се. Што може да има на грбот во лежечка положба, а да не ми е проверено? Возиме 48 вечерва.
Мајче, околу мафтањето со раце нозе плачење при цицање... Заради тоа јас пишував дека се одмолзувам. Тогаш бебе не ми сака града туку цуцла или шише. Пробај..
Не бе какво шише она цуцла не става во уста само под присила. Се прецицува на секое убаво и тече само нешто ја нервира и не знам што може да е.
Искрено незнам,и јас се мислам како да му помогнам и на моето,од нешто е исплашен а од што незнам,море знам ама ај. Многу лошо кога ќе заплаче зајдува до помодрување.
Кај мене плус малиов знае да залае кога звони звонче или од радост кога влегува некој и приметив дека и од лаењето се стресува. Само на тоа мора да се навикне оти тренинг за изразување среќа не е измислен. Ја прекинувам пред да почне силно да плаче, земам играчка да траска или веднаш во раце ја кревам, или некоја песничка погласно и пеам или тропаме со раце само да и се одвлече внимание од плачење. Оти ако тргне готово ќе рика со саати.