Значи иста е како дечко и и он се наеднаш почнува да прави,кога че го ставам на стомако ѓмури со главата нејќе. Е вртењето ние комедија сака да се сврти а неможе и само писка писка цела зграда да го слуша па и црвен станува.
После подолго отсувство и јас да се вклучам во дискусија. Моја бебица ги зема играчките, пред 2 недели почна, несигурно фаќа ама успева да ги добере до муцето за да ги шмока. Бидејќи од 3 и пол месеци престанав со доење, покрај ад почнав со вкусови од минатата недела. 4+ е бебка, досега само јаболче и морков сум и дала.
Нас доктор ни рече по 2. Од ко е роден само од нив му давам. @happygirl моево е 1 ден по термин родено. Ги фаќа глодалките сам и со двете рачиња ги носи во уста. На мм вилџанот со кафе за малку ќе му го чапнеше со двете рачиња го зафати. @FreeMind така почна и моево, прво си ги фаќаше рачињата, па ги гледаше итн... Иначе уште не се превртува на никаде додуша и ретко го оставам на меше.
Мила колку месеци е веќе твоето бебе мојата ќеркичка во понеделник полне пет месеци и фаќа веќе се и се превртува понекогаш на страна
А се првртува од меше на грбче и обратно? Мојава од што не сака да лежи на меше се првртува на грб, ама обратно само ептен да ја испровоцирам со играчка и со помош. Не ни сака да се врти на стомак, зошто не ни сака да лежи на меше. За фаќање почна некаде на кај три месеци. Сега само лупа чука, крши, мава. Мм се зафркава дека терминатор била и само и вика дека нема ни една читава играчка да има. Најмногу се радува да чука со дрвена лажица по маса, да турка шишиња и се радува кога ќе турне нешто кога силно ќе трасне. Што поголема врева прави нештото кога паѓа, таа поќев е. Многу почна и да глуми дека плаче, а само се накашлува и кога и го исполнувам/ давам тоа што го сака се паѓа од смеа на глас веднаш како ништо да не било. Од неодамна почна и да си подава играчки од една во друга рака и да биде попрецизна. Пали и гасни светла и се обидува ама ретко успева да ги погоди копчињата на проекторот бидејќи се многу ситни. Исто лази, ама наназад и се извртува во креветче за 180 степени. На една страна ја легнувам, утредента ја најдувам со нозете кај главата. Тргнав и оградици и се од креветче. Главата од рамно ја поткрева 10 см, а кога лежи на мене скроз си седнува. Многу има напредок во последно. Бебка е 5 ипол месеци, родена 2 недели пред термин.
Секое дете е различно синко беше мрзливо, тромаво бебе, најмногу мислам од што беше крупен потешки му беа зафатите, доцна заоде на 16 месеци, околу 7ми месец почна сам да седнува никогаш не залази. Ама како заоде така не застанува нека е здрав и жив уште на лустер не се испентарил. Малава е попргава ма да мислам и вежбите на кои одевме и вежбањето од тогаш до сега дома во континуитет имаат удел во тоа што некои покрети ги научи порано, како вртењето, самостојно се крева од рамна површина за цела педа, кога е во релаксатор под агол успева до седечка положба да се исправи, се врти на страна и се крева бочно. Вчера бевме на физијатар и многу ја пофали рече дека нема место за грижа одлично напредува и дека тоа што одеше и ќе оди на вежби нема штета напротив правилно ќе се развива и ќе се стимулира, неретко бебињата кои вежбале биле напредни моторички. Има вежби по youtube за стимулирање на бебињата зависно од возраста и и те како делуваат, како сунгер се учат повторени движења и подоцна сами ги повторуваат.
Мојата тек ќе полни во понеделник 5 месеци и се завртува само на страна на стомак и на .грбче сеуште не
На 10ти мај 5 месеци ќе прави. @Vennera.aa значи и батково мој како твојот покасно можи ќе заоди ќе те прашувам тебе за се дека исти месеци исто тежеле, ако е со ќеркичката твоја 1 ден разлика иначе сака да седи и можи сам скоро 1 мин без да се одвали странично, главчето го крева од лежење скоро 10см, но за превртување уште никако ќе го пробам денес да видам дали има некој напредок Нека се живи и здрави се ќе си прават и јас не споредувам со никое др дете оти секое си е различно, кога ќе дојди време сам ќе си кажи за се.
И јас идам сега од кај матичната, да не знае човек кој да слуша, Фидановски во Систина ми вика најдобро било до 6 полни месеци бебето да е исклучиво на доење и од витамини ми даде Д3+омега и обичен Д3, матичната сега ми вика од 4,5 месеци да почнам со дохрана со готови купечки каши и да Д3+омега и една капка Вигантол лудница @happygirl моево фака игрсчки и право во уста става, веке треба повеке пазење. Не го мисли многу кога сака ке си почне ке фака
Мајки малата ми е 2 месеца. Пет дена не ми е какана, и од синоќа е многу нервозна, не спиеше, цело време стенкаше и се мачи. Претходно исто 5 дена не беше какана и и се искака ептен малку, колку да се рече. Пробав со масажа на стомаче, сменив исхрана, пијам компот од сливи, пробав со топломер да стимулирам и ништо, а беба се мачи. Докторот ми препорача сируп Порталак ефект ама во аптека ми кажаа дека на толку мало дете не го препорачуваат. Некој совет и искуство? Инаку сме на доење и за еден месец има качено 800 грама.
Ај што форсираат исхрана од 3+/4+ него не ми е јасно зошто форсираат купечки каши а не домашно зготвени???
Мислам дека ради тоа што се преработени продуктите и можат да предизвикат помалку стомачни киселини од свежите. Колку за пробување да не дојде стрес на организмот, па потоа да се продолжи со домашни.
Ама и ти дома си ја преработуваш,јас јаболчето кога го давам прво го варам.Неможе нешто што стои во тегла две години да е по ок од домашно зготвени.Барем според мене