Фала ви многу, се мислев за кремата искрено ама дефинитивно ќе ја нарачам. Детево ми е жив грев исфрлан е на нозете на лактите на образите, на пупките има буквално е жален. Уште брпјче да ми пишете ако можете од човекот
@AngelOfArh , исто и јас од прв ден гасам светло навечер но ете се буди на 2-3 часа за цицање исто како и преку ден што прави. Во овие три недели дома само еднаш се случи 5 часа сврзано да спие една ноќ. @happygirl преку ден дома е светло, пуштен телевизор на гласно за да се учи, но ете и навечее кога станува за цицање до следно успивање минуваат 2 часа.
Ама мало е, нормално е да се буди првите месеци на два три часа. Скоро сите го прават тоа. Кога ќе се разбуди ноќе, не пали светло, ни телевизор, не зборувајте гласно, значи да не биде исто како преку ден. Нека има само пригушена светлина, надои го и успиј го. Ќе сфати за кратко дека ноќта е за спиење, ќе почне да спие и подолго, по 5-6 часа ќе сврзува.
Да знам дека мора да станува за цицање затоа што сме мали, но барем одма да заспива после доење а не да мине саат и пол. Се трудам секоја вечер да ја научам, се надевам за брзо ќе успеам.
Пробај надој ја, среди ја и легни ја во креветче или кај и да спие, не и збори, не ја нишкај, легни ја, ќе си заспие сама. Така ќе стекне навика и кога ќе порасне ќе си заспива само.
Не ни треба на пет часа да цица, треба на два до три саати да се буди и преку ден и преку ноќ на почеток. Сама ќе се научи што е ноќ, а што ден. И треба ритуали, повторување на нештата. Пример ја бањаш во 19ч навечер и практикувај го саатот. Иако на почеток кај мене немаше саат кога ќе стане тогаш. Али ја чекав и до 23ч. Од вториот месец почна да се навикнува, иначе првиот беше ист како твојот. Измеѓу не спиеше туку кемкаше. Се ќе си дојде на свое место не се форсирај. Мораш во главата прво да се наштелуваш дека така треба да се одвиваат нештата моментално. Не може она да научи сега ништо и треба време за се.
Сега сме подобри од првите две недели затоа што почна убаво да цица, да не се успива на 5 мин цицање. Сега знае пола час да цица и потоа си е будна, си гледа па кенка и на крај со нишкање заспива. Првите две недели бевме само на града.
Немај гајле, ќе се научи, и треба време да стекне рутина Моето после 2 месец почна да сврзува прво по 4, па еве сега по 5/6 саати ноќе спие пред да се разбуди за прв подој. А уште станува еднаш до два пати за цицање, 4+ е.
Само мојава како новороденче врзуваше по 5-6 часа, едвај ја будев за цицање. И спиеше до 10-11 ч. А сега на 5 месеци се буди на секои 2 часа за да цица и уште од 5 максимум 6 будна е и спремна за игра. Па кај 7-8 заспива спие уште максимум пола час и толку е. Што да и правам. Како да си се врти на старо. Можно ли е од јас што ја будев сега така да си се научи и затоа да се буди на секои 2 часа за цицање?
А преку ден спие ли? Ние имаме 3 дремки од кои 2 по пола саат и една саат и пол.А навечер само 2 пати станува за цицање од 9-10 до 6.30-7 сабајле.
Има да неколку кратки дремки. Најчесто 3 од половина час. Некогаш може да се случи да спие 1 - 1,5 час. Ама поретко.
Ете може е неспијач бебе.За ноќно спиење само темница и тишина му е мајката кај нас.А за твоето може не се доцицува па затоа станува.Да ја држиш подолго да се нацица да не заспие па бар 3-4 саати да врзе.
И јас мислам не се доцицува. Пие интензивно 5 минути колку да се подзасити и заспива. И после како во сон тргнува неколку пати, па пак спие и така. Ама ако ја разбудам скрос ќе се расони и ќе почне да си игра и толку од спиењето. Ова промена не снајде со 4 скок. Дотогаш немавме никаков проблем со спиењето.
