Ја имам апликацијата, фала го понудив со вода ја плука па ене го уште спие од 2 и пол најаден е пустиот
Наздравје нека му е, па голем дечко е тој сакал да си папа И малава плука без вкус им е ама ќе ја свикнат со лажичка колку толку ќе голтнат
Од шише не ја сака не влечи, а со лажичка колку толку ќе се напие ќе изврти низ усте. Пробај како ќе одговара на бебе така давај
Јас на скоро 9 месеци уште давам со лажичка за да знам дека испила, а нудам и со чаша. Ама повеќе ја гризе чашата, нешто по грешка и ќе голтне.
@lackygirl може глупо е прашањево али немам поим, колку е тоа малку што му даваш на почеток? Сликни ми да имам претстава. Јас како планер да запишам во тефтерот за кога ќе дојде време
До трети месец. Потоа д3 со омега. Јас бидејќи пијам витамини со омега, сега, од трети месец, му давам само д3
Каков душек имате за бебе? Тој што е во креветчето ми личи многу мек, ќе сака да се превртува и мислам дека нема да може. Да ми препорачате некој поцврст...
Исто и моево се нафрла прво на челото па после на обравчињата.Веќе сме 3 недели а ги има неколку дена.Тука ништо не ни препорачаа ни кажаа тоа се бебешки акни и ми препорачаа да ги мачкам со мајчино млекце и има ефект,ги суши.А може и од премногу жешко да му излеваат, а искрено јас не го облекувам многу ама ете ги пак. До 40дена тие се чистат, ќе поминат
Уште ги имаме, низ цело лице и вратче и се. И мене ми рекоа дека може и од жешко да и е, но јас не ја облекувам многу, само боди на куси и одозгора шпихозни. Која температура држите дома?
Добро дали на 4 недели постои некој скок во развој, бебе од 4 поручек цело време кенка, во раци ми заспива и плачејќи се буди?
Јас до имам тој бебешкиот на дормео. Од едната страна е потврд за до 6месеци. А другата помека за од 6 па натаму
Напиј се парацетамол или бруфен. Ако не ти помине пола аналгин иако не е препорачливо ама јас сум пиела по пола кога не сум можела да функционирам. Темно и тишина. Ќе ти помине. Постојат цело време, цел живот. Гушкај го и не се нервирај, ќе помине. Најбитна е љубовта од мама, без нервоза само.
Мајки, ги имате ли оставено на чување до сега на бабите и дедовците или некој друг? Како се наближува денот паничам. Станав мајка каква што ветив дека нема да бидам
Јес. На 3 недели отидов во друг град да се сликсм за апсолвентка, излегувам кога имам обврски нешто набрзина маркет, банка, забар. Синоќа бевме друштво собрани, се измолзив свеки и дала и ја заспала.