@bubaceooo Ние од инкубатор ги користиме, веќе е 12+ малиот, најмногу како екстра заштита, не влијаат многу баш на зголемување апетит. Нормално е помалку да качува понатаму, еве моево на почеток си качуваше по 1кг+, па од 5ти до 8ми месец по 500гр., па од 8ми до 12ти месец по 300-350 месечно. А цело време примаме Бејбивит. @Iki lepi Ставав во млекото кога убаво ми го пиеше, односно знаев дека цело шишенце ќе го испие (ама моево пие млако накај ладно млеко, па можев да ставам пробиотик), потоа кога почна да зеза со пиењето со силиконска лажичка, а сега на лажичка кашичка, зошто почна да плука чисто ако давам.
Сосем доволен напредок. Замисли до 12м да качува по кило, колкаво би било. Впрочем се гледа и вкупниот напредок, дуплирана тежина итн. И да стагнира некој месец, ако бебето е весело, полни пелени , оди во висина, ок е. Со витамините немам искуство. И јас се сушам во сушара. Големо олеснување ми е .
Мајки вие кои имате бебиња од 2-3-4 месеци ви спијат на рамно или подподигнато? Синко уште од почеток спиеше на душече кое е косо подигнато и дали се навикна да спие на такво, сега кога го ставам на рамно душече како да се дави од плунката и често ми се буди.Претходното дишече кое го користевме му е тесно веќе, па затоа сакав да го оставам на душечето од креветче да спие,ама ми е страв од што се дави. И дали греете сеуште за спиење, би престанала да греам зошто му се затнува носето, ама страв ми е да не настине, да не му е нагла промена, наеднаш без греење, а и секогаш спие со извадени раце?
Од старт спие на рамно. На вечер греевме само кога беше минус 20. Инаку грееме во спална до кај 9 и кога си легнуваме гасиме парно. Голите рачиња ги решив со вреќичка со ракави од Тила.
Моето од старт спие на ниско перниче. Навечер не грееме скоро месец дена, откако се затопли. Климата ја ставаме на 21 степен после 21ч и не се ни вклучува до сабајле. Исто и моето спие од старт со извадени рачиња, покриено само со ќебенце. Одоздола за спиење носи боди на долги и памучни шпикозни.
Кај нас станот е топол и веќе 1 месец воопшто не грееме,температурата е 18 до 20 степени. Навачер спие во врекичка со подебел слој облечен горе.
@Alishan30 може консултација. Бебето ми е скоро пет месеци, почна да поткашлува, ден пред тоа сосем малку носе течеше. Др ден одма отидов на преглед вика др малку е спуштено. Направивме и крвна слика, вика вирус е. Најверојатно од некој дома ја има фатено не била нигде. Ни даде антибиотик и инхалации. И верувам на докторката, но сакам да прашам за колку време ќе се исчисти то спуштеното. Сега многу помалку поткашлува. Има како шлајмче во каките. Чистам носе редовно но искрено се исплашив, зашто многу брзо ми дојде дека спуштило.
Мила кај деца знае многу брзо да спушти,некогаш и часови се во прашање. Одприлика 5-7 дена се чистат.но со антибиотик треба да е покриено детето минимум 7 дена. Пак ќе правите крвна слика,не се секирај
Не грееме еден месец веќе навечер. Бебе има 4 мес по боди на кратки и шпихозни, нозе и раце му се боси, го покривам со јорганче. На нозете ако има чорапи ќе прета цела вечер од склет.
Антибиотикот е даден превентивно или...? Ако е вирус, за тоа не се дава антибиотик. Не само што нема ефект туку и контрапродуктивно е. Не сакам да те плашам или да кажам дека докторот греши, како мајка искрено ме интересира дали таква е процедурата за да не спушти на гради.
