Немој да паничиш! Го боли бебушот? Плаче? Не спие убаво? Ако навистина детето страда можеш да го однесеш на општ доктор за консултација, немора на педијатар ако баш нема.
Ne panicam mnogu samo malku inaku najmnogu se nerviram za toa kako sega bas koga ne sum doma se slucuva toa.Ke pobaram tre od kremeta na mustela da najdam.inaku mislam deka ne ja boli si place kerka mi ama poveke e od zabcinja sto ja macat izgleda , spie mirno Ama pusti strav kako da go sokrijam Sepak ti blagodaram ke vidime sto ke ni kazat vo ponedelnik
Sabatini, не се вознемирувај без потреба. Најчесто е ништо и само си правиме филмови. На ќерка ми и се имаше такво направено само на едното обравче кога беше бебуш и тоа од брадата на татко ѝ. Маж ми ја држел, од таа страна ја допирал на лиценцето со образот, а брадата потпорасната и толку треба за таа нежна кожа. Значи, може и да е нешто нај,најбанално. Не ставај ништо, што помалку хемикалии на детска кожа (а кремите се хемикалии), толку подобро. Ако веќе не можеш да издржиш, тогаш нешто што поприродно, маст од невен на пример има секаде по светов, гледај да е baby-friendly, или кантарион, значи нешто што помага за заздравување на кожата, а да е со што помалку додатоци. Може и од ќебенце да се појави, од било каква иритација на кожата од надворешен фактор, зашто од бебешка кожа понежно нема...
Te razbiram veruvaj i mnogu si vo pravo obicno prvorotkite se najmnogu isplaseni za bilo koja promena se pravat filmovi na golemo ama takvi sme sto da pravime... Inaku i jas ja zemav taa opcija da ne se izgrebala od tatko mi pa zatoa i stavav i pavliceva dva denaso pomisla deka ke pomine , ama eve nedela dena skoro ili tocno nedela dena ne brojam navistina mnogu zaboravam nejze ne i pominuva.na tvojata kerkicka kolku vreme i bese , za kolku vreme se povlece ???? Me buni sto i e kako lisaj da ima kako ispukanko i suvo na dopir zatoa i ja iskluciv taa opcija da se ima pocesano od dedo kako i da ostanuva da cekam i da gledam dali ke i se namali...
Што користевте за чистење на гнојаниците од лицето,главата и телото на бебето? Мене ми дадо маст да ја мачкам и ми рекоа за 3 дена ке се исчисти но еве 6 дена ја мачкам и исто е само се шират. Маста се вика ХЛОРАМФЕНИКОЛ
Колкаво е бебето и кој ви ја препишал маста? Ако се работи за бебе до три месеци, нема потреба од мачкање со ништо, сами ќе си поминат и ќе се исчистат. Хлорамфениколот е антибиотик, а тие не реагираат на него, не се работи за бактериска инфекција.
Искрено да ти кажам, јас имам прекрасно искуство со „Јекодерм“. Го користев со првото и сега пак го користам со второто дете. Резултатите се фантастични, а кожата на бебето мазна како цуцла. Топло ти го препорачувам.
Бебето нема ни месец дена 25 дена како е родено. Му се прошируваат по цело тело и главата а за лицето да не зборам брунка до брунка е. Ми кажаа некој розов прашок имало во аптеките но незнам како се вика и како да го барам. А совет од која храна факаат грчеви?
најверојатно затоа што на бебчето не му се развиени потните жлезди на тој начин поти се исфрла по телото со тек на време можат сами од себе да поминат ако е од тоа немој да ги мачкаш со витаминска зашто е мрсна крема и може дополнително да направи проблем има една маст пантексол плус распрашај се во аптека.
За розов прашок не знам, но знам за црвена вода, еозин се вика. Со тоа може по тело да се мачка, но не на лице, барем не го препорачуваат. А јекодермот би требало да заврши работа. Мало е уште бебето, се чисти, ќе се исчисти со тек на време. А за грчеви, сите кажуваат различно. Консултантите за доење тврдат дека нема храна што предизвикува грчеви, но треба да се биде внимателен со производи кои предизвикуваат алергии, со кофеин, лекови и алкохол. Мајката може се да јаде, умерено, ако бебето убаво фаќа и цица, нема да има проблеми.
