Јас од денес почнав да и давам на безмалку 4ипол месеци да пробува вкусови и планирам до 6 месеци да пробува и тогаш да почне со оброк, домашно обарено и блендирано по две три лажички да лизне овошје и зеленчук по три дена денес дадов јаболче, наредно морков па круша и така наизменично од листата за 6+. И нас ни препорача матичниот да почнеме со давање кашички и сокчиња, лично не сум за сокчиња па нема ни да понудам. Беше малата воодушевена и млацкаше низ усте од јаболчето, а потоа со лажичка и дадов и превриена и на собна температура вода неколку лажички и бебе се искака по само половина час инаку мака мачи за какање. Се надевам ќе и се регулира зошто нерви покинав со тоа што не кака со денови. И јас мислам дека нема потреба од купечки каши и дека докторот само ги изрекламирал. @Meckicja не делиме ордени за најмајка ниту таа што дои ни па таашто дава ад е помајка, се знае дека од мајчино млеко нема подобро ама ни ад не е отров. Јас ја дојам малата а два оброци и давам ад ниту се срамам да кажам ни па ме заболе ако некоја најмајка ми ги преиспитува одлуките. Синко го доев до година и 9месеци ама беше бебе кое ужива во цицањето и напредуваше повеќе од одлично. Ете сега ми е второ имам искуство и доенечки стаж ама така е како што е и ни се потресувам. Прави како што му прија на бебе а ти тоа најдобро го знаеш и не заборавај за среќно бебе потребна е среќна мајка.
Оние на ад што се, вештерки? А ние цицкорашките сме светици Па и ја избркале од група оти ад давала Да е во живо чаша млеко у фаца! Живот ми продолжува форумов што се нема да прочитам. Македонче непресушен извор на глупости.
Моево на 3 месеци беше 8400г екслузивно доење, не добив таков совет баш напротив ми рече дека нема потреба напредува многу и ако се можи до 6 само доење. Но јас планирам деновиве да почнам со јаболче 4 и пол месеци е.
Јас од пред 2 дена случајно налетав на групата. Па сикрет груп и наведено во правила дека ќе се брише секој што ќе пропагира давање на АД. Чиниш дрога нуди.
Што им е на профил слика, цицка со круна? Абе и фб не е тоа што беше. Се почесто е извор на вакви бисерни групи кои се основа на ликови како ина фина да градат кариера над овие женичкиве. Ако, треба пари да се прават зошто да не и од вакви глупости.
Генерацијо, како сте? Да ве прашам, почнаа ли вашите бебиња да посегнуваат по играчки, глодалки, било што? Моето уште не, само ги прати со поглед. Се мислам и јас за кашите, решив да почнам од полни 5 месеци па ќе видам дали и колку ќе сака да јаде бебо.
И одма психолошки профил на мајката шо психопат е што си труе дете, па да се најде чаре како мајката да се врати на вистинскиот пат, свој леб јади туѓо гајле бери. Секој си знае за себе и својата тежина јас се чудам еден период глава како не изгубив некаде, а не за млекото ма да покрај се некако се стабилизирав. @happygirl мојава последниве денови почна да фаќа и посегнува по играчки, фаќа и става во уста ама палчето уште го чува собрано, фаќа со другите 4прстиња. До сега само следеше, давај ги играчките централно во средина на градите кај да е ќе почне да фаќа
А од колку месеци почнавте да ги паткате и оставате на ноџиња? Мојава се мисли голема и ич не сака да лежи. Се сака на ноџиња исправена да ја држам. Страв ми е да не е штетно зa колкчиња. Амапа од 6 м некои и во дупак и ставаат. 5 ипол м е бебе.
Рано ви е за паткање. Стави дете на земја, ќе си најде самата како да се движи. Самата не може да дојде до исправена положба, т.е да стои на нозе, туку ти ја држиш. Дозволено е се што бебе може да прави само. На земја ако ја ставиш ќе биде поактивна, ќе се врти, ќе пробува да се исправа за седење, ќе јакне мускули. За брзо може и да почне да лази.
Здраво,незнаев каде точно данго поставам прашањето па се надевам дека не згрешив. Бебето ми е 15дена и сега треба да го прихранувам Сопругот купил шише на Нук со цуцла С за новороденче,дали ќе можи да ми кажите испакнатата страна со дупчината дали треба да биди горе ичи долу на јазиче??
Ја држам исправена, ама тежината на мене да и е. Неколку минути колку да се порадува. Инаку ја оставам на земја и лази, ама наназад.
Ќе почне и нанапред. Сите прво лазат наназад, додека да скопчаат како треба. Супер. Ако лази уште сега, може и пред година да прооди. Само дај и слобода, секако под надзор.
Не сум користела вакво шише, имам ама бебето не ја сака. Мислам дека е со рамното надоле бидејки така изгледа брадавицата откако бебе цица, рамна на долниот дел
Моево од вчера почна да си ги фаќа рацете, досега не можеше. Сега тоа и е интересно да си игра со прстите. И како наеднаш да се издолжи. Нозете и рацете и се подолги. За спиење вреќава и беше голема сега и е кнап. Друго што приметив е дека сака да се исправува. Не сака да лежи. И на стомак што не сака да биде не сака не ни ја терам. Ах да и гласот го вежба се дере како будала и обиди за гласно смеење. Од кога ќе почне да се превртува сама? Сеуште ја оставам лабаво на кревет нема некои знаци за вртење. Да не се случува и тоа наеднаш? Глава ќе скрши.
Не ја оставај без надзор кога ќе се одалечиш секогаш заштити ја од страна до сега се има мојава три пати свртено два пати од стомак на грб и еднаш обратно со неколку недели измеѓу и секогаш неочекувано
Исто како јас да сум го пишувала постот. Една недела сте постари од нас. Веќе една недела интензивно ставање на прсти во цуцла кога Цона (цуцлата) не и е во уста. Па, ја плука и рацете две ги пика. За исправање на главата веќе еден месец кога ја држам исправена, она сама нанапред се турка и сама си стое. Веќе неколку дена праве брзопотезни свртувања на главчето де лево де десно ама набрзински. И мојата не сака на стомак ич, ама ич не сака да лежи. Почесто се смее, па зборувам само и отварам широко уста(ми враќа со иста реакција). А за дерење... Ќе ме оглуви денес ортопедот кажува ама ништо не го слушнав на уше ми пискаше.
Денес ни дадоа и Д3 на Пливит. По колку се пијат изумив да прашам, навикната на оние по едно капсулче на ден што се даваше