Мојата од почеток до денес е иста. На секои два саати станува, а во последно време од 2 наутро до 6 и на секој саат. Буквално за една голтка. Утрово во пет саат само сакаше да си заспие на града. Интересен лик ќе биде хедониста. Секое утро во 6.15 сме на нога. Прва дремка и е од 7.30-9, втората и е околу 11 некои си 20 мин. Околу 15ч и е пола час. И од 17-18. У седум и е бањање на мени и потоа додека заспие кемка. Првиот сон и е најдолг дури три саати, ретко ретко четири и после мезење цела ноќ. Дури не ни верувам дека некогаш ќе сврзе пет саати. За станувањето во 6.15 е таман тогаш и треба да станува и во иднина за во градинка
Околу спиењето е само до детето, на синко мој ни ноќ ни ден не му се знаеше цела вечер се мезеше на секој пола сат како зомби шетав. Малава уште во болница цела вечер ја преспиваше, убаво си ставаше на тежина и не ја будев. Потоа на 2 месеци почна да се буди еднаш во 2 еднаш во 6 ама цицање и пррзаспивање и будење во 9. Сега на 4+ станува во 9 како аларм цица една града, два три часа е будна пак цице другата града ако е убаво времето спиење во количка ако не дома. Будење во 13-часот цицање будна до 15-часот давам тогаш 150мл ад маф ги прави спиење уште два часа будење цица во 18ч будна до 20ч пие 50-70мл чај кратка дремка од половина час, цице гугање бањање во 21и30 во 22 ад млеко 150мл и куфер до 5ч сабајле се буди, цица од двете гради онака квалитетно презаспива до 9ч. Да не ја урочам ми е како по книга ете јас сум истата исто и со двајцата правев ама едноставно секое дете е различно, вака или така ќе пораснат краток период е и колку ноќите да ни се гледаат долги не правите ништо погрешно не се обвинувајте дека е до вас кога ќе се присетам колку проплакав колку нервозни денови и ноќи имав со синко од сите страни само ''совети'' и како се правам погрешно
Мојов 4 саати да врзи јас ќе бидам ''на коњ" 4+ месеци е. Од почеток првиот месец мислам дека беше 20 саати на цицка Сега па еве има 1 недела па не сака да цица на сабајле, цица малку ко ќе стани во 6ч, потоа кон 10 одвај малку со сила му давам да цица, па спие пола саат до 1 саат, па потоа кон 1ипол - 2ч спие пак можи 1саат до 2 да врзи, па пак пола саат кон 7ч спие и во 10 навечер заспива до 12 па цица па потоа на 2-3 сати станува до 6 . Многу лесно заспиваше на цице сега мака мачиме, плачи премногу пред секое спиење. п.с Се тешам дека второто здравје Боже ќе биди помирно и поќе ќе спија оти ова убаво ме измачи од дома немам мрднато ослабев 12кг
Неможам да се жалам веќе два месеци си сврзува убаво сон. Заспива во 8 станува накај 12 за цице заспива одма и во 4 пак цице е тука знае да се заигра ама брзо го презаспивам и до кај 9 си спие. Дене е кенкав носето му беше затнато ставав вијалички синонарин чистев носето но пак си продолжи и сега ми текна земав Синомарин спреј му шприцнав по еднаш све искочи о одма си заспа.
И јас мислам дека е до бебето, а не до навика. Мојот бидејки прематурче првите два месеци го будев на два часа ден и ноќ. Третиот месец го оставав навечер по 3. И веќе на 4ти месец си постигна супер килажа и ми рече педијатар да не го будам, цицање само кога ќе си стане сам. И оп, уште прва вечер коа не го будев он си сврза цели 7 часа И така тераме. Ќе се нацица убаво. Ќе заспие во 9, прво будење во 4, потоа во 7, и во 9 станување Сега сме пред скок 4, и тоа ме плаши
Мојава до 4 скок не можев да ја разбудам. После се изремети. Си реков ќе помини скокот и ќе си се врати по старо. Но не. Се и е поинтереснно од спиење. Ептен да се умори па да заспие од премор.
Mamicki od koga pocnavte da setate so bebinjata? Mojata e 3 nedeli deneska 3 saata bevme izlezeni da ne e rano uste? @FreeMind i tebe te cekam da kazas