Кога имаше гтчеви на почетокот почнавме со Еспумисан капки но не помагаа, потоа сменивме на Colief и доста помогнаа во врска со грчевите. Потоа немаше грчеви и престанавме со капки. Така теравме 10 дена во кои бебка си какаше еднаш дневно. После првиот пат откако завршивме со чепче купив биогаја, значи денес 5ти ден како ја користиме. Нема некоја разлика ама ќе продолжам да и давам, се надевам ќе помогне.
4 ипол има. Нашиот ортопед кажа кога че почне да се исправа да го поткреваме ама пак да чујам искуства.
да јас систина одам прашав така ми рече за биогаја, ние промивме вакцина сменав паперс премиум каре користев сега други користам , сега му давам биогаја по 3 капки и витсмини ни смени д со омега јас сега не користам витсмини али треба да користиме за имунитет
Му ставаш перници или сеуште не? Почнав по три гранули Осанит да и давам денес е страшно нервозна и устата ќе си ја искине. Некој со Осанит искуство да има по колку сте давале и н колку саати?Три месеци е, а на упатството пише по осум по потреба.
Уште не му ставам ама гледам се мачи да се усправи и ќе почнам полека. Има ли дејство Осанит помага? Малово има многу мака за да знам дали да нарачам да ми донесат.
Вчера и дадов една пред спиење, стануваше на пола саат нервозна. Вечерва три и дадов и заспа за 15 мин. Еве до сега нема реакција изгледа ја смири.
Моево на 10 мај ќе прави 5м почнав со вкусови минатата недела, откако ја ставивме и втората ДиТеПер вакцина. Досега му дадов јаболче, банана, слива и ориз. Сака да јади, а и голем е, не му стига само млеко додуша после секој оброк цица по пола саат досега нема проблем и си кака секој ден, нема гасови и нема јавено алергија.
Хомеопатско средство за смирување на болката од забите. Германците се фанови на Осанит и редовно се препорачува од педијатар. До сега спие еден саат без да претне, можеби навистина помага.
И твојот како мојава после јадење најмногу цица. Мојава 120 г изеде што е цел оброк и се изнацица како да не видела. Потоа 3 пати лом какана ми се правеше. Ама навика и е. Не е научена дека со лажичката се најала. Што е сигурно сигурно е. Цицето е тука.
Во мкд го има ли? И кај мене рацете и се во устс цело време, цуцлата сама си ја вади за да стави прсти и тоа само на десна страна глода.
Добро е јас си мислев со нас нешто не е во ред. Почнавме со вкусови и после мцкањето цица ко да не цицал со денови. Дури така вознемирено некако, си велам да не си мисли дека готово нема цице веќе штом има лажичка Инаку ние почнавме со зеленчук
Здраво мајки. Дали некоја од вас има правено вежби на бебе за врат/глава? Синко главчето на полни 4 почна да го држи (сега има 5) уште не му е стабилно ама добро е, меѓутоа некако наведната на десно ја држи баш денеска го носев кај матичната ми рече вежби да му правам но не ми кажа какви а на ортопед во јуни ќе има слободни термини. Пред 2 месеци кога го носев со сомнеж за тортиколис ортопед го прегледа и рече нема ништо ќе се зацврсти. Ако знае некоја од вас некои вежби да ми каже. Благодарам.
Јас и правев за вратчето на 3 ипол месеци оти не се креваше. Т.е си се креваше ама кога бевме на здраво бебе кога и подаде др рачиња бебе се дигаше со гз, а не со глава и тело во седечка положба. Па ја нарече дебела и мрзлива и не прати кај ортопедот во советувалиштето. Вежбите се му го фаќаш главчето со двете раце убаво кај ушињата и му го подигаш така што со брадата ќе допира на телото, го држиш 5 до 6 секунди и пушташ. Повторуваш 5 до 6 пати, на секое преслекување. Е сега не знам дали мислат за истите вежби и колку ме свати вака. Кај нас имаше ефект затоа што по две ндели почна сама да си ја крева главата од рамно.
Те сфатив и тој не ја креваше главата воопшто кога го креваа за рачиња, се туркаше со нозе и газот го креваше хах а главата му висеше надоле. Така до 3 месеци после почна полека да ја крева и на 4 почна да ја држи сам иначе мораше да му биде потпрена на мене кога го држев. А сега не ја држи право туку на една страна наведната мислам дека оваа вежба не е за тоа ама ај ќе пробам. Ти благодарам.
Најбитно е да го оставаш на стомак да лежи почесто дур е буден, на под. Како вежбички: *легнат бебуш на грб да го фатиш убаво за рачиња (сосе зглобчињата) и полека да го креваш во седечка позиција, да остане седнат некоја секунда и полека враќаш назад во лежечка *бебе легнато на страна се врти, малку стиснати ноџиња да не мрда, се поттикнува да крене главче од странична позиција, после се менува страна
Мојава си ја држеше главата од 2 м уште. На сите контроли дотогаш и одтогашн си е се ок. Само еден период не знам зошто така се креваше со гз и нозе. Како и да е и помогнаа вежбите. Инаку право си ја држи, така да сигурно друга е вежбата за вашиот проблем. Ставај го на меше да вежба и да се јача дур не појдете на ортопед кој најубво ќе ти каже што како.