Па некаде на 4+ почнуваат повеќе со рацете да фаќаат, иако синко прво со нозе се забавуваше, се со нога буткаше, маваше
Мамички ај совет.Бебушко има 10 дена и од 24 часа, 21-22 спие.Многу се нервирам,постојано читам нешто.Ќе стане,цица и продолжува.Инаку бевме на педијатар рече дека напредува,мочка,кака нормално.Ама дали е нормално волку да спие? Дека за првото ред не можев да фатам,сега ми е страв..
I jas nz eve 3 veceri po red zaspuav i sinjoka od 11 vo 5 se razbudi me fsti kako strav i zadcinoka vo 9 zaspa vo 3 moze da sed8 yolku bez cicanje 4 meseci ima
Биди среќна што е така, има деца и постари што не спијат толку. Мене малата ми станува само еднаш ноќеска од помалку од 3 месеца, оваа недела дури два пати и не стана воопшто од 9 вечер до 9 сабајле. Ако е гладно ќе стане. Само првиот месец мора да се буди бебето за цицање, за да убаво напредува. Понатаму сами стануваат кога нешто не им чини, ама од околу 12 недели и 6 кила тежина се способни да преспиваат ноќе без станување.
Така е обично првите недела/две, ќе смени набргу, тогаш ќе ти фали овој период. Еве мојата денес месец направи повеќе е будна од што спие, а на почеток исто ко твоето.
Јас моето не го будев ни првиот месец па одлично напредува ше ако му се јаде ќе пие млеко ако не ништо не се може сосила
Повеќето бебиња имаат жолтица, па се препорачува да цицаат на два саата за побрзо да им помине. Ама ако бебето си е во ред, и од прв ден самото спие подолги периоди, се согласувам дека нема потреба да се буди. Мене ми препорачаа да ја будам заради жолтицата, ама самата стануваше 3 пати ноќе првиот месец.
Сам ќе почне да се превртува,не се секирај. И моево плачеше на стомак,па сега чим го легнеш за секунда се превртел.Играчки и се живо фаќа и држи во раце. 4+ сме
Мајки има ли скок на 6 месеци? Поточно не знам дали е тоа ама бебе ноќе се буди најмалку по 10 пати..само што ќе си мрдне или ќе се сврти и се буди плаче..по цела ноќ не спијам само ја преуспивам еве неколку ноќи по ред..а се изморува преку ден ја шетаме ја играме..некој со сличнп искуство?совет..?
Ако се буди на 2.5 саати и цица убаво, мокри пелени на 3 саати и напредува тоа е супер. Ако не мора да се буди за цицање на 2 саати и навечер на 3. Мене, мислејќи дека си цица а тоа било недоволно многу успан ми беше и на две недели ми дехидрира. ... внимавај на тоа лесно дехидрираат
Ниту еден скок не осетивме до сега. Си мислев џабе ја симнав апликацијата. Овие два дена сме влезени во четвртиот скок и ми наплати за претходните три што ни киднаа Цело време мрда прета кенка навечер и се буди. Денски со триста маки заспиваме, а до вчера сам во релаксатор си заспиваше. Гледам дека овој е најдолг и пишува дека ќе трае уште 35 дена?!? Прашањето ми е до тие што веќе го поминавте, низ цел скок се кенкави, да се наоружам психички дека вака ќе е месец дена, или само одредени денови мачни си имаат?
Ние сме на почеток пд 4ти скок и малку истражував и пишува дека 17та недела е страшната. Значи енос иде Ајде некој со искуство да не упати
Ништо. Апсолутно ништо. До 38.2 ништо не се прави. Расоблечи го да не ти облечен повеќе од што треба.
Фала ви го расоблеков и така мерев голо,си цица се смее весел е,само многу се лигави и рацете во уста му се
Мајки а што значат стврднати гради кај новороденче? Од денес го приметив,црвени му се и тврди поткожно?