Добро поминавме барем засега нема промени во расположението и спиењето, а не крена ни температура. Со лесно и вие да минете и наздравје да му е. На 6месеци синко беше 10780г, а на годината 12140г, сега на две години и девет месеци е 18кг и последно кога го меревме висина беше 107цм. Беше бебе како со цевче надувано сега е дечко згоден
Мојава е таква веќе подолго време, пиев сок од слива, пробиотик, ставав чепкалче во газот за да се стимулира, потечна храна јадев на почетокот. Сега више си се помирив дека такво е детето, нормално е со доење да не кака и до 2 недели. Еве денес скрши рекорд, се искака по 7 дена, двете ногавици од панталонките беа полни со каки. Цел ден е весела, расположена, дури не ја ни приметив кога се искака. Кога не и смета нема зошто да и се секирам.
Се оправи ти? Се е во ред? У3 ќе му прават ехо на колк и бубрези, тежина, висина, глава, функционалност на тело, стапала. Вакцината после тоа ќе ти ја закажат околу 2 полни. Ќе те прашаат дали сакаш изборните да ги примиш, согласи се.
Малата ме пукна вчера и денес. Само плаче, и не сака да јаде ниту од града ниту од шише. Па и паметната цура од 2 месеци сака надвор. Ќе влезиме дома плаче, ајмо надвор тишина. Попладне неможам да ја смирам од плачење, ќе јаде малку и едвај заспива. Нерви ми тренира.
Ние со скоков сме ужас,мислам јас сум ужас. Писка колку што го држи глас не плаче туку писка и се напрега нанапред,денес е спиен се на се 40 мин. Секогаш заспива во 8 денес едвај во 9 заспа. Нема шанси да го оставиш сам заоѓа од плачење така да и во тоалет го носам со мене. Татко му ич нее спиен а уморен од работа и прееска го отидовме кај моите да поспие малце. Таму со нив се смее ужива а мене дома маста ми ја вади. Се гледа дека не сум арна со главата ама мислам дека се ми се собра одеднаш и главава мие ужас и се некој глупи мисли. Кога ќе заврши скоков ќе ве частам сите.
Мамички ве молам за совет. Вчера ја примивме првата вакцина (после вакцините од рагање), шестовалентна. Немаше никаква реакција фала богу. Добро ја поднесе бебко. Ама денес кога го допирам на местото каде што е боцнат, осекам како тврдо топче да му се има направено. Нормално е тоа или? Имал некој вакво искуство? Си мислам да не го имаат лошо боцнато ама не сум сигурна. Дали да се консултирам со педијатар?
Јас да не го подречам не го осекам толку скокот, очекував повеке како што ве читам вас, ама сега за сега пу пу добар е. Инаку мојот синока заспа после 12, се разбуди сабајле во 7, спиеше три пати по максимум пола час и еве го сега максимално кинкав, мада ми личи како да го мачат заби, долу жлебините се бели и набабрени, глодалките толку силно ги гриза чинеш во уста ке му останат, и раце и глодалка се’ наеднаш во уста става. Срека со свекрва ми сме во иста кука па ми помагаат го занимаваат, бидејки смеата за секунда ја претвора во плачка
Нормално е, мене тука ми рекоа на трет ден од вакцина да го масирам на боцнатото место со малку крема. Масирав на секое менување пелена и сега е ок. Кај моево не се појави после првата вакцна, му се појави сега на ревакцината, ама брзо го снема. Позз
Не сум баш, не очекував дека вакви промени ќе ми се дешаваат после пораѓај, ама ќе се опраам. А како поминавте со вакцините, дали Ви дадоа нешто за дома против температура или?
Само плачи, исплачи се добро. Тоа е период на кулминација на хормоните. И искарај се со сите, слободно. И тоа ќе помине Да, ќе ти дадат чепчиња. Се смета за лесна вакцина и може само температура да дигне. Моето со едно чепче помина.
Devojki vikate da e gladna cela nok ne i smeniv pelena od 10 i denes sabajle i ne bese mn polna sto moze da e,a si cicase dobro i spiese
Мојава на пример додека спие не моча многу. Т. Е мислам дека и воопшто не моча. Па затоа откако ќе се разбуди ја оставам да си поигра за да заврши работа, па по некое време и менувам пелена.