А што тоа сте против купечките? Сите не се добри ама Хип, Холе, кашите на ДМ се био со сертификат. И се подобра опција за почеток од овошје и зеленчук третиран милион пати. Плус е далеку попрактично додека фатите некој ред и каде по две лажички. Барем мене ми беше. И сеуште знам да дадам готово од наведените.
И јас се сложувам со Дафи, не гледам ништо страшно ако се почне со купечки каши. Секако е попрактично да се дава од тие додека да пројаде убаво бебето. Од коментари на најмајките и на ФБ, а и тука, веќе ми е преку глава искрено. Секоја нека си прави како мисли за своето дете Ај да прашам кога веќе сум тука, последните 2-3 ноќи бебо се буди на 3 саати за цицање, како на почетокот. Не врзува веќе сон од 5-6 саати. Денес е точно 4ипол месеци, во големиот скок е уште. Дали будењето е знак дека е гладен, и треба да почнам со воведување на вкусови, или до скокот е?
До скокот е. Во 4 месец има sleep regression, не спијат толку, почесто се будат, пошто се поактивни, позаинтересирани за околината, а богами и малку повеќе нервозни. Ама поминува.
Не,не,далеку од тоа дека јас не сум давала купечки,боже мој некогаш ќе излезеш,нема да зготвиш,ама сепак мене ми е поубаво кога јас ќе му зготвам.Знам што сум ставила,од каде е,и пред се е тазе и свежо.Што е тоа што го има во кашичките и не дозволува да се расипат година,две?
Мамички, Бебето ми е еден месец и од пред два дена ми се нафрла ситни брунчиња по лицето и вратот со бели врвчиња. Најмногу има на вратот и обравчињата. Не и ставам никаква козметика, до сега сум ја бањала само со вода, немам користено ништо од кога е родена. Педијатар ми вели се чисти од пораѓај, но многу ми е жална кога ја гледам. Сте имале ли слично искуство?
Не видов дека тука се јави некоја најмајка.Ако е за мене слободно можев да бидам цитирана.Ова е форум каде што се споделува мислење и се дебатира.А јас на никого не наметнав мислење ниту осудив.Па и самата јас сум давала кашички готови.Муабетот беше од која причина нудат готови каши???
Тука сум јас за се слободно пиши, мојот ај што беше пуфче туку и една мрза хахаххаа знам колку се секирав тогаш и сега кога ќе ми текне си се смеам колку сум била будала. Затоа деца не се споредуваат само грижи си прават мајките леле ова на 9 заодело моето абер нема па дали е се во ред па триста мисли. Стимулирање на деца да, вежбите како што се добри за возрасните уште подобри се за децата и бебињата, форсирање никако, се е еден процес кој треба да мине и за секоја фаза детето треба да е спремно. Треба да уживме во овие денови зошто ги минуваме во грижи а се бесценети и не се враќаат. Ден втор јаболче 3-4 лизнувања па 3лажички вода истеравме ''оброк'' па се наврти на цицка. Искака бебка и денес по само половина час, јас пресреќна. Овошјето се вари или готви на пареа кратко колку да смекне, нормално се препорачува свежо да не се губат витамините ама додека свикне стомачето се готви. Нема ништо лошо во готовите каши, мене лично ми одговара да правам зошто имам домашни намирници ама далеку од тоа дека не сум давала готови на поголемото дете, дали зошто немало сезонско, сме биле надвор или едноставно ми било мака да спремам.
За пробување вкусови е полесно, посебно ако немаш домашно да дадеш, или ако не му е баш сезона на овошјето/зеленчукот.
Не се секирај моето нема врзано 5-6 саати никогаш највеке 3, ретко 4, ама и јас приметив деновие дека е понервозен на спиење и ми се буди на точно 2 часа, некокаш и на 1 час, па затоа овие две три ноки спиеме заедно на спална И јас приметив дека овие 3-4 дена го фака скокот до сега добар беше
Го поминавме тој период на почетокот Убаво почна да си врзува по 5/6 саати после 2 месец, и се навикнав и јас така да спијам. Сега пак исто ко на почеток, како аларм да има навиено, на 3 саати и буден е.
Јас само онака да пишам. Го зачитав муабетот за најмајки. Ич да не се замарате со други мислења и да споредувате деца. Секое за себе е своја приказна. Еве јас имам три, со третово ко да немам дете, ама ич не се замарам. А за возврат на тоа посмирена е,нели смирена мама смирено бебе. Инаку тука негде ни се на сите изгледа,ние пет месеца полниме за некој ден. Досега знае да се сврти на меше,обратно пробува ама уште не и успева,сега почна да фаќа играчиња и право во уста. И не спие ич ама ич. Најуморна сум овој период. Дохрана планирам за некој ден да почнам со зеленчук или ориз.
Да исто на 40 дена се нафрли цел, тоа е се чисти, ќе му помини за 1 недела, јас Еуцерин купив за лице крем. @Vennera.aa почнав и јас со јаболче денес, малку го сварив и во блендер, па го јадеше и утре јаболче, после незнам што да му дадам морков?? Круша нејќам оти се мн вештачки купечкиве, на една другарка и се нафрли бебето со мозолчиња од крушата. После пола сат од оброкот бараше да цица и заспа
Јас и со еден саат спиење сум срекна, си викам а замисли да плака цело време така си се тешам. Да не подречам сега за сега добро се снаогаме
Да можеш морков, тиквичка, пашканат, може да си ја симнеш бебе готвач апликацијата и од тука да добиваш идеи Спојлер: Табела Бидејќи не му заменува оброк секако ќе бара да цица, ма да синко мој и оброк цел ќе изедеше и за кратко пак беше на цице, нели може да цица колку сака и кога сака така да тоа не е проблем. Можеш по некоја лажичка и водичка после пробувањето да понудиш да исплакне усте и убаво е да се учи да пие вода.