Имаше многу малку само на едната страна од лицето и свеки ми рече најдобар лек било мајчиното млеко да стиснам млеко и да му го премачкам лицето така направив но не му поминаа . Потоа патронажната сестра кога дојде ми рече павличева да му ставам ке му поминеле но за жал се нафрли уште повеке цела глава ,лицето вратот па и по телото почна да нафрла. Ја прашав докторката која ни е семеен пријател воедно матична на син ми и таа ми ја препиша маста но за жал се повеќе му се шират. Ми вели на главата од волнена капа му испаднале а јас капа воопшто не му ставив досега . Па пробав да го сменам шампонот со кој го бањам да не е до него и гледам сега не се шират но и не поминуват. АНАТХ а црвенава вода како се применува и колку чини од прилика ?
Не знам колку чини, ама мислам дека не е скапа. Со натопена газичка со еозин се премачкуваат брунчињата и толку. Само да знаеш, остава црвено, се вади кога ќе престанеш да го мачкаш детето. Ако до толку страшно изгледа, однеси го малото на кожен лекар, не кај педијатар, да не е нешто друго во прашање.
ина моево од излагање од болница му излего како лишајчиња по лицето но матиочната ни ја препиша црвената течност, и маст го мачкавме без проблем и на лице, и плус значи најубаво е еднаш неделно со хиперманган да го бањате заради инфекции.
И моево синче кога излеговме од болница после неколку дена ми се нафрли со ситни брунчиња по лиценцето па и по телото ,единствено нешто што ми помогна е Еуцерин црвена линија за тело .После бањање обавезно се мачкавме и повеке не се појавија .
Мајка, внука ми имаше мака и и открија дерматит. Го менуваат често средството за капење и само така поминуваше. Не ставај само павловичева, не помага тоа, напротив се шират. Пробај со цинкова подобро, јас знам дека претерувам со цинковата ама стварно многу подобро помага од павловичевата, таа е доста масна и само ги потпалува овие појави на кожата. Ни еозин не помага мислам, бар на една другарка за малото не и помогна, само цинковата од Мустела и помогна, мене сите производи од Мустела ми се сумљиви освен оваа со цинк и сапунчето за новороденче Пробај и со хиперманганот. Пробај и со Еуцерин црвена линија и тоа е многу добро, исто така помага и долготрајно. Облекувај го само во памучно и добар совет ти е да се консултираш со дерматолог.
Го променив и јас шампонот од бецутан на косил . Инаку го набавив розовиот прашок , пријателка имала 2 па едно ми даде и се вика ХИПЕРМАНГАН се надевам ке ми помогне.Само дали и на лицето се става мислам се мие?
Мајка, пробај со нешто поквалитетно, Косили имаше лоши критики во новите пакувања. Пробај со Беколино, Нивеа, Бубшен... На другарка малото од Бекутан се исфрлаше, и тоа многу, ама смени на Мустела и се подобри ситуацијата. Не мора Мустела, пробај со Беколино на пример, на внука ми многу и помагаше. Инаку хиперманган раствараш сосем малку во водата што го бањаш, колку да ја смени бојата во светло розе, ако претераш лилакова ќе биде, и со неа го поминуваш телцето, најдобро во водата за плакнење, во посебен сад раствори малку и така полиј го, и да и на лиценцето, само глеј да не голтне детето, иако не знам дали смее, ама пак глеј да не му ставаш кај муцето за да голтне, на лиценцето со раче изми му од таа вода.
Детето што го чував јас кога имаше сипаници освен што го мачкавме со таа пудрата го бањавме со хиперманган. Не знам колку ќе биде ефективно во твојот случај, ама навистина брунчињата побрзо се исчистија. А на лицето мислам дека не го миевме со тоа.