@supergirlmb 40 дена имаше тогаш, година помина се нема разболено повторно. Лежевме во болница една недела, и таму само со физиолошки и со отворен прозорец го сузбиваа шлајмот во градите. Не пуштија дома со шлајм на двете крила... Одев да ја слуша матичната сеуште беше со шлајм. После 2-3 месеци дури оздраве. Се изнамачи
Да,сега ми текна, пишуваше во мајчински. Душа мила, малечки се. И кај мене третото, досега другиве три пати беа настинати тоа не префати, ама овој пат ете. Не памтам ваква зима олку да настинувале. Само лесно да врви се.
Се спушта многу брзо кај бебиња. Ние вака во јануари на два месеци, кај матичната на преглед кажа дена почнало да се спушта по малку и дека треба да не хоспитализираат. И јас несакав да леже на државно и додека стасавме до Скопје значи за час и половина веќе беше спуштено ептен. Ми кажа докторката дека кај бебиња часови се во прашање. Лежевме во болница 8 дена со антибиотик и инфузии. Дома продолживме уште една недела со антибиотик. А шјалмовите и затнатото носе помина дури сега крај на март, после два месеци. Неможеше да си лежи нормално. Спиеше подигнат цело време оти се затнуваше @supergirlmb
Мојата е 3 месеци и знае да отспие од 10-10:30 до кај 4:30. Повеќе од ова нема отспиено. Не е страшно, ако е гладен ќе се разбуди сам, без гајле
Мајки после 12 недела кои д3 капки продолживте да давате? До сега пиеше бејбитол д3+ к1 и бејбитол дха омега.
Посебни се или тие бејбитол д3 омега? Бидејќи педијатарот ми кажа дека омега не се давала летно време,па не знам што да правам, затоа сакав и други искуства да слушнам.
Овие ги давам сега А за твоево прашање и мене ме интерсира. Почеток на мај ќе идеме и кај педијатар и кај ортопед па во план ми беше тоа да прашам бидејќи и јас ја видпв табелава
Нас ни дадоа Вигантол по 2 капки на ден. Предходно до 12 недела и ние имавме Babytol d3+ k1 i Babytol omega dha
Девојки на мојата мома почна цела кожа да и се лушти и градите и се испакнати а папулките и се внатре и знае црвено да и се појави, чаре?
Нормално е тоа со кожата малецки сте, со маслена купка бањкање и/или јекодерм мачкање, градите од хормоните твои е, треба да се среди и стабилизира со тек на време.
Dali gi setate bebinjata po zatvoreni trgovski centi so ogled deka vladeat virusi, gripovi i morbili.Jas nekako mnogu se plasam i ne sme mrdnati od doma
Го шетам секој ден кога е убаво времето по 2 саати, ама исклучиво надвор на отворено, на затворено ич не сакам да го носам ниту на гости, а камо ли по молови
Ми се појави црвено околу пупките како брунчиња и пишти не сака да цица. Ова наеднаш се појави што да правам?
10месеци е не сум ја однела во никој мол до сега.. шетаме исклучиво надвор. Само кога сум морала да испазарам сум ја однела во тинекс и стокомак дпсега вкупно 5 пати..
Јас денес прв пат ја шетав бебка, ама исклучиво надвор....никако во затворен простор....во скоро време....Исто и не сакам да ми доаѓаат дома гости, ама што да правам....сега ќе се испоредат сите....а бејби има само 41 ден