Мајки, дали им давате вода да пијат на вашите бебиња? И колку мл? Моето бебе е на ад, има 4+ месеци, не знам дали може водичка да и дадам?
Можеш да дадеш за почеток по неколку лажички и постепено да наголемуваш, малата ми е 4 ипол месеци и давам еднаш до два пати на ден по 3-4лажички.
Се надевам...денес забележав и пообилно крварење кај мене во однос на минатите денови,па може има врска и тоа
Почна да намалува со какање. Вчера какаше обилно само еднаш. До вчера пет шест пати на ден и беше полна пелената. Знам дека треба да се редуцира али ми е некако шубе. Бигаја и давам уште секој ден. Мокри често секоја пелена е мокра, а ја пресоблекувам на три саати ради проблем со црвено газе. Вака ли беше кај вас? Денес точно три месеци полни. Влага во четврти. Колку е само ова брзо
Растат лета времето... Ние сме 4+ Кај нас е различно какањето се уште, некој ден по 4 пати, некој само по еднаш, а се случува и по 3-4 дена да не кака
Додека не им помине би требало, ама педијатарот ми рече дека ако цица на помалку од 2 саата преку ден и станува неколку пати ноќе не мора да се буди. Јас ја доев така додека си се будеше сама често, на 6 недели почна да станува само 2 пати ноќе и не ја будев почесто од тоа. Жолтица имаше скоро до 2 месеца. Можеби ќе беше и побрзо ако почесто доев, тоа е поентата.
Е нема врска доењето со тоа и јас мојата ќеркичка ја доев како тебе па жолтицата помина за една недела
Така ми беше кажано од 2 педијатри и патронажната сестра. На моето бебе жолтицата и се јави дури после 1 недела од кога си дојдовме дома, а и родена во јануари па немаше многу сонце, што исто така ми препорачаа да ја сончам по 10тина минути, ама ете тоа не можев. Не знам дали тоа нешто менуваше, во секој случај жолтицата е физиолошка, речиси сите бебиња ја имаат, и поминува без проблеми колку и да трае.
и ние исто 3 месеци 6 дена сме еднаш кака обилно после по малце биогаја давам и јас др кста ми рече да намалам пом3 капки и да прекинам после по потреба да давам јас многу менувам памперс има атопична кожа и нон стоп му е црвено газето ми е жал
Мамички ниe смe 4+,не сум била на педијатар поодамна,кажете ми за дохрана знам дека од 5 месеци а за вкусови да пробува кога? Имам закажано на 15мај на вакцина па тогаш ќе прашам а до тогаш да почнам со вкусови да пробува или не ?
Мамички прашував и претходно за тоа дека малата не ми кака.Има полни 2 месеца, минатиот пат во консултација со доктор на 7 ден и дадовме чепче глицероли и се искака, оттогаш ништо. Многу прди и ужасно мириса, секое прднување е проследено со кенкање и со солзи. Денес еве 5 ден, не сакам да треба пак чепче да давам, страв ми е да не се навикне да кака само со помош. Имала ли некоја вакво искуство да ме посоветува. Инаку сме само на доење.
Јас би ставила прво вакцина,да пројде реакција од неа, па после вкусови. Таман ќе наполни пет,пет ипол.
3ипол месеца е малата, исто е ваква како твоето од околу 2 месеца. И мене педијатарот ми рече дека е нормално, сега веќе едноставно се навикна, нема кенкање кога кака, ама пак е ретко, еднаш до 2 пати неделно. Чепче и имам ставено 2 пати, првиот пат доста и олесна, вториот пат ништо не искочи иако беа поминати 5 дена. Тогаш сфатив дека едноставно нема што да кака, на доење е и се се искористува, добро напредува така да не се грижам. А тоа што мириса лошо кога прди, дури и кучето се трга од неа се навикнавме сите на тоа. Јас пробиотик одамна не давам, едноставно немаше никаков ефект, би ти рекла сок од сливи да пиеш ако си сеуште загрижена. Еднаш испив 2 чаши, до вечерта и мене и нејзе не среди ама пак сметам дека тоа е исфорсирано, се додека кога кака тоа е со нормална боја и конзистенција (значи нема запек), нека си кака кога сака. Полесно за пресоблекување
Смени го памперсот од него му е. Едноставно некои бебиња хемијата на памперс не ја поднесуваат. Пробувај се додека не ја најдеш вистинската. Мене досега никој не ме советувал да прекинам. Имам термин на 25 ревакцината ќе ја прима па ќе прашам. Јас сеуште и витамините од бременост ги пијам по препорака на специјалист.