Мојава до 6 недели беше малку жолта кај очињата. Јас не ја забележував, патронажната ја примети. Ништо страшно си се исчисти. Нека цица бебе повеќе и ќе помини.
И ние ја имавме малку подолго,ама на к.с мереа билирубини, има вредности до која висина треба да биде болнички лекувана со ламба. Може да си провериш ама како што кажа и @Milaaa991, е е страшно ќе се исчисти, само почесто да цица зошто се чисти преку фецес и уреа
Ве молам за совет.Бебе има месец и пол,до пред една недела си цицаше редовно,немав проблем со градите.Од пред една недела имам неподносливи болки на брадавиците,иако пак цица редовно,од што ме боли почнав да го тргам бебе од цицање,а имам млеко многу.Ставам ланолин,ама не ми помага,исто и зелка,и тоа не помага,ме боли дури и маицата што ги допира брадавиците.Ве молам за помош,ако некоја имала вакво искуство
И моето се врти до страна, не се врти сам на меше, ама не сум го ставала на спална, на широко, или си е во креветче или во дневна на гарнитурата, ама валда е и рано. Јас преку ден му облекувам боди на кратки, чорапчиња и шпихозни, за навечер е исто само со боди на долги ракави. Инаку моево многу брка со рацете во уста, долу како да се набрекнати жлабините, знам дека е рано за заби, ама купив од тој гелот на фризидерм за секој случај дека брка силно со прстите мислиш ке си ја скине устата Сакав да ве прашам дали ги седнувате додека ги држите во раце дека моево многу се исправа, не сака да биде потпрен назад
Се што може бебе само да направи оставај го. И моево така седнува од 3 м. Сега на 5 ја оставам кратко да поседи под агол од 45 степени во хранилка додека ја ранам или на перниче наслонета.
Јас го прашував педијатарот за ова и баш истово ми го препорача. На 45 степена додека не може да седи, кога ќе почне да се тегне за исправање на 70-80 степена за да може самото бебе да се исправи скроз седнато кога ќе има сила. А она "никако да не се седнува детето" не држи вода. Значи бебе што не седи самостојно не се става на 90 степена ама не дека не може на газот воопшто да се потпре.
Премногу често да не е на града? Ако не цица ефективно, туку само спие со брадавицата во уста обавезно тргај го, брадавиците се "расквасуваат" и стануваат болни на тој начин, плус добра подлога за габички и бактерии. Зелката не помага за брадавиците, туку само за дојките. Освен ланолин можеш да пробаш да ги мачкаш со кокосово ладно цедено масло, не е опасно за бебето дури и да не се измиеш пред доење. Болката може да е предизвикана и од неправилна положба при доење, односно ги влече само брадавиците а не ареолата. Погледни по нетов имаш и сликовито положби за доење.
И моето не се врти уште, но сака да седииии и тоа мноогу, па сега во полуседечка положба го ставам и пак се исправа, почнува да испушта и други гласови сега и повеќе се смее, и почна од непознати лица да плачи
Не им чистам,после бањање со памучна крпа ги тапкам одозгора врз увцето ама внатре немам чистено.Со стапчиња никако внатре.
Зошто не се чистат од внатре? Им ги мокрите ли при бањање, јас знам дека не се мократ, па затоа со оние бебешки стапчиња лесно му ги чистам, пооднадвор. Забележувам дека често му се нечисти, како ситни корупки.
Ние уште не ги мокриме, ама исто приметувам нечистотии и не знаев како најбезбедно да исчистиме. Малку не знаев дека бебешки стапчиња постојат
Има бебешки стапчиња кои се со многу мало врвче, па не постои опасност да се повреди увцето. Дури и чистејки со стапче не успевам секогаш убаво да му го исчистам. Доколку мајките знаат некоја причина зошто не треба да се чистат нека споделат, јас му ги чистам бидејќи досега не сум слушнала дека не треба. Туку, им се потат ли стапалцата на вашите бебиња? На синко ептен му се потат, а не ни е многу топло дома 21-22 степени. Не го ни облекувам многу, едно боди на долги и панталончиња и чорапчиња. Кога ќе ги допрам чорапките се прилично влажни.
Ни возрасни не треба да ги чистат ушите со тие стапчиња, камоли за бебиња. Со стапчињата се бута секретот повнатре и се создаваат чепови, со можност за воспаление. Исто, може лесно да се повреди тапанчето, поради немање осет колку длабоко сме навлезени. Потенцирано ми е од ОРЛ специјалист тоа. Иначе има специјално масло за чистење на ушите, за големиов го користев, сега не можам да го најдам по аптеки. Се капнува капка две навечер пред спиење, по потреба, маслото го растопува церуменот, ушите се чистат. После тоа само со крпа се пребришува школката за да не остане секретот на неа.
Неможе ова со парафинско масло? Или е баш специјално масло. Имам ставано навечер ден пред чистење чепови.
да пробаш со еден стар начин а тоа е да ставишголемо тенџере со вода и малку камилица да врие и ти со градите застани над него полека масирај од горе према доле, ќе почне по некое време и млеко да ти тече тоа е знак дека ти се отвориле каналите.дури и температура ако имаш ќе падне