А од каде тоа дека е контрапродуктивен.?Веќе е малку спуштено за жал, во рок од веројатно неколку часа зашто веднаш е однесено на преглед. Откако почна да пие кака почесто и тоа како шлајмче. Како поинаку да исфрли бебе? Еве и докторката погоре вели треба да е покриено со антибиотик детето. Немој да ме сфатиш погрешно, но во последно време сите се правиме доктори. И мислам дека претеравме со ова не се дава антибиотик. Јас сум од оние кои веруваат повеќе на медицината отколку на баба рада лековите. Значи, не дека сакам да пијат децата сирупи, далеку од тоа, но пре би дала сируп отколку да се искомплицира, па да трауматизарам со инфузии и слично.Да,децава се борци но.кога може да им олесниме зошто да ги мачиме. Денес вирус, утре може ќе се искомплицира и?Искрено мене и ова со инхалацииве ми е чудно и ново. Има дете девет години, зимава прв пат му правев.
Прееска го носев бебо на мерење, денес полни 4 месеци. Матичната не беше таму, го прегледа ќерка и, прв пат го гледа. И ме исплаши. Рече дека има почетна фаза на рахит, оти му била многу мека главата позади, му омекнала десната страна (и кажав дека претежно на таа страна спие од старт). Му ја зголеми дозата на Д витамин, за да не омекнела и левата страна. Не зборам за фонтанелата напред, туку позади ушињата. Лекување било ова веќе со д витаминот кај него. Од користење 4 капки на Пливит, сега рече да му давам по 8 капки на Вигантол, па за 3 недели на контрола. Испаничена, после се слушнав со матичната, баш пред 12 дена го прегледа ортопед и од него беше дадена дозата од 4 капки, а пред 10 дена го виде и матичната, секогаш му ја чепка главата позади. Ми рече во вторник да го однесам да го види, до тогаш да давам по 8 капки. Не знам како толку брзо има ваква промена на главчето, зарем досега никој не го примети? Дали некој има слично искуство? До вторник само ова ќе го мислам сега..
Пак ќе речам, не велам дека докторот згрешил, ме интересира како родител која е процедурата, ако се најдам утре во слична ситуација со ќерката да си бидам информирана. И не се правам доктор, туку сум доктор, стоматолог поточно. Но бидејки проблеми со дишни патишта ми се далеку од моите професионални познавања, затоа сакав да прашам зошто сте под таа терапија. Инаку вируси општо познато е дека не се лекуваат со антибиотици бидејки тие делуваат исклучиво на бактерии (а на вируси воопшто не), и бидејки антибиотикот не разликува добри од лоши бактерии, значи дека може да делува (штетно) на добрите бактерии кои ги има детето, особено на цревните бактерии кои имаат соодветна функција. Значи не го лечи вирусот, а убива бактерии кои на организмот му се потребни. Затоа прашањето ми беше дали е даден антибиотикот превентивно. Претпоставував дека од вирусот можеби му е намален имунитетот, па може да се развие и бактериска инфекција, и сакал докторот да делува на време. Подобро една доза сега, отколку болничко лекување понатаму (не дај боже). Ама дека антибиотик не се дава за вирусни инфекции, тоа е апсолутно точно. Мене да ми рече педијатарот имате вирусна инфекција и еве ви антибиотик, без некое логично објаснување, би си го сменила педијатарот.
Можно е на не цели 3 месеци да преспа од 22:30 до 05:30??? Кога го видов саатот тахикардии. Обично два пати цицаме навечер, сега со сила го разбудив,многу време ми се виде, се исплашив. Плус вчера цел ден не бараше да цица, на 3 часа сама му давав и по помалку од 5мин цицаше, некако ептен незаинтересиран. Проверив сега, во трет скок сме биле, можно е да е резултат на скокот ова? Грижа на совест левел 100 дека сум си отспала барабар со него
Леле, многу време,сега добро е?И јас инхалирам само со физиолошки,сега помалку поткашлува, но душата ме заболе. На другиве деца никогаш не се спуштало. Се надевам брзо ќе помине. Можно е. И не е ништо страшно. Си поставува ред на цицањето бебушко. Не се секирај,наспиј се. Додека си полни пелени и е весело се е ок.