Мојава дури сега почнува да се стабилизира ама уште се буди на 3 часа. Но барем заспива веднаш и спие до 6 часот. Едно време среде ноќ си игравме. Баш во тој скок. Инаку и мојава после јадење пак бара да цица. Навика и е. Пред 3 дена изеде120 грама и одма бараше да цица. И поврати малце. Во 2 ипол часа таа три пати цицаше после цел изеден оброк. Другиве денови си јаде помалку и одма цица и нема проблем.
Колку време треба да го оставиш? Остави го на некој во кој имаш доверба. Претходно разговарајте, објасни како ти го чуваш, спреми им список, остави вода, млеко, храна, памперс, вл марамици, резервна облека, играчка... Ако ти е прв пат ќе ти е тешко, па секој нареден пат се полесно ќе ти е.
На неколку часа, свадбарски Многу често го оставам на сопругот ама мислам дека он подобро од мене го чува, 100% доверба имам и не го ни мислам кога се заедно. Сега прв пат на моите, не знам како ќе се успијат без цицање, дали ќе јаде.. многу прашања Ама мора од некаде да почнеме и се надевам првиов пат ќе помине без инциденти
Од 16 до 20степени ни кажаа идеална температура.Кај нас некогаш знае и до 22 да оде а не грееме ништо и тогаш го облекувам покомотно,боденце на куси и шпикознички ,мајка ми по мене го покрива ,јас го откривам
На моево носето му течи скоро 2 недели, го носев на доктор ништо нема, го чистам со капки и пумпица, но пак течи. Си мислам да не е алергиско, надвор не го носев беше ладно, сега 2 дена се шетаме и пак исто е. Ноќеска нон стоп стануваше од што неможеше да диши, на 1 сат стануваше в раце на цице спие, го легнувам станува...
Пробајте со кромидот на спиење.Пола глава расечена на половина јас ставав до креветче.За 3-4 дена плус капки и носе фридата се средуваше.Малку е непријатно ама нам до сега 2 пати ми помагаше.
Ако му тече носето толку време побарај брис да му земат кај нас од бактерија му беше затнато носето на бебето
Мајки предложете ми колекција за сува кожа на бебе 2 ипол месеци и со што ги чиатите таменцата на бебињата? Ќерка ми прилично многу има коса и сега приметив дека главчето се лупи и незнам со што да го исчистам
И мене малата ми е родена со многу коса и теменица појави на околу 2ипол месеца. Еднаш и ставив кокосово масло, стои 2 саата и после бањање со бекутан шампон неколку пати. Вечерта ја измив, сабајлето пак, наредната вечер трет пат, со меко сунѓерче да се истрие, и одма се исчисти. На лицето и се лупи кожата, мачкам со нивеа обична крема по потреба.
bioclin за сува кожа користиме ние и шампон и млеко за тело , за теменца јас ставав масло од фрејзидерм да стои го банјсв и чешлав помина зс една недела .
Бебиња што имале атопичен дерматит од раѓање а се само на доење кога почнавте со дохрана? Малиов ми е 5 мес добро напредува само на доење е. Дерматитот го средив некако со кремава од скендер меѓутоа незнам дали ќе се појави пак кога ќе престанам да го мачкам. Многу ми е страв на можни алергии од храна. Какво искуство имавте вие? Ви се појави ли некаква алергија?
Малата кога ќе ја изнесам надвор на сонце, почнува едното око од околу да и се вцрвува кожата и окцето да и солзи. Ова не се случува цело време но и се има појавено 4 пати до сега. Значи солзење на око и црвенило на кожа околу око. Незнам што би можело да биде...
Моето имаше од 40 дена атопичен дерматит, сега е под контрола подолг период, ако нешто јави одма мачкам со Скендер само 1 и веднаш се губи, со дохрана почнав пред некој ден, 4 и пол месеци е, беше на ексклузивно доење и си напредуваше супер (9300г беше на контрола пред 10 ден) досега нема јавено реакција има пробано, јаболко, слива, банана и ориз, утре планирам морков и така.