Јас давав и сум презадоволна. И јас прочитав упатството, но доволно беше само навечер, неколку пред легнување. Не гледав на саат ниту па секој ден исти број гранули. Едноставно го следев детето и според потреба дозирав и темпирав. Средното беше страшно кога вадеше петки, се будеше со хистерични вриштења. Со саати од полноќ до сабајле со плачки. Нејзе и помогнаа едни други хомеопатски за подобро да спие. Витамин д12 мислам беа.
Ќе го легнеш на грб. Со дланките ќе ја фатиш главата од двете страни и ќе ја влечеш, навалуваш главата на лево за да се истегнат мускулите на десната страна на вратот. Ќе броиш до десет по 6-7 пати на ден. Оваа вежба е баш за тоа, се надевам дека добро ти објаснив.
Јок. Нарачај по некој што иде да ти донесе ќе ти се најдат. Кај мене тоа го прави еден месец али сега е страшно нервозна, така да уклучив гранули. Овие ми ги препорачаа плус ако имаш искуство со нив: Virbucol Zäpfchen kann ich noch empfehlen, Sind pflanzlich und von der Bahnhofs Apotheke gibt es auch ein zahnungsöl (hab ich allerdings noch nicht verducht)...Camomila Globuli können auch helfen.
Мора да правиш една вежба, во спротивно ќе мора да оди на физикална. Јас го спасив бебето од фиизкална со тоа што бев многу упорна. Не може вака никој да ти ја објасни на пораки вежбата, мора доктор да ти ја покаже, за врат станува збор. Причината за држење на една страна е најчесто што на иста страна го држиш во раце кога ти е легнато бебето. Колку побрзо почнеш со вежбање, подобри резултати ќе има.
Дали ги масирате бебчињата со масла на база на лаванда или еукалиптус, или нешто друго со смирувачки ефект? Многу немирно спиеме овие неколку дена, се мислам да пробам пред спиење, можеби ќе му се подобри квалитетот на сон.. @FreeMind грануливе ги нарачав преку баба и дедо од таму, по колку се внатре и како ги даваш? Ќе ми стигнат две пакетчиња?
Досега не сум масирала, не сум ни помислила на такво нешто. Пробај, ама гледај да е природно, не парафинско масло со мирис. Иначе пазете со Осанит. На членка од форумов малата и покажа алергиска реакција на гранулите. Можеби помагаат, можеби се природни, ама имајте ги предвид несаканите реакции. @mal.ecka може да каже повеќе за нејзиното искуство со Осанит.
Што да кажам Си имам работа со бебе плачка,бебе кое се буди по милион пати ноќе. Некогаш плаче по 2-3часа хистерично се додека не се умори и заспие. Препишав на заби и ајде спас најдов во осанитот. Литав,гуглав и со страв дадов. Утрото ги чешаше очината,плачеше,беше нервозна.Потоа и потече десното око,речиси и се затвори и се иссипа со мозолчина околу окце. Следуваше капки за очи,сируп за алергија и се смире. Осанитот во канта. Кај имам јас среќа ноќе да се спие мирно @gjoker4e тоа беше единствено ново кое го дадов.Матичната е сигурна дека е од него.
Јас јадев минатата недела и не забележав некоја промена кај бебо. А баш вчера ми кажаа дека можно е да исфрли алергија од патлиџан, јагоди... И јагоди јадев ништо немаше на газето. Бебо вчера прв пат се преврте сам од грб на меше, и еве денес само тоа прави Веќе нема оставање сам на кревет Осанит земав и јас 2 пакетчиња, па ќе видам дали и по колку ќе му давам. Ги земав за секој случај.
Не го мачкај со еутерични масла тие и во бременоста се забранети. Тоа не. Иначе од вчера ситно играме низ стан нервозна у пичку матер. Само ги тресе нозете, рацете и главата лево десно. Тупаница во уста врби наваму натаму лиги скроз е водена. Уклучив маст за заби осанитот кај моево не ме импресионираше. Исто како капките за грчеви, не успеа да ја смири. Од денес и ги мачкам и тријам забите со хемија го има и овде мислам https://www.google.de/search?q=dentinox gel za bebe&client=safari&hl=en-de&prmd=inv&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwje2_j64frhAhVGUZoKHYAlDfMQ_AUoAXoECAwQAQ&biw=375&bih=553 Денес сум задоволна, утрово и ги намачкав и заспа веднаш. Потоа да не ја дрогирам ја оставив без него и цел ден има силен немир ја избањав рано, ја намачкав сега и веруваш или не додека ја мачкав заспа. Така да ова помага. Од Осанит алергија хмм. Девојчето треба да им испрати информација штом така на фирмата. Фирмата има наведено дека нема неаакани дејства и ако некој матичен е сигурен од осанитот треба да ги извести. Германците се фанови на осанит и да имало реалција сигурно ќе било вметнато во упатството досега. Две за почеток ти се доволни. Има внатре доволно, а се дава по потреба. На упатството пишува осум наеднаш. Али јас секогаш давам по две три на прва.
Јас од почеток. Плус алергија не се пренесува преку бременост и доење, исклучиво ако само ги внесе подоцна. Од млекото зема само витамини и минерали.
Добра идеја. Колку пати на ден го мачкаш? Му никна уште некое запче? Колку е тешко ова да се гледа со кои нерви ќе се истрпи до крај не знам. Психички паѓам, ме фаќа на кондиција. Маливе се борци невидени како животните ги боли и стискаат заби, а не како нас еден заб цела церемонија.
@Watermelon96 Можеш да одиш на физијатар всушност овој ''проблем'' е за на физијатар, ние имавме појачан тонус со физикална, вежби и масажи се среди и уште веднаш покажа резултати. Јас сеуште секој ден и правам вежби и на контрола сме средина на месецов. Мој совет ти е да си направиш термин на физијатар да ја прегледа и да ти каже вежби ако има потреба и од физикална подобро додека е помало полесно се регулира.
Два пати,ретко три пати. Уште му нема искочено но ептен се мачи,па јас ќе го намачкам и ќе го чешкам по непцата он ужива. Овие два дена е во фаза на заби и да се исправа сам а ни едно од двете не му успева и сме хаос. Денес беше кафански човек уживаше беше мирен а и он ручаше на маса Маливе се борци а ние паничари живи. Завчера кренав паника за температура 37.5 и вчера го однесов за крва слика и брис од нос Крвната слика искочи идеална а брисот ќе видиме утре. Среќа лабараторијата и педијатарот ми се пред зграда,зимам дете во рака и носам. Маж ми вика вчера да се средиме таман ќе пркне една година да направи и уште едно набрзинка. Мислам ќе го убиев со поглед.