Супер одлично е има голем двор со трева средена си играа баш дечиња,храната е убава но не е баш ефтино,не е претерано скапо ама сите цени се околу 20-30денари поголеми од другите ресторани..ако е убаво времето супер е за надвор,внатре не разгледав дека надвор седевме
А ако не е заб маката туку да сака така со раката во уста да седи може нешто негативно да и се одрази осанитот? Иако е хомеопатски не би требало али немам искуство со тоа. А само осанит му даваш или ги мачкаш и непцата со крема? И со која крема?
Осанит и Дентинокс гел,друго ништо. Инаку Осанитот мене докторот ми го даде,го виде на контрола кога бевме и рече забите му се и му препиша Осанит,Дентинокс и чепчиња Вибуркол бо случај да е многу нервозен и да плаче.
Овде гел ставаат само навечер оти си има и он хемија. Само ако си сигурна дека е заб мачкај инаку не. Нека го ѕирнат на заболекар. Ќе ја однесам кај мојата заболекарка да ја види најубаво така да не експериментирам. Бело е само небото фактички во устата, непцата не и се бели сеуште. Плус генетски покасно ни искачале заби, се надевам дека само истражува или непцето се прилагодува.
Мајки, бебе е сега кнап во коритцето за бањање. Да ми препорачате што користите, дали да земам поголемо корито, или некакво столче/седиште за во када. Има 3 месеца и уште не седи, кога ќе биде и тоа мислам дека ќе можам пак во коритцето, ама како да се бањаме во меѓувреме?
Јас денес многу се изнервирав значи бев член на една група за подршка на доењето на ФБ сега се откажав од таа група само што напишав оти немам доволно млеко оти го дохранувам плус бебето со хип комбиотик добив такви осуди тоа е страшно значи е сега сакав да ве прашам дали вие мислете оти толку е штетно тоа ад млеко што тие толку осудуваат
Женски, каков сируп смеам да пијам за искашлување, додека дојам? Секое утро кашлам, имам шлајм што немам појма од каде и зошто ми се ствара, еве веќе месец дена. Ни ми тече носот, ни сум била настината. А насабајле градите ми свират ко од бронхит, ме гуши дури и мачно ми е да дишам.
Таа група има правило дека препорачување на вештачко млеко е строго забрането. Не дека давање на АД е лошо, но со давањето се губи шансата да се зголеми лактацијата и со тоа сосема да се елиминира користењето на вештачко млеко. Целата поента на таа група е да се мотивираат мајките да дојат, дури и кога тоа е тешко (нема доволно млеко и бебето е погладно и нерасположено).
Јасно стои во правилата на групата дека не се подржува АД и ќе се бриши секој што пропагира давање на вештачко млеко. Затоа така те нападнале.
Хепи можеш да земеш Хербион за искашлување ама сепак консултирај лекар. Најдобро да ти ги слушнат градите. Да не направиш бељја. Дома можеш да свариш кромид и јаболки. Види на нет има рецепти, исто за секрет и искашлување. Од него секако нема штета. А ефикасно е.
Ме слушна матичната, вели немаш ништо на градите. И само насабајле кашлам, после тоа не. Сега гледам дека имам неотворен Хербион дома, во упатството пишува за доилки во консултација со лекар. Матичната ми рече некој сируп од јаглика да земам. Ај ќе пробам прво ова со јаболко и кромид. @AngelOfArh ти да не имаше рецепт за ова?
Имам, јас сум ти подвижна аптека за лекови 1 кромид, едно јаболко и 4 оревчиња. Јаболккото и кромидот убаво ги миеш и не ги лупиш, не ги чистиш, само ги сецкаш на парчиња како што се сосе лушпа, рачка, косичка од кромидот и семки. Оревите ги кршиш за да видиш некое да не е црвливо, сосе лушпи и јатки оди се во тенџерето со јаболкото и кромидот, литар вода и да врие, да дојде до пола, цедиш и пиеш. Синко го пие и се смирува кашлање стварно, искашлува убаво, му помага.